Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 20:51:55
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka
Tanja seuste nema prijaveno nikoj za vo Strumica
Не Освен јас, ти и мајка ми никој друг не изразил желба да помогне. Чекам одобрение од градоначалникот за една донација ама којзнае, се забави
Јас веќе подготвив нешто прибор за дечињата но ако не соберам поголема донација нема логика да пуштам пакет по автобус и да ја задолжувам Јуле да го чека. Ќе уплатам средства на жиро сметката а приборот ќе го доставам во просториите на РР лично кога ќе ми се укаже можност.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 21:21:00
Julie1
Се надевам дека врнежливото време утре нема да биде пречка за дружба... јас ќе се нацртам во 12 часот во Мечето Ушко! Се радувам што ќе ве видам повторно... вчера денот ми беше посебен од средбата со Надица, а уте ќе биде исто така посебен чувстувам
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 23:38:06
AnnaMolly RR
Јас да потврдам дека ќе дојдам, ама да пријавам уште една гостинка. Вечерва дојде братучетката на мм од Германија и и кажав за акцијава и сака и таа да дојде. Што повеќе, подобро :) Стискајте палци генерал Филип да биде расположен. Се гледаме утре!
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 25.9.2010 23:55:10
Julie1
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly
Јас да потврдам дека ќе дојдам, ама да пријавам уште една гостинка. Вечерва дојде братучетката на мм од Германија и и кажав за акцијава и сака и таа да дојде. Што повеќе, подобро :) Стискајте палци генерал Филип да биде расположен. Се гледаме утре!
Генерал Филип ќе го расположиме и ако нешто нему е по кејф од дома
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 26.9.2010 0:03:24
nadica
јас само да ве потсетам да не заборавите да сликате и снимате ние чекаме слики
п.с ајде кавадарци и неготино покажете хуманост ако не сакате дружба сретствата или школскиот прибор може да ги оставите или во оу„Страшо Пинџур“ или во нижо музичко
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 26.9.2010 12:05:05
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка
Во Прилеп врни тура, одложивме за в понеделник.
Значи уште една шанса да се пријави уште некој, ајде прилепчанки! Можеби секој сам не може којзнае колку да помогне, ама затоа со здружени сили да собереме кој колку може да им помогнеме на дечињата.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 26.9.2010 12:14:28
Bitolcanka
Убав помин на сите. Јас ќе донирам преку жиро-сметка. Не планирам во иднина ништо толку долгорочно, зашто не излегува се' по планот. Овие дена немав интернет. Вчера имав гости, роднини што беа дојдени летово од странство. Дури сега се видовме, наскоро ќе си заминуваат. Деновиве правиме и зимница, така да, темпото ми е 200/час Периодов, можеби малку повеќе (месец-два) сум зафатена, ќе ве дружам повеќе потоа. Поздрав до сите
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 26.9.2010 12:35:13
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly
Значи уште една шанса да се пријави уште некој, ајде прилепчанки! Можеби секој сам не може којзнае колку да помогне, ама затоа со здружени сили да собереме кој колку може да им помогнеме на дечињата.
Да Фели цел ден не е на работа, Snowhite е слободна, се надевам и икипп, па се гледаме вторник во 12 часот, во Вирус
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 26.9.2010 16:17:15
jovanka
Prijatna druzba mnogu novi poznanstva.Decata si uzivaa vo prekrasniot dvor a sto e najvazno mislam deka ja postignavme celta.Mozam slobodno da kazam uspesno zavrsena mislija.I ovoj pat ja dokazavme humanosta na delo.
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 26.9.2010 16:23:02
AnnaMolly RR
Супер си поминавме на дружбата! Се надевам дека се собра доволно материјал за дечињата. Се надевам дека во иднина ќе има уште мноооогу вакви собири и дружење.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 26.9.2010 16:23:04
Julie1
Супер дружење, многу собрани средства за дечињата. Благодарност за сите мамички, благодарност до преставниците од Уметност на живеење кои не дружеа и помогнаа. Мамичка3 донесе собран училишен прибор и од соодветно училиште, Симонче на Јованка ни раскажа како и нејзините другарчиња од училиштето 11 Октомври собирале училишен прибор за другарчињата од домот 11. Октомври... сите собрани средства вечерва ќе преспијат во игротеката мечето ушко а утре попладне ќе ги носиме во Рингераја. Заедно со училишниот прибор дониран од други наши соработници ќе го доставиме до Домот 11 Октомври во петок 1. Октомври, од понеделник 4. Октомври веќе дечињата ќе одат со училишен прибор... зарем не е прекрасно... благодарност до сите мамички...
А околу дружењето и играњето со дечињата, јас се изнаиграв со Амел, сонце најубаво, многу е мирно.. Мила на Анушка пораснала неможев да ја познам, цела на тато е (Анушка не се лути :)))), Домаќините Михаил, Јана и Бобо малку се правеа важни но со постарите а веднаш се спријателија и си играа со сите дечиња, посебно со дечињата на Мамичка3. Малиот генерал Филип достојно издржа цел час, но затоа Борјан на Џесика ја изнамачи мамичка од трчање а потоа на пат за дома заморен си заспа... Прекрасно дружење, преубав ден и прекрасни хумани луѓе на едно место. Прекрасни сте драги мои, прекраснии
< Поракaта ја уредил Julie -- 26.9.2010 16:25:09 >
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 26.9.2010 17:07:55
Mamicka3
Jas duri sega stignav da pisam druzbata pomina super se zapoznavme podobro so mamickite decata se naigraa ajde narednata druzba da ima mamicki vo pogolem broj. Domakinite bea super
_____________________________
Децата се најголемо богатство Марио 31.10.2002 Ана Марија 01.11.2005 Трајче 20.09.2009
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 26.9.2010 18:03:59
Џесика
Леле женски, многу убаво се чувствувам кога ќе видам така насмеани и позитивни лица... супер си поминав, со оглед на тоа што син ми не ми даде мир, следен пат доаѓам сама, доста ви беше од Борјан кичмата ме боли немате појма колку...
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!