Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Доколку сакате да ги воодушевите домашните за ручек, Ви предлагаме одличен рецепт за преубав ручек
На малку масло додадете го ситно сецканиот кромид и додадете ја ситно сецканата пиперка. Кога пиперката ќе омекне додадете го месото и гответе а тивок оган со промешување. По 5 минути додадете ги исечканите печурки. Додадете зачини и гответе на тивок оган. Откако филот ќе се излади наполнете ги палачинките. Ставете ги полнетите палачинки со огноотпорен сад и прелијте ги со преливот од јајца, кајмак, јогурт и млеко. ставете ги во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Пријатно!
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 4
- Палачинки подготвени по основен рецепт
- 300 гр. мелено месо
- 1 главица кромид
- 200 гр. печурки
- 1/2 свежа црвена пиперка
- 1 лажица црвена пипер
- 1 лажица оригано
- сол
- бибер
- масло
Прелив за палачинки
- 300 гр. кајмак
- 200 мл. јогурт
- 100 мл. млеко
- 3 јајца