pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
Автор:
Палешка РР
Рецепт на мојата баба. Превкусно!
Најпрво пиперките од туршија се дробат и се пржат во врело масло, додека не бидат убаво испржени. Се замесува тесто од брашното, квасецот (зафатен), млака вода и малку сол. Се остава да скисни. Се премесува уште еднаш и се дели на два дела. Првиот дел се сучи и на него се размачкува пола маргарин кристал. Се сечи на подебела лента и не до крај и се витка како полжав. Истата постапка се повторува и со вториот дел. Потоа се сучи кора (отприлика со големина колку плехот) и се става во намастениот плех. На кората се ставаат пржените пиперки од туршија, изварка и малку масло. Потоа се сучи другото тесто и се става над него. Се сечат парчиња му се става сусам одозгора и се остава да скисни. Пред печење се става масло.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 3
- 1 кгр. брашно
- 1 пресен квасец
- млака вода
- 1 маргарин кристал
- малку сол
- пржени пиперки од туршија
- 100 гр. изварка
- сусам
- масло
Здрава храна.
пеперутка16
Дали се храните здраво?