talisman
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany ИЗВОРНА ПОРАКА: talisman So Umu Ajna se soglasuvam samo okolu toa deka poligamijata e dozvolena vo site monogamni religii. Drug e faktot kolku istite gi poznavame i pred se gi praktikuvame vo naseto sekojdnevie Не можам да разберам ниту да ја прифатим бигамија, полигамијата и се друго што не се однесува на односот на само еден маж и една жена. Се одлучив да пишувам на темата бидејќи бев "испровоцирана" од постот на уму ајна и сега талисман кои потенцираат дека и христијанството дозволува полигамијата. Библијата е состои од Стар Завет и Новиот Завет. Од доаѓањето на Господ Исус Христот на Земјата (патем речено Господ за Христијаните, за муслиманите само посланик), ние, христијаните сме Новозаветни верници. Значи не живееме веќе по Стариот Завет, туку Новиот Завет и по учења на Господ Исус Христос. А тој во Еванглелието по Матеј (глава 5) има кажано: 27 ”Сте чуле дека им било речено на старите: ‘Не прави прељуба!’ 28 А Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце. 29 Ако твоето десно око те соблазнува, извади го и фрли го од себе; зашто е подобро да ти пропадне еден од членовите, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот. 30 И ако твојата десна рака те соблазнува, отсечи ја и фрли ја од себе; зашто ти е подобро да пропадне еден од твоите членови, отколку целото твое тело да отиде во пеколот. Апостол Павле во писмо до Коринтјаните (Новиот Завет, глава 6) пишува: 9 Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни БЛУДНИЦИТЕ, ни идолопоклониците, ни ПРЕЉУБНИЦИТЕ, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци), 10 ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство. 11 И некои од вас беа такви. Но, се измивте, и се осветивте, и се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос и во Духот на нашиот Бог. Точно е дека во Стариот Закон имале повеќе жени, ама никаде, баш никаде тоа не беше наредба од Бог, ниту пишува некаде дека Бог тоа го одобрува, напротив на самиот почеток на Библијата (во Битие, глава 2) пишува: 21 Тогаш Господ, Бог, му нанесе длабок сон на човекот та тој заспа, и му извади едно од неговите ребра, а местото го исполни со месо. 22 Од реброто што го зеде од човекот Господ, Бог, обликува жена и ја доведе при човекот. 23 Тогаш човекот рече: „Сега најпосле, тоа е коска од моите коски, и месо од моето месо! Нека биде наречена Жена, зашто е земена од Мажот!” 24 Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, И ЌЕ СЕ ПРИЛЕПИ КОН СВОЈАТА ЖЕНА ; и тие ќе станат едно тело. (запазете дека никаде не пишува кон СВОИТЕ жени, дури и во Ст. Завет) Не ми беше тешко да си најдам некои извадоци, сепак не сакам кога прочитам дека некој зборува за мојата вера, а не ја познава добро. Инаку, попрво ќе запознаам подобро нешто што јас го исповедам, неголи да ме интересира нешто друго. Тоа од верскиот аспект. Mozebi neznam kolku ti za hristijanstvoto, ama znam deka Avram, Jakov, David, Solomun itd. koi kje se soglasis, se znacajni lugje spomnati vo stariot Zavet, bile poligamisti
|