blue_blue -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (5.3.2013 9:30:43)
|
Не можев да одолеам да не искоментирам на оваа тема [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Според мене за здравјето на моетое дете не може да бидат одговорни некој си таму „неодговорни“ родители. Никогаш не сум се замарала со тоа кој какви деца носел во градинка, многу повеќе ми смета тоа што во градинката не се почитуваат некои други, за мене поважни правила и што кадарот кој работи таму не поминува низ никаков филтер/тест за стручност и карактер па мора да молиме бога да ни се погоди учителката и да не е неуротична. Моите деца од градинка од учителката научија „идиоти“, „затнете ги муцките“, „ќе ве земе полиција и ќе ве однесам во подрум ако не спиете“, и да не набројувам вакви слични небулози. За здравје и болести и јас сум некако како AnnaMolly, моите идат во градика од 2 години. Првата година се разболуваа секоја втора недела ама ништо страшно, затнат нос, кашлање, streptococcus pneumonia во нос која нашиот педијатар никогаш не ја третирал со орален антибиотик, па некаде зимата имаа посериозна кашлица па едната заврши со пнеумониа, па пролетта имаа некој си стомачен вирус и едната имаше streptococcus pyogenes во грло за која нормално пиеше антибиотик и сега пред два месеци другава имаше воспаление на уво за кое исто пиеше антибиотик. Ама мене тоа ми е ништо за овие 2 ипол години што одат во градинка. Мислам дека ставот на родителот игра улога - дали паничи, дали за секое кашлање, кивање, покачена температура носи дете на лекар, на дежурен, нон стоп му зема брис и крв, итд....некако ми се чини дека често ако се носи детето на лекар често и ќе добива лекарства. На ова мислам дека е ужасно важен и педијатарот и тоа дали лечи дете со антибиотик и кога треба и кога не треба, дали знае да процени кога е за дополнителен преглед и лабораторија и како дополна на целава прича мислам дека многу игра улога како детео се храни. Моите деца исто не беа од ништо болни, ни затнат нос немаа до 2 години, ама исто така до таа возраст немаа ни синтетичка храна пробано, беа на свежи каши и манџи, не пиеа и сеуште не пијат сокови (освен свежо цедени), јадат лук од 8 месеци и пијат во зимските месеци секој ден рибин зејтин и витамин Ц и некој месец знам да им земам Имун киндер. И на доктор ги носам само ако кашлаат многу силно и тоа навечер и ова трае повеќе од 3-4 дена, и ако имаат покачена температура (над 38.5 повеќе од 3 дена). На дежурен би ги однела само ако не дај боже изгубат свест или ако се празници и ептен некоја се жали на болки во уво - ама тогаш не идам на дежурен идам одма на приватен ушен лекар. Мислам дека дежурен лекар без исклучок (за да се заштити себе, а и бидејќи не го знае детето) дава антибиотик или упат за клиника и Козле, а јас таму - фала ама не идам, односно идам ако ама само ако и после милион консултации со нашиот педијатар нема никакво друго решение.
|
|
|
|