Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Прва нова храна на бебето II 29.10.2014 21:11:43
Ilina87
Vezilka, со секое воведување на цврст оброк отфрлаш по еден млечен. Кога ќе почните со зеленчук ќе треба да пие 3 пати млеко и да јади еднаш овошен и еднаш зеленчуков оброк, зборувам кога ќе јади количина од 100 гр за да се замени оброк. И јас не се согласувам дека зеленчукот без сол не е вкусен, па бебе не може да знае каков вкус има со сол. Јас зеленчук воведив после 5 и пол месеци.
RE: Прва нова храна на бебето II 30.10.2014 9:59:38
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
И ние почнавме со дохрана. Сега сме пет ипол месеци а почнавме пред четери недели. Досега воведовме јаболче, банана, круша и морков. Со овој редослед воведував и кај првото,со тоа што сега ми секнаа овошки нели. За Никола прво ги воведов скоро сите овошки, ама почнавме во мај, па после продолжив со зеленчук, кога требаше да му воведам втор оброк. А сега што да правам. За наредна недела во план ми е тиквата да му ја воведам и за после не знам ич. Некако многу рано ми изгледа за зеленчук, па немаме ни 6 месеци. ЈАс додуше морков воведов, ама тој го комбинирам со овошје, тоест со јаболче.
Везилке, не ви е рано за зеленчук, некои компирот го воведуваат во 5 месец. Но еве ако сакаш да почекаш да наполни барем 6, може сега да му воведеш наредно ориз (после тиквата) па потоа компир, брокула.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Прва нова храна на бебето II 30.10.2014 13:15:32
vezilka RR
Е сега ја гледав табелата на исхрана на РР. Таму пишува тиква на 7 месеци. А јас планирав сега, на пет ипол. Кога воведовте вие тиква?
А исто и кајсија, праска и слива, што ги имам како компот, пишува од 6. Да се држам строго до табеливе ли? Иначе компотот е без шеќер, со цејлонски цимет како конзерванс.
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 30.10.2014 13:18:01 >
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Прва нова храна на бебето II 30.10.2014 14:30:04
Melanija RR
Кајсија и праска е поалергено,но тиква може за слива не сум сигурна.Ова според мене Таман со 6 месеци компир,ориз,морков,тиква,тиквица,спанаќ... И јас исто мислам дека грам сол недава вкус,еве на 12 м почнав еднаш неделно малку колку ете да дадам.По мене втор оброк по проба на зеленчук неколку вида.На 7 месеци по мене е ок.Може да се воведе цврст но детето да бара млечен оброк.Како читам некои и јадат и машала пијат млеко.Тоа е до детето
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Прва нова храна на бебето II 30.10.2014 18:10:02
Ilina87
Не се согласувам со календарот од РР. Споркед мене има доста грешки. Праска и кајсија е многу рано да се воведат на почеток, бидејќи се доста алергени. Дури и двајца педијатри ми имаат кажано после година да се воведат истите. Слива може, после јаболко и круша да се воведе. Исто и тиква мислам дека може во почетокот.
RE: Прва нова храна на бебето II 30.10.2014 18:17:03
sandriana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Е сега ја гледав табелата на исхрана на РР. Таму пишува тиква на 7 месеци. А јас планирав сега, на пет ипол. Кога воведовте вие тиква?
А исто и кајсија, праска и слива, што ги имам како компот, пишува од 6. Да се држам строго до табеливе ли? Иначе компотот е без шеќер, со цејлонски цимет како конзерванс.
Тиква може со 5 полни. Праска и кајсија - почекај малку, за слива секако можеш да дадеш. Зеленчук - компир, морков и ориз за почеток, па таман ќе наполни 6 месеци за другите зеленчуци - брокула, карфиол, целер, кромид...да правиш комбинации.
RE: Прва нова храна на бебето II 4.11.2014 13:58:59
kate18
Za dva dena polnime 5 meseci, do sega sme probale jabolko, morkov, krusa ( ja obozavase), banana ( vkusot na gotova hipp kasicka mene voopsto ne mi se dopadna ), mi rekoa gotovi kako posigurni, ama mislam deka domasnite ke bidat povkusni. Si kupivme i ubav blender i od utre ke go probame, na red ide oriz, pa ke vidime posle toa.
RE: Прва нова храна на бебето II 10.11.2014 11:15:32
vezilka RR
Сливата ја воведовме и супер ја прифати. Сега за денес спремив тиква. Ја сварив и ја изблендав со банана и малку млекце, од неговото АД што не го допи. Сега да видиме дали ќе ја јади. Хихи ми заспа па чекам да се разбуди. Туку сакам да прашам кокосово масло кога можам на бебе? Јас сега од истава смеса што ми остана си ја помешав со чија и некои други семиња и кокосово масло и ептен ми се бендиса каков вкус му даде па си викам и на бебко да му давам.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Прва нова храна на бебето II 16.11.2014 22:38:00
Maja Peovski
Здраво на сите! утре полниме 4 месеци и сме на дохрана со вештачко млеко, би сакала да почнам и со кашички па барам совет од вас со што најпрво да почнеме, сокчиња или кашички од јаболко, крушка морков? што најпрво дадовте вие на вашите малечки?
RE: Прва нова храна на бебето II 18.11.2014 12:25:54
vezilka RR
Дечки вчера прв пат му дадов компир на Јосиф. Компир со тиква. Му го даов некаде околу 4 ипол попладне и вечерта имаше по грпчето и стомашето некое црвенило. Можмо ли е од компирот?И има ли правило колку пати тиква во неделата можам да му дадам?
Лелеее се сум забораила. Маслиново во зеленчуковите каши од сам почеток се става, или да чекам до 7 месеци?
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 18.11.2014 12:27:08 >
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Прва нова храна на бебето II 18.11.2014 13:01:15
AneLav RR
Наместо маслиново можеш путер да ставаш поздрав е у секој случај само и јас не се сеќавам од која возраст им ставав путер.А не верувам дека од компирот и тиквата се нафрлил, случајно е сигурно. Гледај преку еден ден да даваш тиква или морков.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
RE: Прва нова храна на бебето II 18.11.2014 13:07:52
sandriana RR
sonc90, твоето прашање за рецепти за кашички и советите од нашите РРајки ги префрлив во соодветната тема Беби рецепти -> ТУКА, каде што ќе прочиташ и други рецепти и начини на подготовка на кашичките.
RE: Прва нова храна на бебето II 18.11.2014 13:09:15
Melanija RR
vezilka RR сега си се читнав во темата ТУКА сум дала на 7 месеци путер.И јас не верувам од тиква да се нафли а незнам за колку пати,веројатно 2 до 3 пати неделно
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Прва нова храна на бебето II 18.11.2014 20:31:15
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR И има ли правило колку пати тиква во неделата можам да му дадам?
Па мислам нема ограничувања, ама да не биде секој ден. На една колешка детето секој ден и јадело тиква околу 7 дена и добило пожолт тен. Помислиле да не е жолтица, но после проверка на крв и преглед кај матичната им рекла дека тоа пожолтување може да се јави од тиква и морков.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Прва нова храна на бебето II 20.11.2014 13:02:48
vezilka RR
Леле отеков на темава, хихихи. Дали тиквичка смеам на 6 месеци. Мислам дека смаеам туку ај да прашам. И уште нешто, овие тропскиве овоштија, од кока се даваат, на пример, кокос, авокадо и ананас. Ловам што има во свежа форма од овоштијава. А да, и кива?
Леле, за Никола ич не размислував што кога ќе дадам, баш вака оти многу покасно почнавме со густа храна и сега ми доаѓа ко за прв пат.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Прва нова храна на бебето II 20.11.2014 14:10:05
kate18
Nie imame 5 ipol meseci, posledniot pat koga bevme na vakcina ja prasav sto mozeme sledno da vovedeme od vkusovite mi rece tikva i tikvica, znaci mozes Vezilka da vovedes tikvica. Nie deneska si jadevme oriz i jabolko. Ako moze nekoj da kaze iskustvo so kompirot, mnogu mi stanuva lepliv koga go blendiram...
RE: Прва нова храна на бебето II 20.11.2014 16:21:59
Felly RR
Кате, не знам како го блендираш компирот - со млеко? со водичка? Ако така ти е леплив може да пробаш и со јогурт. Везилке, авокадо мислам дека можеш од 6 месеци.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Прва нова храна на бебето II 20.11.2014 18:20:05
sandriana RR
пример, кокос, авокадо и ананас. Ловам што има во свежа форма од овоштијава. А да, и кива?
Авокадо можеш да даваш, кокос во форма на масло, а за брашното и плодот општо немам искуство, киви се алергени - после полна година, а мислам и ананас дека се дава подоцна, околу 1 година.
RE: Прва нова храна на бебето II 23.11.2014 8:19:49
tincule
Мене еве педијатарката ми рече сега да почнам со кашички и сокчиња од морков, јаболко, крушка, модра слива, праска и можам и тиква да и давам со тоа што морков да гледам најмногу 2 пати само во неделата. Имаме 4 месеци ќе почнеме за 2 недели негде отприлика. Кајсија ми рекоа дека сега не се дава пошто била потешка за децата се дава покасно а тиква можеш кога сакаш дури било многу убаво ако детето ти ја сака да ја јаде.
RE: Прва нова храна на бебето II 23.11.2014 9:56:21
Melanija RR
Праска? Ова не сум чула.Баш таа е поалергена Јас сок дадов мак 1 недела после кажи,сокот нема баш никакво значение.Го дадов за да осети поинаков вкус од млеко
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Прва нова храна на бебето II 23.11.2014 10:49:52
Felly RR
Изгледа препораките се сменети од пред 5 години. Јас когас почнував со дохрана кај М, педијатарот и праска и кајсија ми ги наброја во храна која може да се дава од 6 месеци. Сега гледам кајсијата ја спомнуваат повеќемина за подоцна.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Прва нова храна на бебето II 23.11.2014 15:10:58
nataly86
Препораките се менуваат од ден на ден Секој педијатар башка школа....Потарите педијатри соверуваат од 4 месеци дохрана..помладите од 6 и тоа диреконо со кашички...се вели дека сокот нема никакво значење во исхраната...искрено има многу различни мислења како што кога да се почне...има и некои и ново житарки киноа амарат просо што ги дават се вели дека имаат голема нитритивна вредност...кој знае..секогаш крајната одлука е на мајката..