Hopeful RR -> RE: Хистероскопија (27.4.2016 21:41:42)
|
Капина, не очекувај дека некој со такво искуство ќе се радува искрено на твојата среќа... нејзиниот пат е нејзин, твојот е твој и чувај си ја интимата за себе, не споделувај такви работи со неа затоа што ем на неа и правиш полошо, ем ти се лутиш... А во однос на возраста, би те замолила да не се расфрламе со бројки. Сите овде сме на различни години, возраста е осетливо прашање и реалноста е дека не значи ништо. Има млади девојки од по 20 и нешто години со сериозни гинеколошки проблеми, и постари девојки/жени кои без проблем остануваат бремени и раѓаат здрави прави деца. Имам другарка која на 18 години имаше рак на гради, ендометриоза на 23 и што се не, и другарка која на 43 е бремена со второ по природен пат. Споредба нема затоа што секое тело е различно, а не заради годините...
|
|
|
|