RE: Хистероскопија (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


scared RR -> RE: Хистероскопија (23.4.2015 20:37:32)

А, што ако е третирано нешто, мислам самиот однос е никаков, никој да не ја извести ни што ни како правеле. Така е со сите а не само со неа. И извештај после 2 недели, молам?
Весник каква индикација имаше за хсц, Лазаревски се сомневаше на септум така? Пиј си ја ти терапијата како што ти кажа он, да не звучам грубо ама овие на гак многу не се замараат и сама си увидела.
И не ја даваат терапијата за регулирање на циклусот туку за побрзо заздравување ако е сечено нешто.




Melanija RR -> RE: Хистероскопија (23.4.2015 22:19:14)

Моето искуство беше интервенција со лапаро и дијагностичка хистероскопија на ГАК.Ми ја правеше др.Трајковски.Утре дента на визита дојде и ми кажа што било и не ми даде терапија.
Значи тоа треба да одреди тој што правел.Весник него да го бараш штом не дошол да те види.Значи тоа е до докторот не до ГАК.




весник -> RE: Хистероскопија (23.4.2015 22:25:37)

E devojki prviot den imav krvarenje ama istece koga stanav i potoa na vloska ama ne me zagrizi...vcera sosema malku...a deneska t.e vecerva imam krvarenje i bolka kako menstrualna a cel den mi bese cista vloskata...aj sega sto da recam neznam...piset_e kolku vreme krvarevte i dali imavte bolki...se napiv analgin...podnosliva e no stomakot mi e oteznat kako za vreme na ciklus..a bidejki bese bez terapija dali za brzo vreme ti se stabilizira ciklusot???
Na gak uporno mi velat ne treba terapija...broj od tofoski nemam...lazarevski povtorno mi vrati cikloproginova nasabajle i estrofem navecer se duri ne gi ispijam...bolkite mi se podnamalija...deneska mi e cetvrt den po histero...krvarenje imam...ne e Bog da cuva obilno no e onaka da ne recam sredno...da ne ima nekoj broj od tofoski...a i lazarevski go prasav kako e toa po sema cikloproginova...pa ne mi odgovori tuku samo rece edno na sabajle se duri ne gi ispies...




scared RR -> RE: Хистероскопија (24.4.2015 17:04:46)

Весник ти уште не си почнала за ќотек си. Не чекај повеќе, циклопрогинова идат по ред, прво идеа белите таблетки потоа кафените и така се пијат. Естрофем се исти сите 28 таблетки. Циклопрогинова имаш 21.




Kvisko -> RE: Хистероскопија (24.4.2015 17:51:39)

Весник јави се пак на ГАК и кажи им за болките. Матката може и да боли зашто се грчи заради гасот со која што ја дуваат.
Ако само еден ден ти траело крварењето тогаш веројатно ништо не правеле.
Јас лани на ГАК правев лапароскопија и хистероскопија и ми дадоа антибиотик заради тоа што ми правеа бушење на јајниците. Даваат терапија ако има потреба.




Celin -> RE: Хистероскопија (25.4.2015 12:54:12)

Zdravo zenski... mi treba pomos t.e. info... bev na pregled vo noemvri kaj mat.gin... mi pronajde septum vo matkata, koj edvaj se glease na exo, me preprati kaj tofoski i tamu isto pokaza.. septumot bese mal ama bese paralelen so gornata granica na matkata... ne se odluciv na histeroskopija bidejki mi bese strav, iako toa mi bese ponudeno... sea otidov da se pregledam pak i sok :( ... septumot napreduva t.e. e baagi porasnat.. gin me ubeduvase kao ne panici ne e porasnat ist e.. ama apla se glea - gi cuvam slikite od minatiot pat i sea... :( patem sega za bremenost mi rece mora da se otstrani, a minatiot pat mi rece ne se plasi i da ostanes ima slucai kaj so ne komplicirale septumite, ama poarno ti e da go izvadis.... mi napravi pap i cekam da dobijam da ispitam hormoni... sea me interesira preporaka na doktor za histero i ceni za gak remedika i sistina i ako e na gak dali mozam da si biram jas kaj kogo sakam, maticnava mi spomna ke me pratela kaj gigo... koj e toj?




scared RR -> RE: Хистероскопија (25.4.2015 14:22:21)

Обавезно да ја направиш хистероскопијата, раснел не раснел септумот мора да се вади. Во Систина ти е 45.000 Ремедика нешто поевтино не знам точно.




nadez vera ljubov -> RE: Хистероскопија (25.4.2015 15:30:36)

jas vo remedika plativ 31000.koga prasav za cena mi rekoja od 15000 do 30000 zavisi sto ce izleze sto ce se raboti




Hopeful RR -> RE: Хистероскопија (25.4.2015 18:17:12)

весник, стварно си за ќотек! Почни да ја примаш терапијата, не знам зошто имаш отпор. Ова е прилично благо и може само да ти помогне, без оглед на тоа дали ти правеле нешто или не. Болките и крварењето не ги гледај како индикација за тоа дали треба терапија или не - еве кај мене имаше смешно малку крварење, а правеа ресекција на септум со метропластика, и примав свашта. Не губи време, најдобронамерно ти викам послушај го Лазаревски.

Celin, и јас сум на мислење дека секој септум треба да се вади, без оглед на тоа дали е мал или голем, а пак ако расте, ич не се мисли. Огромен ризик е да останеш бремена со септум, така што не ти треба тоа гајле. За на Гак не знам дали се бира доктор, мислам не, освен ако не си најдеш сериозни врски. Цените се тие, процени и одлучи како што ти одговара тебе, и со среќа!




Celin -> RE: Хистероскопија (25.4.2015 18:21:37)

A na gak kolku bi me cinelo? ... i jas sum za otstranuvanje ama fufki mi e... samo se razocarav sto septumot raste, razbiram vo bremenost da raste ama ovaka za 4 meseci :( i koj doktor go smetate za najstrucnjak na gak, znam tofoski bese, ama pocina neli?! Bi sakala privatno ama tesko, ke se potrudam da brknam vrskicki ... fala vi




wanna be mum -> RE: Хистероскопија (25.4.2015 18:41:22)

Тофоски стариот може починал,ама син му работи,
Септумот и јас се сложувам треба да се вади ама ме буни што викаш, на сликата се гледа драстично зголемување, тоа не е баш така немој сама да носиш заклучоци,сликата зависи од зумот на матката, може еднаш од подалеку еднаш од поблиску сликале. Димензии имаш?




Kvisko -> RE: Хистероскопија (25.4.2015 19:27:46)

Септумите обично не растат. Со септум се раѓаш и тоа е тоа. Може само како што се здебелува ендометриумот во текот на циклусот и тој да се шири. Зависи во кој дел од циклусот е мерен може да има мала разлика во димензиите не многу.
Инаку обавезно се вади зашто прави проблем во бременост. Јас заради септум имав мисед абортус.
На ГАК цената ќе биде околу 1000 денари. Инаку се бира доктор и тоа преку мој термин. Се закажува консултативен преглед прво па потиа со лекарот се договара што понатаму. Тофоски важи за стручен ама се некаде брза, не обрнува внимание барем кај мене беше такс. Може и беше презафатен. Другата опција е Трајковски на ГАК.
Во Ремедика најтопло го препорачувам Димитров за такви интервенции е закон. Мене тој ми ја правеше интервенцијата и ептен сум задоволна.
За Систина не знам.




Baby12 -> RE: Хистероскопија (25.4.2015 23:14:16)

Jas primav terapija i pak krvarev edno 6-7 dena koga poveke koga pomalku.Odkoga mi dojde posle 13 dena od menstr.povtorno prokrvarev ama mn slabo kafeno crveno uste nedela dena.Ne se plashi normalno e toa Lazarevski taka mi reche.No i jas bi te sovetuvala da gi pies apchinjata.Ne e nikakva shema tuka kako shto ti pishal doktorot po edno na den no vo tochno vreme.Vikaat po shema oti prvite se estrogen a vtorite progresteron.I estrofermog se estrogen kako shto ti pishaa.Jas gi imam pieno i ednite i drugite.




Celin -> RE: Хистероскопија (26.4.2015 14:35:55)

Septumot nekoi gin ne mi go ni primetija... mat.gin na vaginalniot pregled se posomneva pa mi rece na exo da me pogledne i deka matkata mi bila po nakaj kicma edvaj go pronajde septumot... i sea mi iskomentira kao deka sum pred dobivanje i septumot e prosiren... ama problemot e sto septumot so kraevite ne dostigase do bocnite strani tuku bese po sredinata a sea bukvalno niz celata matka, taka da golema e verojatnosta da porasnal bez razlika na zumot... dimenzii ne znaev ni togas ni sega... ama ubavo si kaza gin minatiot pat mozes da ostanes nisto strasno duri i plodot moze da go potisne septumot ako ne dojde do negovo rastenje vo bremenosta, a sea bese odlucna deka netreba da rizikuvam ne ni trebale spontani abortusi i stresovi podobro preventivno da se otstrani :/




весник -> RE: Хистероскопија (26.4.2015 19:06:46)

девојки мои рингерајки...зарем мислевте дека ќе ви побарам совет и дека нема да ги прифатам вашите најдобронамерни размислувања...еве вака...ви пишав дека уште еднаш го прашав и ми го кажа истото Лазаревски и јас си почнав да ги пијам веќе од петокот после четврт ден од хистеро...ги пијам во исто време и ќе си ги испијам па шо сака нека биди :-))))) крварењето ми намали целосно а болките траеја само таа вечер и тоа утро...после земањето на терапијата веќе престана и едното и другото...
За рр која прашува каде хистероскопија????? Еве вака...ако имаш пари не жали и оди на приватно...а ако немаш )немој погрешно да ме сфатиш) бидејќи мојот џеб сега некако е поплиток бидејќи овие наши патишта не осиромашија и финансиски и духовно и материјално затоа бев на гак кај др.Тофоски....значи прочитај погоре имам напишано...после интервенцијата си заминав дома и незнам што ми направил...дали сечел нешто...дали мазнеч нешто ама баш ништо незнам....јас не зборувам за стручност...зборувам за третирање на пациент...има разлика во услугата и тоа како...

а за тоа дали да се вади????? нема размислување...да се вади се што е вишок по секоја цена...и некој доктор да ти речи не мора,не пречи ти да си го извадиш...тоа е олеснување и тоа каква за време на бременост па искрено јас не мислам да се будалам девет месеци дали ќе имам спонтан или ќе немам Бог да не чува сите од лошо!!!!




Celin -> RE: Хистероскопија (26.4.2015 20:36:16)

Da i jas sum za vadenje odkako doznav... imam prijatelka sto imase dva spontani i ne znaeja od sto i se na kraj ispadna od septum koj nikoj ne go zabelezal... ne se stavam na rizik samo sakav da pocekam zosto sum golema prpadzika a i se mislevme dali da ideme odma na dete poso 10 meseci sme vo brak... za uslovite svesna sum kako e drzavno ili privatno za bilo sto da se raboti... sakam privatno kaj dimitrov no vo momentov ne sum vo moznost poso so edna plata tesko e... ako se vrabotam dur traat ispituvanjava ne zalam pari za toa... a i sea ne znae nikoj osven maz mi.. koga bi doznale moite i negovite veruvam bi pomognale, ako ne najdam vrski drzavno za da me tintraat idam sigurno na privatno... vesnik go procitav tvoeto iskustvo ;)




весник -> RE: Хистероскопија (30.4.2015 17:30:00)

devojki aj pisete dali imavte gadenje od cikloproginovata i estrofemot??? mi se gadi skoro celo vreme..neznam sto da pravam...sedmi den gi pijam...nemam sega krvarenje..imam samo kafeav iscedok




srekja 22 -> RE: Хистероскопија (2.5.2015 14:02:08)

Zdravo dechki, ve sledam sekoj den i moram da vi se zablagodaram shto gi spodeluvate svoite iskustva za da ni bide zaedno polesno :-) skoro dve godini ne se slucuva bremenost pa po redosled na neshtata pocnav so ispituvanja i mi bese konstatiran septum na gorniot zid na matkata denovive sto sledat kje odam na histeroskopija so laparo na gak pa bi sakala da ve prasham dali nekoja od vas znae kolku chini na gak intervencijata. Blagodaram mnogu odnapred




весник -> RE: Хистероскопија (3.5.2015 16:59:48)

2200 den na gak




SOLE -> RE: Хистероскопија (4.5.2015 22:14:53)

женски ме интересира колку време после хистероскопијата се вративте во нормала, да прецизирам малку мислам на тоа дали уште истиот месец може да се прави бебе, бидејки читам има терапија после тоа?




Kvisko -> RE: Хистероскопија (5.5.2015 10:38:33)

Sole зависи за што е правена хистероскопијата. Ако имало отстранување на септум на пример тогаш мора да се чека до добивање па контрола за да се добие зелено светло откако лекарот ќе се осигура дека веќе нема септум. Ако е само дијагностичка тогаш нема проблем никаков истиор месец да се пробува.




весник -> RE: Хистероскопија (8.5.2015 16:58:38)

devojki otkako ke gi dopijam cikloproginovata ke mi ostane uste edna nedela da pijam estrofem...sto velite da gi dopivam...imam uste sest dena od cikloproginovata a denes sabajle izbrisav na toaletot krv...ama samo tolku bese...nemam sega nikakvo krvarenje...a ako dobijam treba da gi pijam seuste cikloproginovata????




Kvisko -> RE: Хистероскопија (8.5.2015 20:31:47)

Весник не знам како ти останува естрофем. Јас пиев естрофем и циклопрогинова ама прво завршив со естрофемот (не пиев цела кутија) и потоа ми останаа да ги допијам само прпгестеронските таблети од циклопрогиновата.
Мислам дека се прекинува со терапија штом ќе добиеш. Сепак јави се утре и прашај вака е само на претпоставки.




весник -> RE: Хистероскопија (8.5.2015 21:00:17)

Почнав да ги пијам во исти еден...циклопрогинова насабајле по едно а естрофем навечер по едно...е сега циклопрогинова се 21 апче а естрофемот 28...затоа вака сум збунета.




kapina -> RE: Хистероскопија (8.5.2015 21:09:56)

Vesniktoa tie krvarenje od cikloproginovata no sepak prasaj go dr sto ke ti kaze i ako moze vo pp da mi go pises emailot na dr lazarevski




Страница: <<   < Претходна страница  34 35 [36] 37 38   Следна страница >   >>