Maca25 -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (20.4.2013 13:00:32)
|
Без лутење жени. Сите си го кажуваме своето искуство, а Аннет во овој случај ќе се одлучи сама што е најдобро за нејзиното дете. Моево дете веќе 10 дена е со истите сипмтоми како што пишала Аннет погоре, со мрсули, прво беа зелени, па бели лепливи, сега се проѕирни. Ама волку многу мрсули во живот немам видено. На 5 мин го дува носот и тие само искачаат и искачаат. Почна и да кашла, тоа го решаваме со инхалации, а исто и пред спиење инхалација заради носето, за да може поубаво да спие. И ставам од време на време Оперил капки, ама не секој ден. Зголемив витамини, освен сирупот Well kid и давам и два пати вит. Ц на ден, исто и секој ден цедена аронија со портокал. На лекар не сум ја однела, мислам дека се работи за вироза или настинка, па одлучив да не ја носам. Нормално, ако продолжи кашлањето уште една недела ќе ја однесам да ја слушнат и тоа е тоа.
|
|
|
|