RE: Хистероскопија (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Хистероскопија (16.2.2015 16:38:28)

Весник, на направено лапаро, нема пак истото да ти го прават, мислам само хистероскопија би требало, абе се повеќе глупости од ГАК, па човек само приватно за ова да се решни, како не го отстраниле....еве што пишала надеж вера љубов, скоро го правеше ова таму.

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadez vera ljubov

KAPINA koga prasav za cena vo remedika kolku kosta histeroskopija mi rekoa od 15000 do 25000 zavisi sto rabota ima na eho ne se gleda se i posle inervencijata petanovski mi rece imalo mnogu rabota povise nego sto mislev i plativ 31000 vo glavno rece sega e se vo red





весник -> RE: Хистероскопија (16.2.2015 16:58:59)

пак едобро...во систина е 51000 ден.
не само психички товар...се соочуваме и со финансиски товар..тешко...навистина тешко




Kvisko -> RE: Хистероскопија (16.2.2015 18:04:36)

Весник тогаш можени ти правеле само лапароскопија без хистероскопија затоа не го отсраниле септумот.

Инаку хистероскопија е само со вагинална сонда нема дупки нема ништо на стомак и опоравувањето е многу пократко. Знам бидејќи правев прво само хистероскопија за отсртанување на септум во Ремедика. Лани правев лапаро-хистеро на ГАК за стимулирање на јајниците и само да видат дали е се во ред со матката.




Hopeful RR -> RE: Хистероскопија (16.2.2015 19:30:30)

весник, кај мене беше само хистероскопија за септум, без лапаро, и само вагинално. Скапо беше, во Систина ја правев, ама се одлучив за таму баш заради искуства на девојки кај кои на Гак не им го извадиле целосно септумот, па морало по втор и трет пат да одат, што за мене ќе беше стварно премногу. Препрочитај ја темава наназад, мислам дека и тука имаше такви примери.
Види консултирај уште некој доктор, ако не е неопходно барем да направиш само хистеро, не и лапаро. Мада, обично се смета дека е добро и двете да се направат истовремено... Мене пред ивф-то дури и шубе ме имаше фатено дека немав лапаро, па фала богу се излезе ок...




scared RR -> RE: Хистероскопија (16.2.2015 19:48:42)

Весник мене 45.000 ме чинеше хистероскопијата во систина заедно со лабораториските испитувања, брисевите од грло и нос. Скапо е ама кога мора да се прави тоа е [sm=smiley13.gif]




kapina -> RE: Хистероскопија (16.2.2015 19:49:27)

Ne e potrebno mi rekoa histeroskopija nemalo nisto na matkata si bila ista bez promeni kako pred 5 god hormonite mi kazaa oti estradiolot podobro da bil nizok prasav oti da ne me odboijat od komisijata sega zaradi toa drugite hormoni mi bile odlicni fsh 8 i lh3




gina -> RE: Хистероскопија (16.2.2015 23:05:38)

Vesnik i jas pravev histeroskopija pred ivf vo sistina kaj Lazareski i mi e o tstranet septum od 6mm plativ okolu 45 000den so se labaratoriski ispituvanja


e sega koga bev na kontola kaj dr. Petrovska vo sistina mi vide pregrada i bas se zacudiv i kazav deka prevev histeroskopija i nisto ne mi odgovori deka ne smetala a celo vreme Lazareski mi vikase sega matkata ni e super cista e nema nisto i sega ova od kaj izleze neznam[sm=zmeden.gif]




bitolcanka82 -> RE: Хистероскопија (26.2.2015 7:02:20)

Само ако може одговор и јас на почетокот на месецов правев лапаро и хистеро кај Димитров во ремедика отстранет ми е септум во должина од 20 мм по пишувањето на другите гледам дека бил баш голем ама не тоа сакав да прашам како добивате циклус после интервенцијата нормално на датумот малку касни или?




vazna -> RE: Хистероскопија (26.2.2015 9:06:42)

Bitolcanka jas pravev histeroskopija vo noemvri poslem histeroskopijata piev cikloproginova 21 den i si dobiv normalno kako i sekoj mesec tebe ti dadoa nekakva terapija?




bitolcanka82 -> RE: Хистероскопија (26.2.2015 10:10:31)

Mene estrofem 7x1 dnevno I cikloproginova isto 21, samo jas prvo go ispiv estrofemot pa posle pocnav so cikloproginova imam ishte 6 tableti mozi zatoa I ciklusot mi se prodolzi zashto veke trebashe da dobijam ke pocekam da zavrsham so terapijata pa posle mozi ke dobijam




vazna -> RE: Хистероскопија (26.2.2015 10:33:21)

Bitolcanaka koga ke gi ispies cikloproginovata i poslem 2-3 dena ke dobies pozz




Kvisko -> RE: Хистероскопија (26.2.2015 11:34:39)

Bitolcanka82 не се паничи ќедобиеш штом ќе завршиш со циклопрогиновата вака додека ги пиеш не може да добиеш зашто содржат хормони. Димитров е супер за хистероскопии така што ич немај гајле.




SOLE -> RE: Хистероскопија (1.3.2015 10:04:08)

Bitolcanka82 kolku te kostase laparo-histeroskopija vo ReMedika? pozz




bitolcanka82 -> RE: Хистероскопија (1.3.2015 17:38:44)

Соле, лапараскопија + хистероскопија платив 79 100 ден. Ако те интересира нешто друго слободно прашај Позз




bitolcanka82 -> RE: Хистероскопија (1.3.2015 17:45:40)

Прашање за другите РР.Сеуште не сум ја допила циклопрогиновата а добив, имам уште 3 таблети дали да ги допијам или да прекинам доколку имала некоја вакво искуство ве молам за одговор.До вчера се секирав зошто не доивам а сега зошто добив и мене крајот не ми се наога.Позз за сите се надевам имате релаксирана недела [sm=smiley1.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Хистероскопија (1.3.2015 18:45:21)


ИЗВОРНА ПОРАКА: bitolcanka82

Прашање за другите РР.Сеуште не сум ја допила циклопрогиновата а добив, имам уште 3 таблети дали да ги допијам или да прекинам доколку имала некоја вакво искуство ве молам за одговор.До вчера се секирав зошто не доивам а сега зошто добив и мене крајот не ми се наога.Позз за сите се надевам имате релаксирана недела [sm=smiley1.gif]


Битолчанка, функцијата на овие таблетки е таа, и треба да добиеш додека ги пиеш, едноставно тоа се заменски хормони кои ја спремаат матката за да се среди циклусот, не ја прекинувај терапијата ако ти рекле да ги испиеш сите 21 таблети. После 11 таблета составот е поинаков (комбинација на хормони) кои всушност треба вака да си ја завршат работата. Секако дека кај некои пациентки се случува дури и после една недела да добијат, но сето тоа зависи од нивното ниво на хормони. Ти кажуваш дека си пиела и естрофем, така да ова е нормално. Сепак утре е понеделник и секако јави се кај гинекологот, ова е еден брз одговор за денес. Поздрав и секое добро




Neurotoxin RR -> RE: Хистероскопија (1.3.2015 19:09:43)

Малку неточно се изразив со цел да бидам разбрана. Значи таблетите се хормонски заменска терапија, особено кај жени во меопауза или пак кај оние со нередевон циклус. Во твојот случај естрадиолот даден во форма на овие таблети како и естрофемот, имаат за цел да го подготват ендометриумот, за да може да се изрегулира циклусот. знаци на крварење може да настанат додека сеуште се користат таблетите, што во твојот случај е нормално. Сепак не ја прекинувај терапијата денес, а утре јави се кај докторот.




bitolcanka82 -> RE: Хистероскопија (1.3.2015 19:50:05)

Благодарам Neurotoxin, така и ке направам не верувам дека би штетело од 3 веке од утре 2 таблети.Позз




весник -> RE: Хистероскопија (2.3.2015 17:36:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: bitolcanka82

Соле, лапараскопија + хистероскопија платив 79 100 ден. Ако те интересира нешто друго слободно прашај Позз



лелеле а бе зарем толку чини во ремедика....ужас...а бе банкине од нас ќе живеат само...ах...тешко...јас денес бев кај матичниот гинеколог и ми вели за септумот што го имам од 5 мм...а бе само пари сакаат да ти земат...друго ништо...септум до 10мм не правел проблем за ништо...ете така ми рече...а се правело ресекција на септумот најверојатно со хистероскопија...е сега незнам колку чини само хистероскопија во ремедика бидејќи во систина чини 51.000 ден.




vazna -> RE: Хистероскопија (2.3.2015 18:14:09)

Vesnik jas pravev histeroskopija vo noemvri vo sistina i plativ 43 000 den. i mojot septum bese 10 mm pozzz.




bitolcanka82 -> RE: Хистероскопија (2.3.2015 19:13:16)

Весник, баш ја зедов фактурата од Ремедика да ти кажам подетално од вкупните 79 100 за дијагностичка хистероскопија 16 000 ден, а 58 000 била лапараскопијата и 5100 ден материјал испратен на патохистологија.Позз




bitolcanka82 -> RE: Хистероскопија (2.3.2015 19:16:24)

Инаку кај мене хистероскоски ферифициран и расециран септум во должина од 20 мм, кој досега никој не ми го спомнал дека постои дури и на ХСГ не ми кажаа дека го имам.Кај вас како е дијагностициран?




kapina -> RE: Хистероскопија (2.3.2015 20:24:46)

Bozee ova e stvarno mnogu be tolku pari i da gi imam i da gi nemam ne davam na gak ke pominam so 2,3 iljadi den mojata histeroilaparoskopija bese na gak pred 5 god i super pominav i pak ako treba tamu ke ja pravam ako ne se najde nekoj drug problem




Hopeful RR -> RE: Хистероскопија (2.3.2015 22:04:13)

весник, мое мислење е секако да го отстраниш септумот, без оглед на тоа колку мм изгледа дека е на ехо или на ХСГ. Знаат да прават проблеми без оглед на димензијата, а сум чула и дека растеле во тек на бременост, што е дополнително страшно и опасно. Штом го виделе, нека се реши.

Инаку bitolcanka82, мојот септум се виде и на ехо, и на ХСГ, и беше дијагностициран како субсептум, односно класифициран како малечок. Мене на снимката од ХСГ ми изгледаше прилично голем. Битно е и кој доктор како гледа ехо - колку за пример, мојот доктор и виде септум на една моја другарка, друг доктор и гарантираше дека нема, и тек кога направи хистероскопија од трети причини, се испостави дека има, и тоа од 2см...

Тоа дали ќе го оперирам беше оставено на мене, затоа што има случаи кај кои и голем септум, па и дворога матка не прават проблем, ама кој е спремен да ризикува? Јас не бев, разговаравме со мм и се мислевме долго време, но се решивме да одиме на хистеро во Систина, со потполна доверба во докторот. Скапо беше, 750е, но од сегашна перспектива сум пресреќна што го немам - инаку ќе полудев од нервоза да не направи проблем... Сеедно кај ќе се прави, тоа е споредно, но дека треба - треба. Мој совет на сите со септум е - аут [sm=smiley36.gif]




gina -> RE: Хистероскопија (2.3.2015 22:49:52)

jas potpolno se slagam so Hopeful zosto da rizikuvate i mene dosega nikoj ne mi go vide posledno Lazareski i toj sam mi rece ivf ne te pravam ako ne go otstranis odi vo GAK mi rece nemora tuka da pravis histeroskopija ama ete jas se odluciv za tamu
toj ne smeta za da se zabremeni no moze da dojde do spontan pa zosto da se rizikuva malu pari davame za ivf pa skraja da e pa uste toa da se desi i sto sme napravile nisto zatoa ne se mislete mnogu za toa otstanete go




Страница: <<   < Претходна страница  30 31 [32] 33 34   Следна страница >   >>