|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
mommy_angels RR
ОЧЕКУВАЈ КОГА НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАШ (20.5.)





Понеделник, 8.7.2013

mommy_angels03
Мои најмили,мама денес прочита за едно мало сонце како вас кое прерано заминало од овој свет.Не ми треба ваква приказна за да помислам на вас,но ете денес срцето ме здоболи толку силно што солзите не престануваат да течат,а пробувам да ги запрам.Душава ме боли исто како и пред две години.Сакам да викам,да колнам и преколнувам,ама знам дека нема никаква корист од тоа.Кој рекол дека болката поминува со текот на времето-ИЗЛАЖАЛ.Кој рекол дека болката се намалува низ времето ,исто-ИЗЛАЖАЛ.Најсуровата вистина е дека таа е тука,во мене,ја носам секој ден како жива рана која благо крвари секој ден и не зараснува.Никогаш ни нема да се случи тоа,едноставно научив да живеам со неа и е дел од сите мои радости и несреќи.Кога сум тажна од некоја друга причина,секогаш плачам и за вас,кога се радувам,меѓу солзите радосници секогаш има и по една за вас,затоа што не сте тука да ја споделам со вас.Не ми ја пружија шансата барем еден пат да ве гушнам и бакнам и на миг само да ви кажам-мама ве сака,затоа што најмили мои-МАМА ВЕ САКА толку нежно ,а во исто време и толку силно,знаете на оној начин ,на кој сака само една мајка. Животот ни ја подари вашата сестричка и со неа јас и тато научивме што е тоа безгранична и безусловна љубов.Не можам ,а од време на време, дури ја гледам како си игра,да не си направам слика во глава ,како најубаво ќе ни беше кога вие ,сите три заедно си играте ,смеете и понекогаш карате,знаете оние убави ,слатки детски расправии.Ова задоволство свирепо ни беше одземено,а навистина мислам дека не направивме ништо со што би го заслужиле тоа.Господ ни зема по две парчиња од моето и срцето на татичко и тие засекогаш отидоа со вас,таму горе од каде ЗНАМ вие не чувате нас и вашата сестричка.Единствено тоа е мојата утеха,што вие сте тука секој ден со неа и ја чувате и штитите,таа засекогаш ќе има покрај себе два анѓела чувари. Секогаш кога ја гушкам неа,го правам тоа малку подолго и малку поцврсто,на тој начин мама ве гушка и вас.Секогаш ја бакнувам малку подолго ,така мама ве бакнува и вас.И кога ќе и кажам на неа -мами те сакам-знајте дека МАМА ВЕ САКА И ВАС и тоа ќе биде така дури моето срце чука.А за тоа да не заборавите дека е така,мама и тато ќе ве потсетуваат секоја година,на оној ден кога не напуштивте,а КАКО ,тоа е наша мала СЕМЕЈНА тајна и ја знаеме само ние четворица,а кога вашата сестра ќе биде доволно голема да разбере и таа ќе биде дел од тоа.    И уште еден пат најмили мои МАМА ВЕ САКА !!!!!
Пресвртници: Мама ве сака !!!


Кликни тука и напиши прва објава во својот дневник!
Единствени периоди од животот, незаборавни сеќавања! Сите пресвртници и важни случувања запиши ги во својот дневник. Сподели ги со Рингераја заедницата или заклучи ги само за себе.
Ако сакаш да објавиш свој коментар мораш да се најајавиш ili зачлениш на порталот.







Нема коментари.


Кликни тука за да ги видиш другите јавни дневници!
Се смееме, плачеме и растеме заедно!