Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Еве на прагот сме од зимата.Малку подолго ќе не подржи топлото но ноќите и утрата се многу ладни па се прашувам како ги облекувате вашите деца кога е ладно?Дали почнавте да им облекувате хулахопки,поткошулки?
мене ме интересира баш зимово ноември ми е терминот и облекување на новороденче дали треба да биде нешто посебно облечено бебето иако собата е затоплена 20 степни
Моето сонце се роди на 11 ноември и го облекував вака горе бенкица па боди со долги а долу ѕиврички со стопалчиња и на крај одозгора плишано или памучно шпикозно.Обавезно капче на глава и ракавички.Вака за новороденче.Сепак тој само лежи и мора убаво да е облечен а температурата на собата околу 20.Ни многу топло ни многу ладно.Ако имаш прашања пиши.
мене ми е терминот 8 декенври баш ке не фати зима! се прасував дали е подобро да го покривам бебушот со јорганче или да го ставам во врекичка? има ли некој искуство за тоа?
Сани новороденчето е толку беспомошно што како ќе го легнеш така останува.Не се открива и што и да одбереш нема да згрешиш.Јас би ти препорачала вреќичка за спиење.Доколку го ставиш од раѓање полесно ќе се навикне на неа.Јорганче никогаш не сум користела бидејќи спиеме на температура околу 18 и кебенце ни врши работа.
сеуште сме без хулахопки и мислам дека ке поминеме без нив освен кога ке биде ептен ладно..сеуште е на боди со кратки и маичка по долги и навечер јакничка, вчера дури и се испоти додека шетавме низ ГТЦ па му ја соблеков јакната
преку ден хулахопки боди на кратки блузиче и панталони на долги ако е поладно и блузон,тренерка за спиење пижамки на долги со боди на кратки и кебе кое го користиме последнава недела предходно со плишано кебе
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
RE: Облекување на бебе во зима 15.10.2009 13:19:30
mis.
И ние вчера почнавме со хулахопки оваа многу ладно почна.Се навикнавме на сонце,топло и некако многу не втресе наеднаш.И во градинка е со хулахопки големиот но нема кој да му го соблече,31 се во група на кој по прво. Ја облековме и дебелата јакна.
RE: Облекување на бебе во зима 15.10.2009 13:24:58
BEBICA
Monika veke nekolku dena e so bodi na golgi rakavi, dole nosi hulahopki trenerka dolna so gorno.A koga izleguvame nadvor ima edni malku podebeli farmercinja odozgora jaka kapa posradi toa sto na pr. vcera bese mnogu ladno.
RE: Облекување на бебе во зима 15.10.2009 13:25:40
Maca25
Денес и Нина за прв пат носеше хулахопки. Многу ми беше смешна како ги тегнеше за да ги соблече. Денеска пред да излеземе од дома и облеков боди и тенко џемперче и јакна ветровка, а на ноџињата хулахопки и панталонки. Сега и ги соблеков хулахпките пошто од одење во дубак се испоти.
RE: Облекување на бебе во зима 15.10.2009 13:32:09
Maca25
Денеска кај нас го пуштија парното и беше сабајле топло, ама кај моите во куќата е ладно. Сабајле кога видов на тел дека надовр е -2 степени, целата се збунив, не очекував дека толку брзо ќе залади и не знаев што да ја облечам Нина, а ни јас . Нина се роди во зима, ама дома ни беше многу топло и затоа не ја облакав нешто премногу, ама еве сега шеткаме и појма немам дали е многу наоблечена или пак малку?!?!?!
RE: Облекување на бебе во зима 15.10.2009 13:33:54
mami
сеуште без хулахопки на боди по кратки и тренерчиња по дома и нормално од оние плетените чорапчиња со кожичка одоздола, а за надвор богами ги најдов сите подебели панталони и џемперчиња, а денес ги ископав и дебелите јакни и капчињата, па кога го наоблеков- како ескимче...
RE: Облекување на бебе во зима 19.10.2009 11:27:15
Sara
Колку би требало да е температурата во собата зимоска? Јас се плашам да не претерувам со затоплувањето бидејќи живееме во куќа и малку поладно е а имаме сопствено парно, во спална имам и конвертор и нон-стоп го користам. Синоќа толку беше јако парното што мене ме фати грло - ме исуши а имав ставено мокра пелена на парното да испарува и барут сува беше. Јас го облекувам со боди и шпикозни ама приметив на вратчето и грбот како да се нафрли можеби му е топло премногу?? Викаат машките не трпеле многу топло, стварно незнам како да постапам.
RE: Облекување на бебе во зима 19.10.2009 11:33:01
mami
Сара колку ти е температурата дома? нас во собата кај што спиеме ни е на 18 ставена плочата и кога ке достигне се гаси сама, а во собата каде што си игра преку ден е ставена на 23-25 и таман му е, со боди по кратки и една подебелка блузичка