|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
mommy_angels RR
ОЧЕКУВАЈ КОГА НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАШ (20.5.)





Понеделник, 6.7.2015

Кога сакаш да го победиш Марфи.....03
Никогаш не посветував внимание на годишниците од брак,понекогаш дури и ги заборавав.Но годинава јубилеј,10 години,многу посебна била викаат и ајде на инсистирање на маж ми решивме да ја прославиме некаде со ручек-вечера.И така претходниот ден се договоривме после работа да одиме некаде на опуштен ручек,со дете нормално,зашто никогаш нема кој да го причува ни на еден час. Работите почнаа да се развиваат уште тоа попладне,кога ќерка ми почна да кашла.Ја однесов на лекар,си доби терапија,ама џабе,пак цела ноќ речиси не спиеше од кашлицата.А со неа и јас,многу јасно.Утредента така гроги,ајде на работа.Порано излегов и пак носев дете на контрола.Со едно 40 степени надворешна температура ,ненаспано дете ,во кола пола час.Убавини.Тренинг за живци,поголем и подобар нема.Се вративме некако дома,дете плачливо за спиење,мајка на раб на нервен слом.Ајде некако ја заспав и легнав до неа и јас.Склопив очи ,таман ме фати дремка,почна силно да кашла,скокнав јас сонлива и исплашена,толку од мојата дремка.Детето си продолжи да спие,а мама си остана со тахикардија и уште поистенчени живци.Во меѓувреме се јави маж ми и ми вика,ќе одиме па што сака нека биде :D .Влегов да се истуширам,а тоа да немало доволно топла вода,дека претходниот ден ни се расипа и болјерот.Се туширав со ладна,циркулација на нивоУ :D :D :D .Излегов јас и го пуштив да топли вода ,ама со аларм да ме потсети да го исклучам,зашто не му работи термостатот.Во меѓувреме маж ми си дојде и ајде почнавме да се спремаме.Детето како и секогаш кога не треба,почна да измислува глупости,не дозволуваше да ја облечам,скокаше,лудуваше и тука нормално јас пукнав и почнав да вриштам на цел глас.И така збесната си излегов да свртам два круга во двор,да стабилизирам живци,а дете внатре плаче ,навредено што мајка му го карала.Среќа маж ми сеуште не се даваше со својот оптимизам,па некако смиривме ситуација,па ајде ќе побрзавме да се спремиме,не фати касното ,а уште никој не ручавме.Конечно се спремивме,заклучивме дома палиме кола и оп.... кочи мајсторе,бојлерот не го исклучивме .Е тогаш му се свртев на маж ми ми му реков-Дај,те молам,да си се вратиме дома и да си легнеме.Ама тој не,отидовме.Избравме едно ресторанче надвор од градот(ама блиску до нас) со убав двор и лулашки за детето.Отидовме таму,ајде да сме се опуштеле веќи кога келнерот ни пријде ,ни кажа кои маси се слободни,но и не замоли до кај 20.00 часот да завршиме зашто имало приватна забава...WHAT THE FUCK....а убаво си реков да си седиме дома.Е тука моравме да голтнеме по една стара жолта,да скршиме малер оти отидовме и двајцата со паметот.Се опуштивме малце и на крај како цреша на шлагот ми дојде кога ми се јави колешката да ми каже дека информацијата дека има плата била погрешна,нешто во книговодство погрешиле.Среќа што не требаше јас да платам :D Нешто после осум си станавме и ајде дома на уште една непроспиена ноќ.И да се разбереме НЕ од водење љубов,туку затоа што детето повторно кашлаше цела ноќ.
Пресвртници: 10-та годишница од брак


Кликни тука и напиши прва објава во својот дневник!
Единствени периоди од животот, незаборавни сеќавања! Сите пресвртници и важни случувања запиши ги во својот дневник. Сподели ги со Рингераја заедницата или заклучи ги само за себе.
Ако сакаш да објавиш свој коментар мораш да се најајавиш ili зачлениш на порталот.







Нема коментари.


Кликни тука за да ги видиш другите јавни дневници!
Се смееме, плачеме и растеме заедно!