Fiao
|
Го напишав мојот коментар пред да го прочитам овој, повторно морам да кажам дека во целост се согласувам со Calypso, освен во една реченица: не тоа што ќе го правиш на први, туку на втори јануари, ќе го правиш цела година ИЗВОРНА ПОРАКА: Calypso Вчера доста сте дебатирале, што значи дека 2013 ќе ни биде интересна на РР (нели, што ќе правиш на први јануари, тоа ќе правиш цела година ) Како и да е, што се однесува до темата... јас лично сум за моногамна врска, т.е брак, иако луѓето по природа се полигамни. Не би можела да живеам во таква полигамна заедница, ниту пак да биде обратен случај, јас да имам повеќе мажи. Да, можам да делам храна, пиење, облека со други, ама постела со друг не можам да делам, освен со оној маж со кој пред Бога сум склопила заедница. (Леле, ова звучи ко јас да сум се чувала за брак ) Религиите се осетлива точка за верниците. Светите книги според кои се водат светските религии се секому достапни, секој може да ги чита и толкува како што сака во границите на своите можности. Затоа имаме толку многу недоразбирања меѓу верници од иста религија, а што останува за различните религиски убедувања. Да не заборавиме, и светите книги се пишувани, допишувани, средувани низ вековите, прашање е дали оние верзии кои ги имаме сега се истите со оние кои ги имале, да речеме во 15 век. Не го оправдувам ова што го прави Уму Ајна, ама не го ни осудувам, секој има право на избор како ќе го живее животот, нели? Ако и е неа убаво, нека и е. Моето мислење (со ова може да навредам некого) е дека секаде има фанатици во име на верата, како во ислам, така и во христијанство, јудаизам, будизам итн. Лично сметам дека овој начин на живот со бигамија/полигамија е еден вид на верски фанатизам и перење на мозокот, односно толкување на светите книги кому како му одговара, што секако може да се случи во било која религија. Не прашувам што, како, зошто... само не ги оправдувам оние кои во име на верата прават некои работи кои се надвор од моралните правила и норми воспоставени во цивилизирани земји кои имаат Устав и закони за СИТЕ граѓани, без разлика на вероисповест и национална припадност. Не можам да сфатам, верски брак да, граѓански не? А на Блискиот Исток, во повеќето земји има и граѓанско склучување на бракот (церемонија во матично), со тоа што од страната на жената мора да има машки член од нејзината фамилија што го потврдува склучувањето на бракот. Јас лично, ја почитувам сечија вера и верувања се додека не се меша во моите верувања и мојот начин на живот. Затоа и го почитувам правото на избор во исламската религија еден маж да има 4 жени, ако е праведен кон сите. Ама, тоа ако може да го исполни, да биде така, инаку, од бес, не, тогаш и пред Алах е грешник. Ако човек е образован, не значи дека е културен и фин П.С. Инаку, информирана сум од прва рака дека жените во Саудиска Арабија имаат право на школување и описменување, имаат дури и право да се омажат по свој избор, иако најчесто таткото им го бира сопругот кој дебело плаќа за жената одредена сума пари и плус доплаќа уште половина од истата сума во случај на развод. Не смеат да возат автомобили, не смеат да излегуваат сами, ама тоа полека се менува. Шетаат покриени со абаја и носат само марама на главата, само во поекстремни случаи носат фереџе или бурка. Мажите ретко, многу ретко имаат повеќе од една жена, со исклучок на моќниците. Но тоа не е темата тука, темата е друга.
< Поракaта ја уредил Andriance RR -- 2.1.2013 17:30:38 >
|