Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 9:09:01
Martins mom
Јас го откажувам моето присуство, Мартин сабајлево ми крена температура Ако се согласуваат битолчанки да одложиме за утре, арно, ако не јас ќе донирам на жиро-сметка
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 9:14:19
tereza
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
Јас го откажувам моето присуство, Мартин сабајлево ми крена температура Ако се согласуваат битолчанки да одложиме за утре, арно, ако не јас ќе донирам на жиро-сметка
I Bitolcanka nemoze da dojde denes,plus i vremeto ne e dobro,i jas mislam da go ostavime za drug den druzenjeto,a sega da uplatime na ziro smetka.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 9:19:31
lukas
i jas da vi kazam deka nema da dojdam zaradi nekoi drugi pricini i plus nema koj da mi go cuva lukas!i ne samo denes voopsto nema koj da mi go cuva !!pozz
_____________________________
Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 10:00:04
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: lukas
Мартин сабајлево ми крена температураuser posted image
so pomin da e !od so taka?
се мачи со запчињата, уште не може да извади запче и цела недела ми е скиснат, кенкав, вилицата потечена, нервозен...и ете ти тампаратумпара Муабетов може да се премести во чамче-муабет
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 11:49:33
amelbebe
vcera cel bozji den akav i molev kako nekoja pitacka,aman luge da se nemalo za edna tetratka,jas ako treba na moeto dete ke muskratam denes samo za da pomognam nekomu,podocna ke izlezam da kupam nesto ovde kaj mene kolku mi dozvoluvaat moite finansii,a bi sakalada mozamda kupam mnogu poveke,ama nemozam,bitno e barem edno dete da usrekam
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 11:57:33
Viktori
амелбебе, дури и не мораш да купиш ако немаш пари. Знаеме какви тешки времиња се и колку е скап животот. Почести не со своето присуство ако можеш и сите ќе бидеме весели. Воопшто не се секирај што и колку или дали ќе донесеш.
Инаку јас добив 3 тетратки восочни боички и комплет од хб моливи од една жена вработена во р. амбасада. Можно е и друго да добијам па се надевам повеќе ќе се собере...
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 11:59:22
amelbebe
da znaete samo kolku boli koga se nema nesto na uciliste,toa sum go osetila na sopstvena koza,gledas nekoj imaa od ubav poubav pribor,a jas nemav ni guma zaq brisenje doma so mekoto od lepceto sum brisela,a toa mnogu bolimnogu mi e zal za tie deca ,bidejki i jas sum izrasnala bez roditeli
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 12:05:48
Julie1
ИЗВОРНА ПОРАКА: amelbebe
da znaete samo kolku boli koga se nema nesto na uciliste,toa sum go osetila na sopstvena koza,gledas nekoj imaa od ubav poubav pribor,a jas nemav ni guma zaq brisenje doma so mekoto od lepceto sum brisela,a toa mnogu bolimnogu mi e zal za tie deca ,bidejki i jas sum izrasnala bez roditeli
Вистински кажано! Драга амелбебе одвај чекам да те запознам и изгушкам!
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 12:07:49
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: amelbebe
da znaete samo kolku boli koga se nema nesto na uciliste,toa sum go osetila na sopstvena koza,gledas nekoj imaa od ubav poubav pribor,a jas nemav ni guma zaq brisenje doma so mekoto od lepceto sum brisela,a toa mnogu bolimnogu mi e zal za tie deca ,bidejki i jas sum izrasnala bez roditeli
и затоа амелбебе сум сигурна дека твојата гумичка, моливче и тетратка ќе бидат дадени од срце и од душа. Навистина на децата им треба прибор и се комплет, ама мене повеќе ме радува што гледам дека човекот е човек! Не се промовира, рекламира или не очекува ништо од никого за возврат! Браво Амелбебе! Едвај чекам да те видам!
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 12:17:52
Julie1
Рингерајки од другите градови ако не успеете да се дружите, а имате можност за донација направете го тоа, преку финансиска донација - за 50 денари донација може да купиме 5 тетратки, а тоа многу значи...Дечињата имаат потреби во тек на цела учебна година на прибор и ова е потрошен материјал, ако некои од Вас сакаат и лично да однесат до домот и во тек на учебната година не сега може и подоцна да го сторат... но да ги имаме и овие дечиња во нашите мисли, Рингераја е и нивно семејство, тие повеќе не растат сами, да им обезбедиме пристојно детство!
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 12:35:28
misticia
ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie
Рингераја е и нивно семејство, тие повеќе не растат сами, да им обезбедиме пристојно детство!
Не сакам да бидам груба ама не верувам во ова
семејство е голем збор, а за оние на кои им фали е навистина збор кој боли
Ние сме само пријатели кои можат да ја ублажат нивната ситуација, а ако споредиме нашите деца со тие дечиња - неспоредливо е - само можеме да се молиме да добијат се што имаме ние
да не ме сватите погрешно - се што прави форумов е убаво, ама некои од нас мака мачат на сопствените две или три деца да им обезбедат пристојно детство - да обезбедиш пристоен живот е голем збор
< Поракaта ја уредил misticia -- 25.9.2010 12:38:40 >
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 12:46:25
Julie1
ИЗВОРНА ПОРАКА: misticia
неспоредливо е - само можеме да се молиме да добијат се што имаме ние
Разликата е што многу се молат во мислите, но целата РР заедница веќе дејствува и навистина колку сме моќни толку ќе помогнеме... но разликата е што претходно немале кому да се обратат и веднаш да дејствува, сега е тука РР и на нас се сетија кога сите други кои можеби и се помоќни ги одбија со разни изговори, од краток период до финансиска криза... РР не ги одби и најбрзо и најмоќно од сите дејствува... За жал дечињата не бараат многу, многу се поскромни... нивните желби се да ги имаат основните потреби...
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 12:51:12
Viktori
Види мистиција, во такви излитени фрази, не верувам ни јас, да бидам искрена. Ама верувам во идејата- Дека децата се богатство и ако институциите затаиле, ги заборавиле и турнале на маргините, ние не мораме -
Мислам дека никој не ни фантазира дека семејството може да го заменат непознати од некој си портал и нивните тетратки. Ама да споделиш од ништото што го имаш е многу, барем за нас членовите што не спијат на пари, а и за дечињата што немаат тетка да им дојде на роденден и да им донесе.
< Поракaта ја уредил виктори -- 25.9.2010 12:54:14 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 12:55:13
Julie1
ИЗВОРНА ПОРАКА: misticia
да не ме сватите погрешно - се што прави форумов е убаво, ама некои од нас мака мачат на сопствените две или три деца да им обезбедат пристојно детство - да обезбедиш пристоен живот е голем збор
Под пристоен живот се подразбира имање основни потреби, топла облека, храна, легло, посетување на училиште (и сите потреби врзани за тоа).... Јас целосно ја разбирам финансиската состојба на родителите во Македонија и ние сигурно сами не сме моќни како родители да донираме многу средства, но тука се и клиентите на РР, кои не остануваат рамнодушни и помагаат, а потоа ни се благодарни што сме ги потсетиле на овој чекор, што сме ги запознале со потребите на дечињата и сме организирале акција и сме им дале можност да се чуствуваат убаво и хумано... Секој поединец сам неможе многу да направи, заедно сите можеме...макар тоа било само 1% подобрување на условите за живот на овие дечиња...
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 12:56:37
misticia
Абе те разбирам, ама ветувањата ти се прилично големи - а јас сакам кога ќе ветам нешто и да го исполнам - ако ветам денес дека ќе пратам 5 тетратки нема шанси да не ги однесам, а ако ветам дека цел живот ќе бидам тука што и да им треба - незнам дали ќе имам капацитет за тоа ветување
затоа нема да ветам - само ќе предложам
да направиме невладина организација - „од рингераја за 11 октомври“ да се зачлениме - нешто што ќе не обврзе да ги исполниме ветувањата
и после ако не можеме да дадеме од свој џеб ќе бараме донации по сите градови по сите што се познати дека даваат (на пример во Струга нема шанси да појдеш за нешто такво кај Фиат Цаноски во ФОН и да те врати сигурно дава милостини) има секаде такви фирми што спонзорираат спортисти, уметнички изложби, деца во невоља
и да се осигураме дека во септември ќе имаат прибор, во декември јакни и фармерки, на лето маички, секогаш патики и се она што гледаме нашите деца да имаат
пак ова не е ветување само предлог - а ако не ни успее да обезбедиме ќе се знае дека сме пробале
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 13:06:37
Julie1
Дану Филантропија ЈИЕ е невладина организација (односно фондација) и има можности за членство, не правиме реклами и форсирања, но уште една организација РР не би можела да раководи, од аспект што овие организации се на волонтерска основа, а тешко е да во ова време и за оваа организација се најдат волонтери кои ќе работат на вакви хуманитарни проекти.
Се согласувам со твојот став, но ќе повторам уште еднаш тоа го размислувам и јас како поединец, но кога зад мене стои цела РР заедница, јас сум сигурна дека кога и да се јават од домот 11 Октомври во РР, што им треба, јас нема да им кажам никогаш РР неможе тоа да го направи, но ќе кажам РР ќе ги даде своите 100% тоа да го овозможи за дечињата, и знам дека ќе пратам информација за потребите до целото РР семејство... до сите клиенти, до сите родители, ќе барам помош од други организации... од тој аспект, веќе Палешка, Надица, Тања, Мамичка3........се дел од филантропијата со тоа што праќаат официјални писма до компании, училишта, институции кои може да помогнат...... Дејствуваме како невладин сектор и секј кој има желба да помогне, може да не исконтактира, секој кој сака да стане член на филантропијата може тоа да го направи, ќе добие и членска потврда... но повторно ќе напоменам не сакам РР да ја користам за промовирање на Филантропијата, Филантропијата е тука да и помага на РР заедницата...
< Поракaта ја уредил Julie -- 25.9.2010 14:02:08 >
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 13:08:56
misticia
ои може да помогнат...... Дејствуваме како невладин сектор и секј кој има желба да помогне, може да не исконтактира, секој кој сака да стане член на филантропијата може тоа да го направи, ќе добие и членска потврда... но повторно ќе напоменам не сакам РР да ја користам за промовирање на Филантропијата, Филантропијата е тука да и помага на РР заедницата...
:) мој тип на луѓе сте сакам да се зачленам и јас :)
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 13:15:08
Julie1
Драга кога ќе имаш време, помини од просториите на РР, ќе те запознаам со мисијата и дејствувањето на филантропијата и ќе видиме во кој дел би сакала да се вклучиш пред се преку идеи како да помагаме и водење на одредени акции и ќе направиме зачленување.
< Поракaта ја уредил Julie -- 25.9.2010 14:02:58 >
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 14:36:43
beki RR
Рингераја постои за да помага, јас тоа многу добро го знам.Доволно беше еднаш да кажам дека ми треба помош, и несебично да ја добијам. Јас ќе уплатам пари на жиро сметка, па полсе нека се купи што е потрбно. Браво за Јуле и за цел тим од финатропија и за цела рингераја.Дефинитвно сте најдобри.