Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 4.2.2013 12:45:15
elenak
Па јас само ставам во една ќеса, завчера баш го средував плакарот на Ј и извадив еден куп алишта што и се мали, ама не можам да дојдам Се радувам што ве има во голем број Ајде една иницијатива од мене, знам дека не има повеќе од Гевгелија на Рингераја, па ако не можеме да присуствуваме на оваа средба да се организираме тука, и овде сигурно има дечиња на кои им требаат алишта и играчки. Ајде рингерајки, нашата хуманост нека ја обиколи цела Македонија.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 4.2.2013 13:05:35
AnnaMolly RR
Женски, еден мал апдејт на информациите.
Овојпат донациите ќе бидат наменети само за дечињата со посебни потреби од Иднина. Јас исконтактирав со мојот контакт во Иднина и беа пресреќни. Ми рекоа дека имаат околу 150 дечиња на возраст од 7 до 18 години. Значи ќе треба малку да се преорганизираме околу тоа што да се носи. Јасно е дека нема да бидат потребни облеки за мали бебиња и дечиња, па доколку немате облека за оваа возраст може да донирате:
- Училиштен прибор (тетратки, боички, моливи, пенкала и слично) - Средства за хигиена (шампончиња, сапуни, влажни марамчиња) - Книги или сликовници - Обувки и облека - Играчки (буквално секакви од колички до кукли, коцки, топки... листата е бесконечна)
Не треба многу за да се покаже хуманоста, верувајте за само 200-300 денари може да купите мноооогу училишен прибор или средства за хигиена. Секако, ова е хуманитарна забава, па секој може да донира КОЛКУ ШТО МОЖЕ да одвои, а буквално секоја помош е добредојдена.
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 4.2.2013 13:18:03
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Ете сега ме израдува..Редно е и на овие дечиња лицата да се насмеат..Ставај ме и мене на список - само уште еднаш кажете кога и каде..Се надевам дека се ке биде во ред и ке можам да дојдам со моите цуциња...
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 4.2.2013 15:15:39
AnnaMolly RR
Ајде повелете конечни детали околу средбата.
ВРЕМЕ - 24 февруари, недела, од 11 до 13 часот МЕСТО - Игротека Ен-Два-Три
Бидејќи игротеките си наплаќаат закуп на простор, а ние тоа не можеме да го платиме, од Ен-Два-Три се согласија да ни ја отстапат игротеката бесплатно за тие два часа, со тоа што секој ќе си плати што ќе си порача (кафе, сокче, сок за детето и слично).
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 4.2.2013 17:41:26
AnnaMolly RR
ajde devojki, sakam da ve ima vo sto ogolem broj, da se zapoznaeme i vo zivo :) sakam i betani i miana da gi zapoznam, ama i drugite sto dosega ne bile so nas na druzba. da pokazeme kolku mozeme da bideme zdruzeni i humani
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 4.2.2013 22:15:35
AnnaMolly RR
I najvaznoto zaboraviv da go pisam! Od Vitaminka ke donesat paketi so slatki zadovolstva za decinjata od Idnina, a uste sme vo pregovori i so drugi firmi, pa ke ve izvestam dokolku ima uste zainteresirni za donacii. od vitaminka bea prekrasni i vednas se soglasija da bidat humani. Ogromno BRAVO I FALA za niv!