Hopeful RR -> RE: Хистероскопија (18.3.2016 11:10:53)
|
капина, многу ми е мило што си задоволна од др Трајанова, баш те мислев деновиве. Доверба во доктор многу значи, едноставно, да има некој да те држи за рака додека поминуваш низ најтешки моменти и да ти каже сега направи ова, после направи она... Се надевам дека сте се разбрале и дека ќе успее да ја направи хистероскопијата добро, ем за да се отстранат последиците од операцијата на слепо црево кога си била мала, ем за да биде се чисто фино за следното ивф. А ако се се споени слепото црево со матката, како може да ти прават ивф другиве доктори??? Не знам, зборам на памет, може и да не е проблем, ама чудно звучи. А за Лазаревски и ивф-то, почекај, нека се заврши сега хистероскопијата како што треба, па после ќе размислиш кај кого ќе го правиш. Сепак, условите се поинакви на Гак и никако не би ти советувала да останеш таму за ивф, иако Трајанова е топ. За жал, тие им се можностите, не знам ни дали имаат добар процент на успех... Ајде, здравје за тоа, сега едно по едно. Значи, крај на април?
|
|
|
|