|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
9.6.2011 13:18:14   
bombica
Da potpolno si vo pravo kriv e toj sto prima mito ama ako zne sto ke go snajde neznam dali ke zeme .Se na se sudstvoto ni e KATASTROFA a moze da go sredi samo drzavata,politicarite nasi sto se po 4 god. optegnati vo parlament ama ne im odgovara da go sredat posto 80% ako ne i poveke od niv ke treba da odgovaraat pred sud. ..I pak ke se povtoram...ZACARAN KRUG

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Политика.....
9.6.2011 16:17:21   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Lidina



И Snowhite, велиш тие што сте ги примиле чекаат да им каже директорот што да работат? Зошто ги чувате на работа уште? Па има луѓе што молат да работат, да се докажат, само да добијат шанса. И не си работела други работи затоа што не си морала. user posted image и не е исто во странство да работиш продавачка и тука.


Епа дирекоторот рече да му дадеме шанса, а јас веднаш му реков, зошто да му даваме шанса на сите, а нас да ни трпи работата и после пак ние четирите што работиме во службата ќе бидиме виновни по нас ќе вика, и тоа му дава шанса на такви што не им се работи, баш сега кога го спремаме базенот да го отвориме, кога има еден куп работа
И да не сум работела други работи затоа што не сум морала, ама ако треба да работам продавачка(не ја потценувам оваа работа, ниту некоја друга, да не ме сфати некој погрешно), ќе работам овде, а нема да поминам стотици километри за таа работа, па колку и да е платена таму.



ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana

некој погоре спомна за платите ниски во другите градови. Јас да имам можност веднаш би с епреселила во помал град каде покрај помалите плати и трошоците се помали.


Па не знам дали трошоците се помали, колку јас што знам сметките за струја, вода, телефон се секаде исти, храната исто така, во Скопје е можеби превозот поскап, односно поголем град па мораш да користиш или градски сообраќај или кола или такси, а ние во помалите градови можеме и пешки.
И мм секое сабајле кога ќе појди во продавница да купи основни работи што ни требаат за дома троши по минимум 500 ден и пак нешто ќе фали, па ќе појди уште еднаш да докупи, затоа не сум сигурна дека помали плати, помали трошоци. А како што спомна некој не очекуваат уште потешки времиња, уште поголема скапија. Не знам до каде ќе оди ова вака. Ај можи нашите деца ќе живеат во подобри времиња, нашите родители живееле подобро, оваа нашава генерација такво време начека тоа е јбг

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Lidina)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
9.6.2011 19:20:28   
Lidina

ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana

и конечно едно утро стигна повик за позиција по моја струка со ок плата, во тие моменти токму тоа што ми беше потребно. И повторно не престанав таму едноставно сакав уште имав и сеуште имам во себе сила, амбиции и знаење кои сакам да го поделам, а и искрено брзо се заситувам од работата и ми треба промена или пак можеби поголема платаuser posted image user posted image . Поминав многу и ќе поминувам уште многу, но знам дека од секоја работа излегувам со ново искуство и поспремна за понатаму, тоа ќе му дојде како бесплатно дошколување. Затоа немојте да се самосожалувате секое искуство е плус за вас, без разлика дали работите по струка или не,

Taka e Temjana i taman rabota da se samosozaluvame site. Iskustvoto e neprocenlivo.user posted image Ako ostanev na zalenje nemase da ja najdam rabotata sto ja rabotam sega, ke si kutev i ke trpev i ke rabotev.Ako ne si go cenev trudot nemase nikoj da mi go ceni. Gore dolu ist pat kako tvojot sum minala,user posted image ne e bitno. Sakav da kazam deka ne se ceni rabotnata raka vo drzavava, slabo se ceni trudot, znaci cenite rastat skapija a platite nikako da se pokacat, avtomatski narodot ne e zadovolen.

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
2.2.2012 15:38:45   
AnnaMolly RR
Можам само да кажам дека за политика АПСОЛУТНО немам врска. Не гледам вести, не знам кој ни е министер за не знам таму што, само знам кој ни е претседател и премиер и толкууууу. Кога се разговара за политика јас немам што да кажам...
Сестра ми ми вика дека било срамота, ама па ете немам поим од политика.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Lidina)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 13:15:09   
Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Многу ми е жал за ова што се случи, ама мене веќе ми е страв и после 19-20 часот да отидам до продавница, а на 50 метри од дома ми е. Комшиите ни се 98 % албанци, а поголемиот дел од нив другари на мм од деца со коишто супер стоиме, немало никакви недоразбирања и слично. Нашиот најдобар пријател е албанец. Ама деновиве неколкумина од нив сретнавме на улица и сите истото ни го кажуваа „Луѓе, седете дома, не е на арно состојбава, се спрема бунт“. Колку и да не е вистина тоа, мене многу ми е страв. Ич не се чувствувам безбедно...



ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Како бе Анамоли бунт?? Па што се дешава више аман од овие превирања!!!Аман од убиства, аман што сакаат више, да ја поделат МК???



ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

Така е кога скаакаат сите ,и сите се прават паметни дека се разбираат ,прост народ ,само тоа знаат од рекла казала да се бунат и урлаат и кој страда после??? Пак некој друг ни е крив ,еuser posted image тоа народот ,затоа не не бива од такви што "премногу ја разбираат политиката" И кога ги тепаат полицајците со причина нека не се жалат,шо мајка бараат бе на место на злосторот таму 100 души од село собрани и урлаат ,шо не ги остават на раат да работат и полицајци и вештаци. Па незнам кој да е полицаец ке истрпи плукање и свашта а ни крив ни дужен си ја работе работата. Па уште и снимаат дошле да ги поддржат погинатите македноци,каде бе да ги подржете ,што ке поддржавате. ЕЕ се изнервирав аман нека му е лесна земјата .Амин



ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Сега читав по странскиве весници...викаат рецепт за катастрофа. Убиството, претходните немири, сиромаштијава, блокот за во ЕУ и НАТО....И за се тоа ги криват властите. Бидејќи изиграваат патриоти и албанското население, на кое ништо не му значи конфликтот на МК со Грција е веќе на работ. Сиромаштија, етникуми, патриоти и блок на Запад.


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Како бе Анамоли бунт??

taka ete mene toa mi kazaa. a kaj nas (na kale) se znae koj zivee. site se naostreni da se krene bunt samo nesto da go potpali zarceto. kaj nas ziveat najgolemite dalaverdzii i nacionalisti. samo se nadevam deka nema da dojde do toa.


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Невиден револт ми создава што сме толку порозни, како шуплив заб! Ме потресе убиството, ме разгневува реакцијата, ми се гади од шпекулациите... До каде ли сме дојдени, до кое дно кога се може да се претвори во меѓунационална пресметка? Кога и како разумот потполно го изгуби правото на збор? Што ако убијците се Албанци, Роми, Македонци, Срби, Власи...?! На кој начин тоа може да го зголеми или намали ужасот на убиството?
ДОСТА Е ВЕЌЕ, ДОСТА, АМАН! Сакам да живеам во нормална држава во која системот ќе функционира, која нема да биде разнебитена на илјадници парченца поради поделеноста по сите основи и по секој повод, во која народот ќе биде свесен и нема да дозволува да го делат за полесно да го манипулираат, туку ќе казнува такви намери!


ИЗВОРНА ПОРАКА: ketrin 77


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: ketrin 77


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

Јас цел ден читам, барам гледам... ама ова ваке веќе не иде.
И онаа Гордана Јанкуловска кога ја гледам на ТВ ми се повраќа. Бидете смирени, ве молам за трпение, да не се подгреваат тензии бла бла бла...
Да си ја работи полицијата работата секогаш, сеа ќе нема потреба да смирува!
Во каква држава живееме - ќе отидеш по риба, куршум во чело ќе уловиш! user posted image user posted image user posted image

Нека почиваат во мир,и јас сум цел ден вознемирена во каков свет ќе раѓаме деца,но што е крива Јанкуловска,што очекуваш да каже ајде сите пушките во раце и излезете на протести,и мислам дека не треба да откриваат премногу информации додека не ги фатат убијците.

Што е крива? Што пруштаат од притвор најчесто се што нетреба, што работат селективно, што наолаќаат казни селективно, што детонираат во Кочани, Штип, Велес, што апсеа вечерва во Радишани и да не редам...

Да не мешаш баби и жаби по малку,значи зборувам само за убиството на овие 5 невини жртви,а не за детонатор,за пуштање од затвор и.т.н,значи не зборуваме за политика,туку дека за ова што се случи не е крива Јанкуловска и сигурно не го нарачала она ова убиство,туку да не се правиме сите ние паметни и да шпекулираме со се и сешто туку да ги оставиме стручни луѓе да си ја завршат истрагата.Зарем некое убиство се решава на такон начин да се излезе на некој медиум и да се каже се што треба и не треба.Па и на нашите работни места некои работи што се случуваат не ги кажуваме кај ќе стигнеме а не пак за вакво страшно убиство што првпат се случува во нашава држава.Значи повторувам Јанкуловска не е крива за тоа што се случи а дали ќе ги фатат убијците е тоа е друга работа,наше е само да сочуствуваме со фамилиите на убиените а не да кажуваме кој е крив.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

па најверојатно измешав баби и жаби тој ден. Ама јбг таква ни е државава, се е во се измешано.

И останувам на ставот дека тој ден ни дупнаа со детонатори, а убиството беше некако измаргинализирано и на врсти и на нет. Повеќе информации имаше на странски портали, германски на пр, а на нашите мрак. Да информираа ко што требаше можеби немаше да се наелектризира народ. Како што требаше мислам на навремено.

Крива е Јанкуловска како министер за внатрешни работи. Криви се затоа што ако пријавиш пукотници, никој нема. Криви се затоа што апла се знае дека границата не ни е безбедна, пак гајле немаат, знаат колку нелегални премини има, колку оружје има во државава и пак мува не ги лази.

Можеби не го порачала, ама дефинитивно е одговорна, пак како министер. А што нашиве се залепени за фотељи и одговорност за ништо не прифаќаат тоа е башка муабет.

И не е наше само да сочувствуваме, наше е да не дозволиме пак да се случи.



ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR


И не е наше само да сочувствуваме, наше е да не дозволиме пак да се случи.


..и наше да кажеме ако нешто не ни се допаѓа во нашата држава, и наше е да бараме нешто да се промени, и наше е да ја коментираме работата на власта.

Жива срамота што не е прогласен ден на жалост, голем минус..барем тоа можеше да се направи!!




ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Знаете што, прво мислевме дека ова е некој криминал нешто такво, ама откога апла се виде дека е терористички акт, тогаш најдобрата работа што се случи, е што не избувна населението да се тепаат меѓу себе разни националности. А ако некој треба да се покаже со прст, тоа се сите оние што градат споменици од парите на граѓаните, а ние немаме леб да јадеме, сите оние што се толку големи патриоти, што попрво би го гледале својот народ да проси за бел леб отколку да му овозможи подобра иднина. НЕ ми треба името МАКЕДОНИЈА мене, ми треба држава која ќе ја наречам татковина, како и да е нејзиното име. Да знаете дека ова води кон само една работа. Не може да се гледаат националните интереси на само еден етникум, а другите да ги спречуваме да напредуваат. Исто, промени во структурата и тоа одма!!! Значи ова се крчка веќе 10 години, ова не е од вчера или од минатиот месец. Ние сме многу глупав народ, и осудете ме ако сакате, ама кога може еден Германец да знае повеќе и да може да ја предвиди состојбата и нејзината ескалација, а вие поим да немате што се случува во вашата држава, тогаш, што да ви кажам, конечно сфативте кој кого стриже. Не можам да разберам, не можам како еден народ од 2 милиона, на толку плодна земја пати од сиромаштија. Ова тука како што се краде никаде не се краде во светот да знаете, можда Африка само пошто и таму дивеат ко нашиве тука. И не можам да разберам зашто не се освестувате.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Луѓе девојчиња млади се проституираат за 300 денари, идни професорки, идно докторки идни учителки....Мажите ги тепаат жените, свекорот ја тепа снаата, внуката, бабата. Лудило е меѓу народот од толкава немаштија. Нели гледате дека некој само искористил ситуација за да пукне, ко темпирана бомба сме, и сами сме криви за тоа, и патат младите и се губат млади животи за некој да остане во фотелја и кабинет. На крајот на краиштата, знаете како викаат....криви се оние што гледаат и со ништо не го спречуваат злото кое што се случува.



ИЗВОРНА ПОРАКА: amateuress

еве гледам, се паметни мислења тука (со чесни исклучоци), а сепак ситуацијата станува се полоша и полоша. јас не ни очекував дека ќе прогласат ден на жалост, нели и чудо имаше, па требаше да се расипе сензационалноста на таа вест со оваа за убиствата. (нека не ме сфаќаат лично тие што се верници, почитувам туѓи религиозни чувства, но јас не можам да верувам во нешто што сервира такви заблуди и прави такви неправди како официјалните институционализирани цркви).

не знам навистина што ни фали, дали свест за граѓанска акција, дали сме сепак малцинство тие што вака размислуваме.

откако имам дете ми е уште потешко што ќе треба да живее во вакви услови и што од сите страни ќе има некои простаци што ќе сакаат да му го исперат мозокот на каков било начин.

овој пат не сум толку на***чена на јанкулоска, ама кога се обидоа да го прикријат убиството на Нешкоски 3 пати бев на протести во 9ти месец со стомак до заби. и што? ги прогласија и тие протести за партиски, а народ плукаше по „наркоманите“ и „предавниците“ итн.

а сега не знам веќе што може да се направи. ќе помине револтот, ќе заборават луѓето, а негде под површина цело време матни сценарија се крчкаат.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

откако имам дете ми е уште потешко што ќе треба да живее во вакви услови и што од сите страни ќе има некои простаци што ќе сакаат да му го исперат мозокот на каков било начин.


Аматеуресс, алал ти вера. Па затоа и зборам, затоа е се ова, зашто не сакам да си одам од државава, сакам тука да живеам, а не да ми се матка детето со свашта и тако даље у странство, (не ме сфаќајте погрешно), а може прекрасен живот тука да има. Прекрасна држава имаме, со прекрасни, добри луѓе, не знам што треба да се случи да се освестиме, да си ја обезбедиме иднината. Луѓе граѓанска војна еднаш избегнавме....втор пат тешко. И сите се настрвиле на Албанците, па дали знаете дека ко мали деца наседнувате....тоа е тоа што го сакаат тие терористи и злобни и криминалци луѓе....да пукне и да се разделиме, и да се испотепаме меѓу себе.
И да, ќе продолжат да заташкуваат убиства, да крадат, да вработуваат партиси полтрони, знаете зашто? Зашто им се може!!! Е па некој треба да застане на нозе и да ги спречи.



< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 19.4.2012 13:18:52 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 14:00:46   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR



И да, ќе продолжат да заташкуваат убиства, да крадат, да вработуваат партиси полтрони, знаете зашто? Зашто им се може!!! Е па некој треба да застане на нозе и да ги спречи.


Kako i koj?


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 14:36:34   
Ikana
Ники преку избори се разбира, сигурно нема да тепаме и да присилуваме на демократија, нон сенс е тоа, како што е и општествово наше. Никаков ред нема прво. Второ, се што ќе се случи, се заташкува. Не викам на други места дека не е така, ама народот барем има глас и право. Тука ништо. Ко трите мајмунчиња, не слуша, не гледа, не зборува зло.
Ама и една саглам партија да излезеше на избори, сите до еден се исти к****!!! Работата е што, истите транзициски џганои, лешинарат по земјава, треба да дојде некој нов и све ова да очисти, а не некој кој е школа на некој друг и кој е дамбетер далдисан неонацист ко што си ги викам ја нашиве таленти, што ко за инат нејќат да влезат во ЕУ, а ене ги и бугарите и србите и хрватите ни мафтаат од ЕУ веќе. Зашто? Зашто ЕУ има контроли, има ревизии, и не можат да крадат. И наместо да седнат и да го решат више тој проклет спор за името, они цело Скопје го прават во имиџ на Александар Велики. Мислам дементирано понашање до максимум.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 19.4.2012 14:42:43 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 14:45:44   
Viktori
Икана, кој спор за името? Ние немаме спор, туку проблем со нашето име има Грција.
Јас не верувам дека менување име ќе не внесе некаде.

И не ни мислам дека треба да го смениме името за да влеземе во ЕУ или Нато. Баш напротив, треба да си ја средиме државата за нас.

А името единствено што можат да го сменат е во Република Македонија во ОН. Во ништо друго.

< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 19.4.2012 14:46:27 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 14:53:52   
Џесика
Знаете ли дека во Грција оваа вест за убиството е објавена како „4 албански момчиња се убиени од Македонци“ Ја мислам дека Грција и Косово мутат и под диригенција на Америве ги праат сите сра*а... не знам дал да почнувам да кажувам мислење оти каша попара ќе се напраам сама себе.

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 14:59:07   
Ikana
Виктори тогаш треба некое чудо да се деси за да влеземе ов НАТО пошто вака нема да влеземе никад ни во ЕУ ни никаде. Грција е тој катализатор што не блокира секаде, баш ради тој проблем со името што они го имаат со нас. Ете и на суд победивме, така? Па пак никому ништо, ја плеснаа по рака Грција, ете срам да и е, а ние пак ќе си тонеме во мизерија. Не не пуштаат и крај, додека не се реши спорот со името. А другите националност што се во МК немаат веќе трпение за нашите национални интереси, и Александар Велики. Затоа ќе пукне. Зашто додека ние имаме интереси, они имаат други интереси кога веќе план А не успева.
Работата е, имаме прекрасна држава, зошто да не функционира ко што треба. Проблемот на Грција со нашето име, е една од многуте пречки. Има ред други кои и да сакам, немам памет да ги набројам, премногу се.
А со неонацизмот, во ЕУ нема одење. Ќе видиш како ќе го сменат името, ко попчиња, кога ќе писнат од другиве партии, и кога одредена личност ќе почне да се заканува со герилска војна.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 19.4.2012 15:00:02 >

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Политика.....
19.4.2012 15:00:54   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: anedespo

И јас кога се вработив првпат после завршување на факултетот, работев во видеотека за 5000 денари, па на тоа никогаш не сум гледала понижувачки. Напротив сум се радувала дека си имам свој џепарлак. Работев и кај еден како работник за се(од чистачка, секретарка, утоварач на пакети, комерцијалист), па не ми беше понижувачко иако имам факултет. Сето тоа ми беше едно големо искуство со контакти со клиенти, тогаш го усовршив и офисот, кој одлично ми се најде во наредната работа. Значи ај имам факултет и нека ме стават шеф или директор, без никакво искуство.
Имам милион примери каде невработени познаници и пријатели не се вработуваат зашто пребираат работа. А за ниските плати тоа е друго прашање, треба појак синдикат кој ќе се избори за тоа.

А за криза , многу добро сум ја осетила на своја кожа транзицијата во Македонија, бидејќи потекнувам од семејство на градежник и административец каде имаше само една плата од 6000 денари со која се раснеа 2 тинејџери. Меѓутоа тоа не прави да не си ја сакам татковината.

И уште нешто, јас и маж ми секој денар го користиме за дообразование и едукација (магистерски студии, семинари), зашто на тој начин ќе можеш подобро да се продадеш на пазарот на труд. Нонстоп мислиме на кој начин да заработиме плус пари, да работиме и додатни работи, приватен бизнис. Само така се успева, а не со скрстени раце и државата не ми дала работа. Па никој од дома нема да те земе ако сам не си ги засукаш ракавите и да си побараш.






Ja citav cela tema pa da odgovoram na nekoi raboti koi me iziritiraa. Ovoj post e slucaen izbor od site onie sto go propagiraat bolduvanoto i uste gi obvinuvaat onie koi otisle nekade vo stranstvo da rabotat raboti koi nikogas ne bi gi rabotele vo svojata zemja.

Mislam bas mnogu ja gledate celata situacija od svoja gledna tocka.

Da, ste rabotele za mizerna plata na pozicija koja niti odgovara na vaseto obrazovanie ni na vasi intelektualni sposobnosti i bravo za vas da vi pozavidi covek.user posted image

No, ste se zaprasale li vie kolku luge bile odbieni na konkursot za toa mizerno rabotno mesto koi zavrsile trgovsko uciliste, koi nemaat fakultetska diploma koi nemaat tolku znaenje ni CV da si napisat?
I tie se primorani posle toj konkurs da odat na uste kojznae kolku slicni na koi pak mestoto ke im go zeme nekoj so nekoja si diploma koj dosol so prikaskata deka e voljen da raboti se pa i toa, za da si obezbedi otskocna daska vo zivotot?
I koga ke odskoknete pak vie ke im mavtate na ovie jadnive neobrazovani, netalentirani, neintelegentni, neiskusni, so vasite dostignuvanja i kako koga ke grebes so nokti se stiga tamu kaj sto ste stignale. I vo Makedonija mozelo da se zivee dobro ako se saka, ako ne te mrzi i pak ignorirate kolku svet nemoze da najde rabota bidejki ponudata e pomala od pobaruvackata i nonsalantno gi obvinuvate deka nesakaat da najdat rabota...
Za promena mozebi bi mozele da im dadete sovet kako tie so skoluvanjeto koe go imaat/nemaat da vi konkuriraat na vas koi od start ste vo prednost...
ili i tuka imate da kazete onaka sebicno neka se doobrazuvaat, bez da se prasate dali voopsto mozat i dali voopsto na Makedonija i trebaat tolku fakultetski obrazovani luge...




_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 15:02:44   
Ikana
Ја разбрав вчера дека наредниот ден откако се десиле убиствава, герилскиов водач имал состанок со америчкиот амбасадор.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Знаете ли дека во Грција оваа вест за убиството е објавена како „4 албански момчиња се убиени од Македонци“ Ја мислам дека Грција и Косово мутат и под диригенција на Америве ги праат сите сра*а... не знам дал да почнувам да кажувам мислење оти каша попара ќе се напраам сама себе.


(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 15:09:23   
Ikana
Da, ste rabotele za mizerna plata na pozicija koja niti odgovara na vaset_o obrazovanie ni na vasi intelektualni sposobnosti i bravo za vas da vi pozavidi covek.


Значи Ники браво. Прво ја немам што да работам у банка пошто не сум банкар, нити имам економско средно па камоли факс. Чистачка енмам потреба да работам, нити да растоварам пакети, пошто, искрено, сум се образувала и сум инвестирала во себе за да работам во професијата, иако е тоа ретко, сепак не е неизводливо. Мојот проблем со моето невработување ешто чекам да отпочнат преговори со ЕУ и да најдам работа што ми одговара на специјалноста, а не пошто немам што друго да правам, да им ја зимам работата на моите колеги кои се квалификувани за тоа сега јас што го работам.
Каша попара.
И смејсте им се колку сакате на тие во странство што работат, имаат дбевница колку ваша пола плата. А тука не можеш со наша плата ни физиолошка потреба да задоволиш. Затоа и уште така народот размислува, зашто никој повеќе не му дал.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 19.4.2012 15:10:50 >

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 15:10:50   
Џесика
Исто беше и пред скандалот со Вевчанскиот карневал... шуш-буш министерката наша за евроинтеграции (мислам дека не утнав) на состанок во Грција, 2 саати позади затворена врата и без камери... и ете ти после недела-две узбуна со карневалот...Море тоа Грците све ќе напраат да не сотрат, а имаат добар ас за тоа, само ние сме тралалајки...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 15:12:37   
Ikana
Е па кога овие цело Скопје го направија апартман на Александар, што сакаш Џас....ќе не сотрат со насмевка, ова одамна се кува.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 15:13:18   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Ники преку избори се разбира, сигурно нема да тепаме и да присилуваме на демократија, нон сенс е тоа, како што е и општествово наше. Никаков ред нема прво. Второ, се што ќе се случи, се заташкува. Не викам на други места дека не е така, ама народот барем има глас и право. Тука ништо. Ко трите мајмунчиња, не слуша, не гледа, не зборува зло.
Ама и една саглам партија да излезеше на избори, сите до еден се исти к****!!! Работата е што, истите транзициски џганои, лешинарат по земјава, треба да дојде некој нов и све ова да очисти, а не некој кој е школа на некој друг и кој е дамбетер далдисан неонацист ко што си ги викам ја нашиве таленти, што ко за инат нејќат да влезат во ЕУ, а ене ги и бугарите и србите и хрватите ни мафтаат од ЕУ веќе. Зашто? Зашто ЕУ има контроли, има ревизии, и не можат да крадат. И наместо да седнат и да го решат више тој проклет спор за името, они цело Скопје го прават во имиџ на Александар Велики. Мислам дементирано понашање до максимум.


A mozebi e sepak podobro politicki da se aktivira sekoj koj moze za da se dobie nova politicka struja?

Me iznasmea za srbite bugarite i hrvatite sto vi mavtale od EU, a tek Grcite sto se ofajdeni od EU sega da gi prasate kolku pravo na glas imaatuser posted image
I vo EU nemozat da kradatuser posted image zatoa ke ja isfrlat Grcija uste malku bidejki ic nemozat da kradat, a Spancive i Portugalcive i oni ko Grcija samo uste ne im doslol redot.

Sporot so imeto ke sredi samo edna stvar, Grcija nema da izdava livcinja na granica tuku ke udira pecat direktno vo nasite pasosi so novo prifatlivo ime. Standardot, meguetnickite odnosi ke si ostanat isti, neznam sto i kako moze tuka Nato ili EU da smenat.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 15:22:55   
Ikana
Е па изгледа јас сум од последните што има надеж за оваа земја да се среди, пошто од вакви негативни размислувања типа што тука се може и седиш од Грчка ни мафташ тука, а ние на раб на пропаст, многу е интересно и памет се дели онака ко со јабучето да си го фрлиш. Ела малце тука, поработи, поживеј, па да те видам. Дал ќе собереш пари за памперс у месецот. Ама и таму не ви е баш нај нај, ко што гледам пола држава отиде у оган, другата ја продадоа. Уствари ко што сконтав ти на Кипар си? Дамбетер!
Нејсе, политиката е к****, така викаат. Не ме ни интересира политика, ме интересира неправдата и го споделувам моето мислење, ме интересира тоа што не можам од дома да излезам, страв ми е, што ќе ми се случи утре и дали моето дете ќе има што да јаде и школо каде да учи безбедно.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 15:29:27   
Ikana
Само сакав да додадам, НАТО се оние што пола блиски исток го сотреа, и Србија ја бомбардираа па србите се потепаа сега да влезат и за датум за преговори.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 15:32:25   
Viktori
А со неонацизмот, во ЕУ нема одење. Ќе видиш како ќе го сменат името, ко попчиња, кога ќе писнат од другиве партии, и кога одредена личност ќе почне да се заканува со герилска војна.


Само на овој пост ќе одговорам и понатака не ме интересира темава.

ЕУ Е неонацизам. Или подобро чист фашизам.

Кога на мене ми е загрозено правото на самоопределување, не загрозено туку оспорено, од мене имаат само ФАК еу и ФАК нато.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 15:34:12   
Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Само сакав да додадам, НАТО се оние што пола блиски исток го сотреа, и Србија ја бомбардираа па србите се потепаа сега да влезат и за датум за преговори.

и уште ова уствари. user posted image user posted image user posted image

Така ли? Од кај овие информации?
Освен референдум, друга анкета не прифаќам. Откако ќе ги видам Србите да се изјаснат на референдум, па и Македонците - за мене ова се приказни на Б92

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 15:40:57   
Ikana
Значи ја више не дискутирам на темава, не сум толку паметна. Само денес еден мал триумф имав, што Виктори не ми избриша пост. Толку ќе кажам. Оууујеааааuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 16:02:07   
Viktori
не бе, зошо да ти избришам, сменивме соба. user posted image
Туку пази по другите теми, денот пред нас е. user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 16:21:58   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Е па изгледа јас сум од последните што има надеж за оваа земја да се среди, пошто од вакви негативни размислувања типа што тука се може и седиш од Грчка ни мафташ тука, а ние на раб на пропаст, многу е интересно и памет се дели онака ко со јабучето да си го фрлиш. Ела малце тука, поработи, поживеј, па да те видам. Дал ќе собереш пари за памперс у месецот. Ама и таму не ви е баш нај нај, ко што гледам пола држава отиде у оган, другата ја продадоа. Уствари ко што сконтав ти на Кипар си? Дамбетер!
Нејсе, политиката е к****, така викаат. Не ме ни интересира политика, ме интересира неправдата и го споделувам моето мислење, ме интересира тоа што не можам од дома да излезам, страв ми е, што ќе ми се случи утре и дали моето дете ќе има што да јаде и школо каде да учи безбедно.


Ne si ti sama koja se nadeva... Jas 10 godini rabotev vo Makedonija a ziveev 28 i koga vidov deka tamu so plata na prodavacka nemozam ni 1 dete da rodam bidejki ke nemam za pampers i mleko dojdov tuka. I ne vi mavtam od tuka tuku ziveam kako sto moram, najdobro sto znam... i poleka poleka se spremam za uste edna migracija za detevo sto tuka sum go rodila go izgledam i go skoluvam.... Jas nemozam da se bavam so politika ni ovde ni vo Mk, a site vie koi ste se obrazuvale i koi ziveete vo svojata zemja zosto sepak seuste mozete, ne ste mi jasni zosto ne se aktivirate da promenite nesto tuku ne ve interesira politika... i cekate nekoj da ve vnese vo EU...
Djabe i e Eu na Bugarija platite ne im se promeneti, siromastijata si trae. Dabe i e EU na Grcija zosto se iskorumpirani do srz, zosto politikata na kradenje vo Grcija ne im ja vodel nekoj od EU tuku tie samite i samite do tuka si se dovedoa.
Isto i so Mk, ako na vlast ostanat ovie dosgasnive postoecki partii a vistinskiot obrazovan svet ne saka da se aktivira za da donese promeni makar i vo imanje na poveke izbor za pocetok nikogas nisto nema da e podobro.
Ne sum negativna tuku sum realna.
A za strav od izleguvanje nadvor i so kogo ke mi raste deteto i jas go imam i dodeka sum ovde i koga sum tamu.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 18:39:39   
mamicki

Се изначитав револт, баби и жаби, демагогии, празни теории...
Политиката не е наивна, ни случајна, ни ефтина... За жал, постоечките партии, и позиција и опозиција,ќе владеат уште долго, на смени. Демократијата е утопија и илузија. Центарот на моќ секојпат и секаде е ист- пари. Парите си ги имаат изнајмено тие партии, тoа е тоа. Јавното мислење се креира и манипулира од овие центри на моќ, таа е вистината. Многу е тешко да се живее тоа овде, на Балканот, каде што се преплетуваат и прават кратки спојови интересите на локалните, со оние на светските моќници, особено сега, во период на крупни превирања на врвот, т.е кога седиштето на парите менува континент.
Најдобар начин луѓето да речат „НЕ“на ваквиот ритам на живеење каде што вредиш колку што имаш, во кој се знае цената на се, а вредноста на ништо, каде се поклонуваме пред златното теле и страдаме кога имаме 10, поради тоа што немаме 20 пара чевли, на пр. не е да влеземе во игра со намера да победиме, туку да не си играме. Луѓето мора да се свртат кон длабокото „јас-човек“ во себе, кон духовноста, кон вистинските вредности, да ги отфрлат парите, да одбијат да им робуваат.

< Поракaта ја уредил mamicki -- 19.4.2012 18:40:12 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Политика - за, во врска и резултати!
19.4.2012 19:44:02   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki


Се изначитав револт, баби и жаби, демагогии, празни теории...
Политиката не е наивна, ни случајна, ни ефтина... За жал, постоечките партии, и позиција и опозиција,ќе владеат уште долго, на смени. Демократијата е утопија и илузија. Центарот на моќ секојпат и секаде е ист- пари. Парите си ги имаат изнајмено тие партии, тoа е тоа. Јавното мислење се креира и манипулира од овие центри на моќ, таа е вистината. Многу е тешко да се живее тоа овде, на Балканот, каде што се преплетуваат и прават кратки спојови интересите на локалните, со оние на светските моќници, особено сега, во период на крупни превирања на врвот, т.е кога седиштето на парите менува континент.
Најдобар начин луѓето да речат „НЕ“на ваквиот ритам на живеење каде што вредиш колку што имаш, во кој се знае цената на се, а вредноста на ништо, каде се поклонуваме пред златното теле и страдаме кога имаме 10, поради тоа што немаме 20 пара чевли, на пр. не е да влеземе во игра со намера да победиме, туку да не си играме. Луѓето мора да се свртат кон длабокото „јас-човек“ во себе, кон духовноста, кон вистинските вредности, да ги отфрлат парите, да одбијат да им робуваат.


Kako bi mozel ova da go postigne tatkoto na 4 deca od veleskoto selo koj so 7000 denari treba da gi hrani, skoluva, plaka transport?



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?