|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
mommy_angels RR
ОЧЕКУВАЈ КОГА НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАШ (20.5.)





Четврток, 8.5.2014

Eден од оние денови......110
Кога во главата почнуваат да ми навираат слики,зборови и ситуации кои сакам засекогаш да ги заборавам,е тоа е еден од оние денови кога сакам да се свиткам во клопче и молчам.Бура од емоции,тага,вина,милион прашалници и ниту еден одговор.Силно верувам дека во животот се искупуваш за сопствените гревови,ама што тоа јас направив за да ја носам оваа болка во мене?!?! Каков грев имам направено за да стојам пред одлуката дека едно дете треба да се изгуби,во обид да се спаси другото,за на крај да ги изгубам и двете ?!?! Колкаво е тоа срце што секој ден ја носи болката дека мајчиното тело ги отфрли сопствените деца ?!?! Нели е преголем овој терет за еден обичен смртник? Како да ги заборавам миговите кога без ниту еден збор гушнати плачевме ? Како да ја заборавам болката во погледот на маж ми во мојот празен стомак? Како да ја избршам сликата од неговата силуета ,потпрен на болничкиот прозор,радувајќи се на туѓата среќа,а немо патејќи за сопствената несреќа? Како да ги заборавам нежните голицкања и удирања на моите две мали душички кои не доживеав да ги видам ??? Милиони прашалници во мене без одговор.Е ова е еден од тие денови кога единствено ми преостанува да пуштам солзите да се тркалаат по моето лице,па потоа да станам,нацртам насмевка и продолжам понатаму, зашто ништо друго и не ми преостанува.




Кликни тука и напиши прва објава во својот дневник!
Единствени периоди од животот, незаборавни сеќавања! Сите пресвртници и важни случувања запиши ги во својот дневник. Сподели ги со Рингераја заедницата или заклучи ги само за себе.
Ако сакаш да објавиш свој коментар мораш да се најајавиш ili зачлениш на порталот.







Нема коментари.


Кликни тука за да ги видиш другите јавни дневници!
Се смееме, плачеме и растеме заедно!