RE: Хистероскопија (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


lady7 -> RE: Хистероскопија (16.3.2015 23:43:56)

Zavrsiv so histero deneska, se pomina vo najdobar red. Mi rekoa da zimam ciprinol tableti, ama ne mi kazaa kako da gi pijam i od kolku mg da zemam, da ne zimal nekoj vakvo nesto po terapija? Ako zimal ve molam kazete me mi kako gi pievte.
Pozdrav




Baby12 -> RE: Хистероскопија (18.3.2015 15:18:46)

Dechki a mozno li e pred dve godini da ne mi vidat nishto na hsg snimkata a sega vo sistina da mj vidat na 4d eho supseptum i edna poshiroka pregrada poradi shto i me operiraa.Me machi misla da ne me lazele vo sistina.Ama pa i ne nastojuvase doktorot tamu da me pravi,mi rece slobodno sa odam na drzavna pa posle da odam kaj nego.




bitolcanka82 -> RE: Хистероскопија (18.3.2015 16:44:44)

Baby 12 и јас исто како тебе ХСГ правев во декември и испадна едниот канал не прооден а сега февруари лапараскопски ми ги отстранија 2 те туби и хистероскопски септум во должина од 20мм.А на 4д никој ни го виде ни го спомна септумот.Не се оптеретувај битно ние нашето го завршивме ако и тоа било проблем го отстранивме рачунај чекор поблиску до целта.Позз за тебе и секое добро




scared RR -> RE: Хистероскопија (18.3.2015 16:55:59)

Bitolcanka а зашто ти ги остраниле тубите ако смеам да прашам? [sm=zmeden.gif]




Hopeful RR -> RE: Хистероскопија (18.3.2015 17:09:10)

Можно е, да. Кај мене се виде септумот и на обично ехо, на ХСГ па ептен, но знам за случај каде што докторите ја убедуваа девојката дека нема септум, се додека не направи хистероскопија надвор од Мк и излезе дека има, и тоа прилично голем. Важно хистероскопијата е направена, отстранети се пречките и кај двете, и сега е друга приказна [sm=smiley1.gif]




bitolcanka82 -> RE: Хистероскопија (19.3.2015 7:10:08)

Scared десната туба и на хсг се виде дека е непроодна а на левата имав голем хидросалпингс, со други зборови и двете биле непоправливо оштетени.Пред лапараскопијата се консултирав со повеке доктори и сите беа сложни дека доколку не се во ред тие е подобро да се вадат, кога биле оштетени во голем процент давале вон матерична бременост.




brm_brm -> RE: Хистероскопија (1.4.2015 15:52:16)

Колку чИни хистероскопија во систина?




LoveableMe RR -> RE: Хистероскопија (1.4.2015 15:58:44)


ИЗВОРНА ПОРАКА: весник
...во систина е 51000 ден.


Brm-brm, ова е податок на весник од скоро. Ти треба да правиш хистероскопија? Ти откриле нешто за да правиш?




brm_brm -> RE: Хистероскопија (1.4.2015 20:02:52)

Имам два негативни теста после две ивф. Уште при првиот преглед на почетокот лазаревски ми рече имаш мал 4 мм сепрум но не е опасен. Пред второто ивф ми рече абе сега не гледам септум. И сега после второро неуспешно ми рече да ае видиме за месеџ два на ехо за евентуална хистероскопија. Па ке видиме. Ваше искуство?!




scared RR -> RE: Хистероскопија (1.4.2015 20:44:46)

Јас мислам да си ја направиш, ако не е септум ќе се види да не има некоја друга евентуална пречка во матката. Инаку јас правев лани во јуни и платив 45.000, е сега дали е поскапено не знам [sm=zmeden.gif]




brm_brm -> RE: Хистероскопија (1.4.2015 21:19:28)

После две ивф со супее ембриони и тоа овој пат стварно одмарав ништо не чепкав по дома, ќе треба да направам. Докторот ми рече прво на ехо да се видиме откако ќе ми се среди организмот после 2 то ивф. А колку време пред наредното ивф е најдобро да се направи хистероскопија и дали може јули август да сњ прави со оглед дека се летни месеци?!




kapina -> RE: Хистероскопија (1.4.2015 21:24:34)

Brm brm najdobro e pred slednoto invitro da napraves histeroskopija a zatoa dali letoto pravat histeroilaparoskopija mislam oti ne no prasaj si najdobro akp planiras na gak mislam oti ne pravat no sepak kako sto kazav prasaj




SOLE -> RE: Хистероскопија (2.4.2015 9:49:12)


ИЗВОРНА ПОРАКА: brm_brm

После две ивф со супее ембриони и тоа овој пат стварно одмарав ништо не чепкав по дома, ќе треба да направам. Докторот ми рече прво на ехо да се видиме откако ќе ми се среди организмот после 2 то ивф. А колку време пред наредното ивф е најдобро да се направи хистероскопија и дали може јули август да сњ прави со оглед дека се летни месеци?!


brm_brm I mene doctor Petanovski mi predlozi eventualno histeroskopija cisto onaka demek za pogolemi sansi za uspeh za narednoto ivf I mi rece ke ja napravime 1 ili 2 ciklusa pred slednoto ivf, I pravt i vo leto [sm=smiley1.gif]. Ti kade planiras da pravis?




brm_brm -> RE: Хистероскопија (2.4.2015 12:21:47)

Соле јас една иуи и 2 ивф ги имам кај лазаревски па таму и ке продолжам.




Hopeful RR -> RE: Хистероскопија (2.4.2015 13:16:01)

Од се што исчитав на нет за ивф, излегува дека ивф по направена хистероскопија имаат значително поголем успех, дури и да нема индикации за тоа од типот на септум. Никој не знае да го објасни тоа, но веројатно со самата постапка се случува нешто во матката што помага при следното ивф. Па така, мое мислење е дека треба да се направи, и дури мислам дека треба да се бара хистеро и пред прво ивф, но тоа е друг муабет.

SOLE, brm_brm, и двете сте кај добри доктори кои работат по правила и прописи, инаку за жал, има доктори кои прават ивф на ненаправено хсг дури, замислете. Штом ве посоветувале за хистеро, направете без размислување.

Во однос на муабетот каде - јес да е скапо на приватно, но мислам дека професионалноста на Гак потфрла. Не знам дали не им е гајле, дали немаат време и опрема, или се вежбаат на нас, но има случаи во кои не ги работеле целосно хистероскопиите, па морало ревизија, не ги ваделе до крај септумите и слично. Само заради тоа јас ја направив мојата хистероскопија на приватно, да бидам сигурна дека е направена како што треба. Плус муабетов дека не ги правеле на лето... глупости! На приватно се прават во секое време, и докторите ротираат за секогаш да има барем еден ивф специјалист на располагање.




brm_brm -> RE: Хистероскопија (2.4.2015 13:26:00)

Houpfull потполно се согласувм со твојот пост. јас имам 2 ивф неуспешни и сум решен за хистероскопија. можеби требало веднаш после второто меѓутоа претпоставувам дека докторот не сакал да ми ствара нервози трошоци затоа што сметал дека немам индикации за тоа.




LoveableMe RR -> RE: Хистероскопија (2.4.2015 15:46:48)


ИЗВОРНА ПОРАКА: brm_brm

Имам два негативни теста после две ивф. Уште при првиот преглед на почетокот лазаревски ми рече имаш мал 4 мм сепрум но не е опасен. Пред второто ивф ми рече абе сега не гледам септум. И сега после второро неуспешно ми рече да ае видиме за месеџ два на ехо за евентуална хистероскопија. Па ке видиме. Ваше искуство?!


Лазаревски е прекрасен доктор, но ова е не знам кој пат да третира пациентки со ИВФ без хистеро-лапаро, иако има индикации за тоа, барем досега имам неколку рингерајки и познанички што на тој начин постапил, па откако направија хистеро-лапаро таму или на друго место, следното прво или второ ИВФ дефинитвно е успешно. Нормално, не да се сече ако не треба, ама кај тебе и кај многу рингерајки иако видел нешто, не го третира, стварно не знам што да кажам......[sm=zmeden.gif]




Baby12 -> RE: Хистероскопија (14.4.2015 18:44:19)

Ajde tie shto pravele histeroskopija.Dali naredniot mesec si imavte normalen ciklus?Mene mi dojde normalno se no posle na 13ti den od menstr.povtorno prokrvarev ne mn obilno no me zagrizi.Na kontrola sum duri na 20ti ovoj mesec pa mu pishav mail na doktorot ke chekam i od nego odgovor.




весник -> RE: Хистероскопија (14.4.2015 18:49:26)

sakam da te prasam koga pravese histero i kade i dali se spremas za ivf i koga posle histero e najpogodno vreme za ivf dali znaes? Jas cekam povik od gak za histeroskopija i ako mozis objasni mi podetalno kako odi postapkata.piset_e mi nesto ringerajki...
I kaj koj doktor pravese?




Baby12 -> RE: Хистероскопија (14.4.2015 20:00:35)

имам и поназад пишувано за ова.Во систина правев на 9ти март кај Лазаревски.Неколку дена пред операцијата бев таму ми земаа брисеви од нос и грло,и крвна група ми проверуваа.Им кажав оти сум имала реакција од анестезија па и алерго тест ми правеа.Сестрата ми даде едни капсули да ги пијам од прв ден на менструација до денот на операција.Утрото Треба да бидеш скрос избричена или издепилирана таму доле.Кога отидов за опрерација ми дадоа едно гелче и ми рекоа да се истуширам со него цело тело,потоа одма ми ставија инфузија и по некое време ме однесоа во сала а претходно ми дадоа спавака и едни чорапи надколенки мн стегнати о отворени на прстите.Ми пуштија анестезија и си заспав.После операцијата сеуште бев со инфузија и плус катетар се до наредниот ден.Ми беше малце лошо од анестезијата и повратив неколку пати но болките од операцијата барем не ми беа јаки,онака како слаби менструални болки. Бидејки правев и хистеро и лапароскопија една ноќ лежев таму. после операцијата.После дома уште неколку дена крварев,но ми рекоа да си водам нормален живот.Не се спремам за инвитро конкретно,јас имам направено една инсеминација неуспешна па отидов ка Лазаревски да разговарам за инвитро но на прегледот ми најде преграда и дека просторот ми бил мал па рече не се нафака да мк прави инвитро,а после зафатов големи биле шансите за природно.На операцијата уште една ми нашле и ги извадија и двете.Сега некој месец природно ке пробаме.Инаку со се подготовки за операција една ноќ таму и операцијата(хистеро и лапаро) заедно платив 87 872 ден.




весник -> RE: Хистероскопија (14.4.2015 20:07:59)

Lele Bog neka ti pomogni da nemas trnliv pat do bebe...fala ti za iscrpniot odgovor i srekno!!!




Baby12 -> RE: Хистероскопија (14.4.2015 20:21:14)

Нема на што фала,знам како ми беше мене пред зафатов со триста прашања во глава.Фала ти и тебе исто нека ти даде Господ здраво право бебуле без многу акање по болнициве.




scared RR -> RE: Хистероскопија (14.4.2015 20:28:22)

Јас само да додадам дека катетер ставаат за лапароскопија, за хистероскопија не ставаат. После неколку часа од операцијата те пуштаат. Јас веднаш штом искочив од интензивна нега станав и си отидов во веце [sm=smiley1.gif]




wanna be mum -> RE: Хистероскопија (14.4.2015 22:39:08)

Јас правев хистеро офис- дијагностичка, во Плодност ме чинеше 7000ден, без никакви индикации меѓу 3та и 4та инсеминација и многу сум благодарна што ми предлижи докторот, ми открија една шума полипи цел зид од матката, по 2 месеци терапија бев чиста и по 20 дена останав бремена, после 4 години пробување, за жал заврши лошо поради хематом ама важно хистерото ми ги откри полипите, јас сум ЗА се што не доближува до решението на маките [sm=smiley2.gif]




Melanija RR -> RE: Хистероскопија (15.4.2015 0:09:42)

Јас кога правев лапаро и хистеро немав катетер, не е ништо сложено по неколку часа може да се оди во Вц.МОже но можеби ако има некој индикации и болки па да се стави.Ова кажувам за ГАК




Страница: <<   < Претходна страница  32 33 [34] 35 36   Следна страница >   >>