RE: Хистероскопија (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Хистероскопија (11.9.2014 12:33:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: scared

Тука најдов ценовник од плодност ама нема за 4д ехо најубаво прашај ги, пиши им на маил јас имам прашувано одма ми враќале [sm=smiley1.gif]
Е сега гледам за офис хистероскопија стои цена 12000 [sm=zmeden.gif] а гледам и ХСГ 7000 што е доста скапо за разлика од систина каде што е 4000 [sm=zmeden.gif] веќе налет со ова давање пари по приватниве [sm=smiley13.gif]

administrator: надворешни линкови не се дозволени, остануваат за информација на модераторот


офис хистероскопија е 7000, а ако сакате анестезија 12000 (некои пациентки биле нежни на инструментите, наводно не ги поднесувале), така ми кажа докторот. За другиве цени не знам зошто е така, ХСГ во Систина е поевтино, баш налет давање пари, кога имаш мака ќе се оддадеш од пари требало-не требало [sm=zmeden.gif]




Hopeful RR -> RE: Хистероскопија (11.9.2014 13:35:18)

Е значи стварно претеруваат со цениве, преголеми разлики од едно до друго место. Штом 4д во Систина е 2000 ден., направи го таму заедно со уште едно ХСГ, а офис хистероскопија во Плодност, без анестезија. Не ми се верува дека тоа до толку боли... Така вкупно цела дијагностика би чинела 13.000 ден, што е пак многу, ама ајде да речеме подносливо. Додуша, ако се ок резултатите од ехото и хсг-то, може нема да мора ни офис хистероскопија... Loveable Me, а да да се консултираш со Лазаревски или некој друг, некако почнав стварно да се сомневам во проценките на Димитров. Не да те пишманам, ама малку непрофесионално ми делува сето ова. Не може да има различен пристап на државно и на приватно.




Melanija RR -> RE: Хистероскопија (11.9.2014 13:37:56)

Hopeful јас правев лапаро и хистеро кај др.Трајковски през предхона терапија ,значи може.Ете на LoveableMe RR и рекол може следен циклус.Најдобро е СЕ да се направи пред ИФВ. Незнам за офис дали воопшто исто се гледа.
Ако не се дијагностицира на интервенцијата ништо од следен циклус може се да се прави.
И мене на ХСГ метка ми рекоа ок,др.Трајковски виде дека може има ,и на крај установи дека нема но за каналите лапаро пак обратно од ХСГ.
LoveableMe RR мое мислење ако можеш се да средиш со др.ТРајковски воопшто не се мисли[sm=smiley1.gif]

Едит: јас имав дупка под папокот и на левата страна над коската.Лесно и брзо закрепнување со една ноќ на ГАК
4Д не сум правела незнам колку емеродавно,но лапаро со камера по мене е највидливо и веднаш се интервенира




Hopeful RR -> RE: Хистероскопија (11.9.2014 13:56:37)

Melanija, скроз се слагам дека ако се прави, во случајов најдобро е кај Трајковски, со одложување на ивф за месец дена, веројатно. Но сепак, можеби треба уште некоја дијагностика во случај стварно да нема потреба да се прави, може со која било од овие три постапки. Инаку јас примав терапија исто како scared, и не ми направи проблем.




LoveableMe RR -> RE: Хистероскопија (11.9.2014 13:57:46)

Постапката офис хостероскипија, која е новина, се прави без анестезија без терапија, амбулантски после циклус и тука се утврдува дали има промени и дали има потреба од интервенција, а може со неа и за помали работи да се интервенира, така што точна е и прецизна метода, а спасува од многу неволји.

Кај мене ХСГ-то е чисто, на 4Д има нешто мало многу што се гледа како наводна преграда, сега првпат ми кажаа, но не мора да значи дека ќе претставува проблем за забременување. Ок, ќе соберам мислења и ако мнозинството мислат така, сум да направам хистероскопија на ГАК, ама не знам зошто и лапаро ми беше предложено од др. Димитров, кога начелно уредна е ситуацијата, а Трајковски ми рече, ако сакаш не мораш, значи ако сакаш да бидеш мирна, само хистеро?[sm=zmeden.gif]

Во секој случај наскоро морам да решам, ако не одам на ИВФ со супрефакт во понеделник, ќе морам да правам хистеро на следен циклус.....фала ви на сите на советите, штом добијам ново мислење и што ќе решам, ќе пишам пак.....

Да додадам, не е дека нејќам да правам и дека бегам од хистеро и што друго треба, но не сакам да се изложувам на дополнителни зафати ако не треба, тоа ми е поентата, само ми треба точна стручна потврда што треба да правам...белким ќе ја добијам....[sm=zmeden.gif]




gina -> RE: Хистероскопија (11.9.2014 21:45:52)

LoveableMe ako treba da pravis histeroskopija prvo pravi pa ivf mene mi e maka sto dosega nikoj ne mi rekol da pravam i mene malku ce mi se odlozi ivf ama toa od denes pocnav da pijam kapsuli Danasin 3x2 i se odluciv da pravam kaj Lazareski sto e skapo skapo e neznam kako ce izlezime na kraj ama ce se pomacime[sm=duda.gif]




LoveableMe RR -> RE: Хистероскопија (12.9.2014 14:38:22)

Eве ме мене пак, др. Трајковски ми потврди дека превентивно подобро е да направиме хистероскопија, па и да нема ништо, да бидеме на сигурно. Рече трае 10 мин и нареден или после тој циклус да почнам ИВФ.

Јас ќе побарам уште едно мислење, па на крај да бидам начисто, бидејќи никој не е одлучен дали да се прави, само наѓаѓаат и тоа некако ме нервира, но веројатно не можат да ми кажат поинаку. Овие денови така сум малце ко замаена, несреќна не знам кој пат да го фатам, па исчекувањето за во следниве месеци и така....нашата борба очигледно е тешка, а вие девојки навистина многу ми значите сите, вашите совети искуства и препораки во овој период ми се со непроценливо значење.[sm=smiley1.gif]




Kvisko -> RE: Хистероскопија (13.9.2014 13:19:22)

Сите нагаѓаат зашто никогаш 2 и 2 не се 4 кога се работи за неплодност. Ако има им најмала доза на сомнез подобро е да се отстрани пред да се оди со постапката отколку после тоа да ти биде жал.
Верувај сите се чувствуваме како лабараториски глувци понекогаш и лекарите од еден до друг преглед менуваат мислење ама тоа е затоа што се премислуваат и тие гледаат нови работи и слично.
Хистероскопијата не е ништо страшно и опоравувањето не е проблем.
Лапароскопија можеби ти предложил за да види дали се јајцеводите ОК (да не има хидросалпинкс иако тоа би можело и на 4Д да го види).
Направи обавезно хистероскопија бидејќи ти ја препорачал и лекар што работи на ГАК каде не е до земанње пари. Офис лапароскопија не ми е нешто привлечна освне ако си ептен против анестезија.
За лапароскопија си секако дома истиот ден а може да се прават и поголеми интервенции ако навистина се открие септум. Анестезијата не е проблематична и интервенцијата стварно кратко трае (Трајковски ги враќаше во шок соба псоле 15 минути двете жени што беа пред мене).

Со среќа




LoveableMe RR -> RE: Хистероскопија (13.9.2014 13:44:24)

Женски, еве ме мене пак, се вратив од кај др. Таше во Плодност, човекот ми посвети 45 минути, детално ме гледаше на две еха, плус со еден друг апарат во две различни соби и ми кажа дека немам септум и дека е ова нова мода кај докториве во Скопје нон-стоп сечат, праватхистеро-лапароскопии и дека секоја втора жена ја наоѓаат со септуми, прегради и сл. Рече дека е уредна матката и јајниците и рече ќе прекинам да работам одма, ќе затворам фирма ако некој ти тврди дека имаш септум/преграда.

Ми рече да права ИВФ, ако случајно не успее, тогаш ми препорача scratching, гребење на матката тоа е нова метода, со која се зголемуваат шансите за забременување, иако тоа не е 100% сигурно дека со таа метода после сигурно се останува бремена,но се зголемуваат шансите. Тоа се прави кога ќе заврши циклусот трае кратко постапката, како хистероскопија слично и се оди дома Она што е добро е дека со таа постапка со гребењето, се активира имуниот систем на организмот, ја обновува матката и на тој начин се зголемуваат шансите за успех.

Е сега бидејќи мене ваучерот ми е до 3 јануари, а ако правам гребење на матката ќе треба да паузирам уште два циклуса, ќе ми дојде ептен кнап за искористување на ваучерот и се мислам што да правам, да не го изгубам...како и да е, наскоро треба да решам...девојки фала ви мнооооогу на сите што ми помагате, штоси разменуваме искуства, не знаетеколку ми значи овој форум [sm=bravo.gif]




Melanija RR -> RE: Хистероскопија (13.9.2014 14:12:32)

LoveableMe RR штом тој тврди дека нема ,треба да е така.

Ова за нов метод за гребе на матката ми е ок ,но сепак модерна медицина па навистина се смислиле. Јас лично не би се нафатила на чепкање на матка, друго е хистероскопија па и ако треба некаква интервенција.Може не ми се допаѓа бидејќи звучи грубо и не неопходно.

Секако твоја е одлуката, и знаеш имаш поддршка [sm=bravo.gif]




Hopeful RR -> RE: Хистероскопија (13.9.2014 15:02:54)

Loveable Me, убави вести! [sm=smiley1.gif] Верувам и јас дека е така како што вика, и дека модата во Скопје за септуми е се поинтензивна. Да беше за парите, и во Систина ќе ти речеа дека имаш септум пред првото ивф. Како и да е, јас би ти предложила друго нешто - зошто да не го направиш ивф-то кај него, во Плодност? Ми се чини дека професионално постапил со тебе, совесно и искрено, плус и ти се посветил, како што викаш. За ивф треба да имаш доверба во докторот, а не да се сомневаш за неговите намери... Не знам, да не те пишманам, но ете, чисто како опција.

Инаку ова со гребењето го прочитав случајно, и ако се мисли на истото, се работи за благо гребење при ЕТ. Односно, при самиот трансфер, се загребува малку ендометриумот за да се поттикне имплантацијата, и се покажало како успешно. Не знаев дека и кај нас се прави. Оваа постапка оди заедно со користење т.н. EmbryoGlue, некоја смеса со хијалуронска киселина која исто така помагала за имплантацијата. Овие податоци ги најдов како дел од едно онлајн предавање на еден германски специјалист, кој покрај овие фактори, ја наведе баш и хистероскопијата како постапка која се покажала дека го зголемува процентот на успех. Немаше ни збор за септум, туку во контекст на буричкање низ матката, што иако не е јасно што прави само по себе, се покажало дека доведува до успешно ивф. Добро што го спомна ова, баш сакав да го пишам независно од темата.

Што одлучи сега, ќе правиш или не? Од нас ја имаш целата поддршка што и да одлучиш, тоа знаеш [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]
[sm=smiley31.gif]




Kvisko -> RE: Хистероскопија (13.9.2014 15:20:29)

Тоа со гребење на матката не е воошшто нова метода се виак киретажа. Се прави и при збортуси и како дијагностичка постапка и како помош за подобро обновување на ендометриумот. Не ме прашувајте како и зошто знам еднаш една матична која ме зезна со се друго ми се праваше паметна па ми објаснуваше.

А загребувањето односно сецнувањето ан матката при ембриотрансфер веројатно е нешто сосема друго. На ГАК кога одев за инсеминации на една пациентка што чекаше со мене и правеа некое засекување на матката ден-два после инсеминацијата наводно помагало за подобро прокрвување на еднометриумот и олеснувало имплантација.

LoveableMe сега имаш материјал за вагање и знам дека ќе ја донесеш најдобрата одлука за тебе и твојот партнер.




lolla RR -> RE: Хистероскопија (13.9.2014 16:46:00)

Vo stranstvo cepkanje po matkata bilo kakvo e krajno nesto a kaj nas ispadna preventivno. Za ivf se iznacitav milion upatstva od svetski kliniki i nikade ne se preporacuva grebenje toa ke e nestl novo. Milo mi e sto ispadna deka ne treba hsc sega teraj si so ivfto kade i da se resis. Mada jas mislam deka se e srekja i da se ima dobar embriolog no sekako i tim zad niv. Srekjno ajde ovoj pat deka najmalku ocekuvas ke bide pozitivnonke vidis




Felly RR -> RE: Хистероскопија (13.9.2014 18:02:19)

Ете добри вести, LoveableMe RR, штом докторот делувал толку сигурно, и јас би му верувала. Се надевам дека нашите рингерајки ќе ти помогнат со своите мислења за полесна одлука, а и од мене ја имаш поддршката.[sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Хистероскопија (14.9.2014 21:04:19)

Женски фала ви, не знаете колку од овој форум научив и секогаш се чувствувам како дома со вас бидејќи најубаво ме разбирате и со вас можам да споделам и да се посоветувам за она што со други не можам или нема да ме разберат.

За гребењето, тоа не е киретажа туку благо гребење на мал слој да се поттикне обнова на матката, така ми објасни барем докторот и давло резултати тоа досега, иако не било реков, гаранција за успешно ИВФ.

За ехото, беше многу интересно бидејќи ме гледаше на едно ехо во ординација, после ме стави на ехо 4Д за трудници со ТВ екран и(што на ГАК немаат) таму 20 мин гледаше и ми покажуваше како треба да изгледа септум, а дека кај мене е чисто...тоа некако ме убеди дека не треба да правам...се надевам нема да згрешам, а ако згрешам....ке си одам да направам....




sanosan bebe -> RE: Хистероскопија (15.9.2014 12:46:26)

Здраво на сите,

нова сум тука, инаку имам три неуспесни инсеминации, три ин-витро постапка, еден спонтан и се тоа правев во Ремедика. На 12.09.2014 бев на преглед и консултации во Плодност кај др.Таше и и мене ми предложи ,,гребење“ на матката па потоа повторен обид за ин-витро. Убаво ни ја објасни целата постапка меѓутоа колку повеќе читам за овој метод имам се повеќе недоумици. Некаде по форумите прочитав и мислење дека по гребењето може да се оштети ендометриумот и да се создаде сериозен проблем. Ме интересира дали некој друг го правел ова досега во Ремедика или Систина?





LoveableMe RR -> RE: Хистероскопија (15.9.2014 12:53:15)

Баш и јас тоа сакав да прашам, дали со овие хистероскопии и гребење матката добро зараснува или има ризик во иднина за можна појава на ЦИН и покомплексни проблеми со матката?




Hopeful RR -> RE: Хистероскопија (15.9.2014 13:14:36)

Кај хистероскопијата нема проблем за зараснување и одма после тоа се воспоставува нормален циклус, но за гребењето не знам. Знам за киретажата дека може да го скрати каналот на матката, па тоа да претставува дополнителни проблеми при износување на плодот, а за ЦИН не знам.




LoveableMe RR -> RE: Хистероскопија (16.9.2014 11:42:02)

Деновиве случајно дознав информации за две мои пријателки на кои одредени доктори познати ИВФ стручњаци и покрај тоа што виделе септуми, дозволиле на едната да направи 4 ИВФ без да им препорачаат дека треба хистеро-лапароскопија, а другата запушени јајцеводи и септум и направила исто 1 ИВФ, нормално неуспешни кај двете пријателки.

Потоа смениле доктори и сега им е направена операција и се во подготовка за ИВФ. Муабетот ми е ако се видело нешто при ехо/ХСГ, како можеле да ги третираат без ИВФ и да не им препорачаат барем хистеро-лапароскопија. Мислам кај едната 9 септуми, а кај другата запушени јајцеводи и септум се дијагнози утврдени со претходни испитувања и не можам да замислам како така ги оставиле пријателкиве. А и двете се сомневале на нешто, но не биле упорни да побараат друго мислење. Затоа, еден мој доктор порано викаше слушај го срцето и умот, ако ти кажуваат нешто, по тоа води се.




Hopeful RR -> RE: Хистероскопија (16.9.2014 12:16:00)

Страшна работа. Комплетно наопаку, како да облечеш хулахопки врз чевли.
Жално е што многу пациенти и не знаат дека септум се третира, дека хистероскопија и лапароскопија се пожелни пред ИВФ ако има индикации за тоа. Добро што ние тука разменуваме искуства и ги знаеме овие работи, но има уште многу повеќе што немаат пристап до вакви информации, а докторите не знам со кој памет работат...




Melanija RR -> RE: Хистероскопија (16.9.2014 14:30:11)

Ќе бидам сурова сите клиники зинат за пари од фондот и огромен процент од лекари ама баш им е гајле за успешноста на ИФВ-то[sm=smiley13.gif] кој им брои каде јавна статистика по име[sm=smiley35.gif]




Kvisko -> RE: Хистероскопија (16.9.2014 19:23:04)

Мојата другарка имаше 4 неуспешни ИВФ-а. Подоцна Димитров и предложи хистероскопија и најде септум. Неговиот одговор бил дека не секогаш се гледа се на ехо.
Кај нив имаше машка неплодност па нико со неа не се замарал нешто посебно. И така и така како што кажа Меланија си земаат пари од фондот.
Еве тука пример за таква несовеснот е Gina.




LoveableMe RR -> RE: Хистероскопија (16.9.2014 19:49:52)

Да, не секогаш септум се гледа, точно но пострашно е овие што виделе а не предложиле....едниот најпознат кај сите рингерајки, другиот со највисок процент на успешност во постапките....




Melanija RR -> RE: Хистероскопија (16.9.2014 23:18:50)

Хм па баш познатите би инсистирале на приватно лапаро и хистеро [sm=zmeden.gif]




Kvisko -> RE: Хистероскопија (17.9.2014 10:18:55)

Не баш. Другарка ми 4 ИВФ истера баш кај познат. Каѓав и претходно истиот случај како Gina. Се работеше за машка неплодност и за неа сите доктори не бараа ништо посебно.
Испадна дека требало.




Страница: <<   < Претходна страница  23 24 [25] 26 27   Следна страница >   >>