|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето
14.12.2009 16:51:03   
mis.
Редослед на воведување на дополнителна храна?
Воведувањето на нови намирници треба да биде постепено. Препорачливо е внесување на 1 до 2 намирници неделно. Внимавајте секоја намирница на почетокот се дава во мали количини, затоа што се можни алергиски реакции. Кога ке утврдите дека нема никаква реакција на новата намирница постепено ја зголемувате количината до полн оброк. Поради функционална незрелост на цревата, не е пожелно да се мешаат две намирници  одеднаш. Затоа првите кашички се подготвуваат од еден вид овошје или зеленчук, а потоа можат да се мешаат веќе воведените продукти.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Прва нова храна на бебето
14.12.2009 17:48:08   
Еца
Мила на 22 ќе наполни 5 месеци па ќе се консултирам со педијатарот дали да почнам полека нешто да и воведувам, или да продолжам само доење до 6 месеци.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Прва нова храна на бебето
21.12.2009 20:05:25   
Еца
Zdravo! jas imam bebence od 5 meseci i 6dena i bi sakala da mi objasnite ako moze kako da pocneme so dohrana i dali sami da ja prigotvuvame hranata ili so kasicki da pocneme i dali treba sokcinja da se davaat i koi,i kolku na pocetokot se dava i kako,sto... pozdrav,blagodaram!  ова е порака што ја добив од милаа.

Ајде вашите искуства. И јас имам бебе утре што ќе полни 5 месеци, но мене ми рекоа да останеме само на цицање и овој месец.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Прва нова храна на бебето
21.12.2009 20:13:28   
nadica
мое мислење е дека со полни 5 месеци можеш да почнеш со сокчиња додека да се навикне на нови вкусови а потоа полесно ќе биде со кашички

јас згрешив до 6 ипол не давав ништо па сега мака мачам за јадење и несакаовошје и зеленчук мислам само поради доцното воведување

< Поракaта ја уредил nadica -- 21.12.2009 20:15:43 >


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Прва нова храна на бебето
21.12.2009 20:16:26   
Anushka
Кога првите две деца раснеа, тогаш овие правила не беа толку строги (рани деведесети). На пр. им давав мед (!?!?), портокал, лимон, уште од 2 месеци! Или пак јадеа грав на 4! А кравјо млеко (растворено) од 4, исто!
Сепак сега за Мила, ми рекоа вака (и логично е): друго било порано, тогаш не било се` така вештачки, со многу пестициди, емулгатори и сл. Затоа е важно да ако се дои бебето, тоа да се форсира (како кај тебе Ецка). Но, ако е на дохрана, тогаш може да се почне со кашички. До сега Мила најмногу јаде пашканат, јаболку, шипка и слива. А сака и кашичка за лека ноќ од Хип со плазма.
Важно е да се почувствува ритамот на бебето. Ако сака каши повеќе од млеко, тогаш треба да се форсираат. И тоа на почеток купечки, затоа што се внимавало да бидат направени од органска храна (ова баш и не ми се верува).
Сепак, имам и јас прашање: од кога можеме да почнеме со кисело млекце или јогуртче?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Прва нова храна на бебето
21.12.2009 20:21:26   
nadica
јас може да се каже дека одкога почнав со дохрана давам јогурт или кисело млеко и само тоа го бендисува и сега ако не е јадена само тоа не го одбива

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Прва нова храна на бебето
22.12.2009 11:28:12   
mis.
Анушка мене педијатарот ми рече со кисело млеко и јогурт да почнам на 6 месеци и најубаво било со палента помешано.Киселото млеко и јогуртот ги немало тие алергени кои ги содржи чистото млеко.Барем така мене ми беше кажано.Јас лично мислам дека е мала за плазма поради глутенот.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Прва нова храна на бебето
3.1.2010 23:30:28   
Еца
Мила има 5 месеци и 10 дена и вчера прв пат и дадов банана малку. Со каква сласт ја изеде, се згазивме од смеење. Да и давав уште ќе јадеше.user posted image Мартина на почетокот ништо не прифаќаше така лесно.

< Поракaта ја уредил Еца -- 3.1.2010 23:35:59 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Прва нова храна на бебето
3.1.2010 23:33:02   
nadica
user posted image user posted image user posted image за мила кукла таа умна јас сеуште мака мачам за јадење user posted image ама како викаат за второ ќе си знам (ако не заборавам) user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Прва нова храна на бебето
3.1.2010 23:37:13   
Еца
user posted image запишувај сиuser posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Прва нова храна на бебето
3.1.2010 23:39:12   
jovanka
So prvoto so hrana se iznamacivme ama so vtoroto se probuva ama so pienje na tecnosti bez razlika sto e samo so lazicka ili edvaj goltka dve od casa sise ili caska so klunce ne sakase nikako da prifati.Ama eve go postepeno kako rasteme si se ucime da pieme od caska.Samo cekor po cekor....za bilo koja hrana.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Прва нова храна на бебето
4.1.2010 20:04:30   
milaa
sepak fala eca. ja pocnav da i davam da jade jabolko,banana,uste jademe po malce kolku da navikne na vkusovi.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Прва нова храна на бебето
8.1.2010 1:54:51   
Mamicka3
Ние вчера наполнивме  3 месеци и 17дена и прв пат му дадов печено јаболко,а денес му испасирав пола банана со сок од една мандарина и сето тоа убаво си го изеде без да трепне.Бараше уште но доста за денес утре пак нешто ново

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот milaa)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Прва нова храна на бебето
8.1.2010 9:34:43   
mis.
Мамичка user posted image user posted image user posted image user posted image за вас но сепак јас ти препорачувам постепено воведување на овошјето дај некој период на адаптација и одалеченост од едно до друго овошје а и претпазливо со мандарината.Сепак се работи за мало бебенце и се што му даваш претпазливо.

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Прва нова храна на бебето
8.1.2010 10:17:48   
STRUMFETA
Mislam deka seuste e mnogu rano,no razlicni pedijatri,razlicno preporacuvaat.Ete so edna prijatelka so koja zaedno se porodivme, cesto diskutirame na temava.Nejze drug pedijatar i rece od 3 ipol meseci da zapocne so voveduvanje druga xrana.Mene mi preporaca barem do 5 ipol da pocekam.Nekoi preporacuvaat jajce od 6, nekoi od godinka.Isto e i za mesoto.Mi bese kazano za pocetok cisto telesko meso,ubavo svareno,ne pilesko radi xormoni.Nejze i rekle stek,kopaniuser posted image user posted image user posted image Ona na deteto dava tetrapak sok,isto po preporaka na lekaruser posted image user posted image user posted image Od 6 maseci ni rekoa da zapocneme so voveduvanje na kravjo mlekouser posted image
Se raboti za 7 mesecni deca

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Прва нова храна на бебето
8.1.2010 10:23:32   
mis.
Да многу педијатри многу мислење и најчесто различни затоа мајкта реба да се потпре за својот инстинкт бидрејќи самата најубаво знае што е најдобро за своето дете.Само внимателно со храната која содржи алергени,глутенот,млекото.Доколу сте во дилема подобро прашајте отколку да експериментирате а затоа е тука рр и многуте искусни мамички кои се спремни за совет.

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Прва нова храна на бебето
8.1.2010 11:28:04   
dragana_vane
Kade mozam da najdam recepti za hrana za bebinja, spored mesecite? na koja web strana?

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Прва нова храна на бебето
8.1.2010 11:31:26   
mis.
Рецепти имаме и ние на рр одиш горе во содржина и рецепти,а имаме и тема Кликни тука



< Поракaта ја уредил mis. -- 8.1.2010 11:33:41 >

(Одговор на членот dragana_vane)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Прва нова храна на бебето
14.1.2010 16:53:37   
Еца
Анушке и даваш ли ти нешто на твоја Мила да јаде, мојата еве денес што убаво си касна варена јаболка, вчера со банана, мераци, отвора уста, живи смешки. Планирам утре морковче, па за некој ден компирче. Како напредувате вие со храната?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Прва нова храна на бебето
15.1.2010 22:16:59   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natasha5

Леле не знам дали сте пишувале на оваа тема ам не можев да видам.
Ме интересира од кога е правилно да се воведе гриз, и дали воопшто е добро за детето.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Матеа

И мене ме интересира истово, ако знае некој нека ни кажи

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

гризот е одличен за бебинја,ама содржи глутен..па доколку сте почнале со п-ди кои имаат глутен и детето не покажало никаква реакција...можете слободно и со гриз..јас на Марко околу 5 мм му дадов !сега баш ептен точно не знам

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

гризот е пченичен произвот кој содржи глутен.За тоа кои последици ги има глутенот по здравјето на бебињата имаме тема Целијакија кликнете тука.Од наведените причини јас им советувам на сите мамички претпазливо со гризот барем да почекаат до полни 7 месеци на бебецето.

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

ни досега не сме пробале гриз, јадеме веќе разновидна храна, вклучувајќи и храна со глутен, ама ете не сум се сетила да пробаме гриз... најчесто во овошните кашички му додавам бисквити, јадеме скоро секојден бисквити ама по малку, за да не биде само овошје, да го засити подолго време... комбинации од банана, печена јаболка, варени сливи, круша со бисквити. Некако не чувствувам потреба да проба гриз, а и не не го јадеме со мм, и пред да се мажам и родам не јадев гриз, најчесто мајка ми го додаваше алва кога правеше, инаку не се сеќавам.

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Стефан гризот најчесто го јаде како домашни припремени кнедли во супа.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Матеа

Да поставам прашање сакам овде и за палентата ако знае некој и ако ја користел за своето молам да пиши нешто сакам да почнам да му давам на палента.

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

јас му давам на син ми некаде од 7-8 месеци... ја јаде со павлака.

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Matea zlato palenta mozes slobodno da davas posle 7 mesec so malku puterce.No ke zemes od ona bas pcenkarno brasno ne onaa klasicna palenta koja nie vozrasnite ja jademe.Zatoa sto ona e dosta gruba pa moze i da odbie da jade.A poentata e da nasite najmili jadat.
Inaku jas na Monika vaka sum spremala koga imase 7 meseci vo 60ml.voda vo tendzerce ke stavam da provrie voda ke dodadam malku puterce toa da provrie, a nastana vo malku vodicka ke rastvoram dve do tri lazicinja pcenkarno brasno malte ne kako puding da spremas, posto ako go sipas direktvo se ke se strorat grudvicki.E koga k e ti provrie vodata go dodavas rastvorenoto pcenkarno brasno i mesas, mnogu brzo e gotovo.Ako ti e gustucko mozes da dodades edna lazicka kiselo mleko.

A za grizot jas probav prv pat vo 9 meec i Monika mi ispovrati nekolku pati i se do godinkata ne i davav.Sega i davam no malku med ke i stavam.No med posle godinka.
Se nadevam deka ti pomognav.


ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Јас мислам дека палентата можеш и порано да ја даваш и на 6 месеци дека нејзиниот состав е всушност пченкарно брашно и не содржи глутен и од алергиска гледна точка слободно може да се дава и порано.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Матеа

Бебица да ти кажам дека јас живееам во Шпанија и овде не е својствено да се дава на бебето палента ама ете јас сакав за да разбијам монотонија. Но ќе се потрудам и ќе побарам. Инаку гледам сега на форумиве за исхрана и да ви кажам дека сум изненадена колку има разлика во исхраната. Овде не се практикува да се дава грав, боранија и мн др тешки работи за тоа го препорачуваат после 1 годинка кога ќе наполни. Велат дека нема последици тогаш ама се јавуваат подоцна кога се постари децата. Јас еве читам дека му даваат смоки на 7 месечни и ве советувам да не му давате затоа што ќе си има детето проблеми со бубрезите подоцна бидејќи има сол во смоките.

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

E draga Matea jas neznaev deka zivees vo Spanija, balzesiti mnooogu ubava zemja.
Za gravot boranijata i grasokot i jas na Monika ne i davav do 11 mesec, potocno gravot duri posle godinkata posto e mnogu tezok i stvara gasovi duri i moze da sozdade grcevi.
Ako mi veruvas jas na Monika koja ima 15 meseci seuste ne sum i dala nitu smoki niti cokolado, posto mislam deka seuste e mala a sto podolgo izbegnuvam toa podobro za nejziniot imunutet.I se slozuvam so tebe vo potpolnost.
Pred nekolku dena ispukavme pukanki i gledam ona saka pa i dadov dve tri nesoleni pa si gi izgricka no sepak toa e pcenka, nema aditivi.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Во една мала брошура која ми ја даде еден педијатар "Современи ставови за исхрана на доенчињата и малите деца" пишува вака:

Во житарките има доволно растителни влакна кои го помагаат варењето, големи количини витамин Б и протеини, меѓутоа не можат да се примаат во сурова состојба. Најдобро е да се започне со пченкарни житарки (палента, пченкарни снегулки, од 7 или 8 месец по 5 супени лажици, а потоа и со ориз, овесни снегулки, тестенини (макарони, јувки, тарана)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lidijas

Citav pred nekoj den vo vesnik deka grizot  e mnogu 
korisen da se dava na decata no ne pred 8 meseci



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Прва нова храна на бебето
15.1.2010 22:19:58   
lidijas
Pred 2-3 dena bevme na pedijatar i dokorkata kaza da pocneme so ovosni sokcinja od sezonsko ovosje(jabolka, krusa) 2 pati na den po 50 ml kako meguobrok i ovosna kasicka 100 ml ednas vo denot isto kako meguobrok, a so mlekoto da prodolzam kako do sega. Kerka mi ke polni 4 meseci za nekoj den a jade isklucivo adaptirano mleko. Nekako mi izgleda mnogu toa jadenje. Sto mislite?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Прва нова храна на бебето
15.1.2010 22:24:43   
Еца
Како такаuser posted image Значи и педијатрите, како и ортопедите за широкиот повој немаат еден став околу воведување на новата храна на бебето. Мене и педијатарот и докторката на имунологија ми рекоа штом само цица и добро напредува до 6 месеци нека јача имунитет, и еве на 5, 5 месеци почнав по малку да и давам јаболка и банана, но поради егземите денес добив дозвола дека смеам да воведам уште морков и компир.Додека да ги добиеме резултатите, друго ништо.

Инаку лидијас и јас мислам дека е многу, ама ајде мамички кои во скоро време сте почнале со воведување на цврста храна, помагајте.

< Поракaта ја уредил Еца -- 15.1.2010 22:25:19 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот lidijas)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Прва нова храна на бебето
15.1.2010 22:31:56   
BEBICA
I ja se slozuvam so Eca vo potpolnost.Jas na Monika prv pat i dadov nemlecna hrana na 5.5 meseci i toa po malce.Sto e toa od 4 mesec so kasicki i toa 100ml.
Izborot lidijas e na tebe.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Прва нова храна на бебето
15.1.2010 22:36:47   
lidijas
Ne znam sto da pravam, da ne ima vrska oti ne cica tuku pie adaptirano mleko stvarno ne znam ke prasam
i drug doktor, stvarno toa mi e mnogu hrana za tolku malo bebe

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Прва нова храна на бебето
15.1.2010 22:43:56   
Матеа
Од 0-4 месец се препорачува исклучиво млеко, мајчино или адаптирано.

Во 5-от месец се препорачува воведување на овошје: јаболко, банана, круша и житарки: оризови и пченкарни снегулки.

Во 6-от месец се воведуваат нови видови овошје: кајсија, праска, цреши, вишни, сливи. Во овој месец можете да започнете со воведување на зеленчукови каши подготвени од морков, спанаќ, тиквици. При нивното приготвување можете да употребите и малку маслиново масло или маргарин, за да го подобрите вкусот.

Во 7-от месец  при приготвувањето на овошните оброци може да воведете и диња, боровинки, јагоди, малини, капини, ананас, рибизли, киви. Внимавајте на можни алергиски реакции особено при конзумирање на јагодата. Воведете нови зеленчукови вкусови како: брокула, компир, грашок, боранија, карфиол. Настојувајте грашокот и боранијата да бидат млади. Во овој месец се препорачува внесување на оброк од месо и тоа пилешко (бело месо, не копан) и јагнешко.

Во 8-от месец  се воведува рибата. Приготвувајте бела риба како ослич, пастрмка и тоа само варена. Воведете млечни производи :кравјо сирење, путер. Од житарките воведете леб и двопек. Овошните вкусови збогатете ги со лимон, портокал, грејпфрут, мандарина, грозје, лубеница, а од зеленчукот дадете домат.

Во 9-от месец како нов вкус воведете го јајцето, но само жолчката и за почеток не повеќе од ¼, тврдо варена. Од млечните производи воведете го јогуртот и киселото млеко, со кои може да го подобрите вкусот на зеленчуковите каши, затоа што сеуште не се препорачува засолување на храната, и приготвување на житните каши. Воведете бисквити како сладок оброк, тестенини и тоа: макарони, шпагети, јувки.



Во 10-от месец од зеленчук можете да приготвите зелка, праз, ќељ, да користите пилешко темно месо и мисиркино, воведете павлака, а може и малку мед. Внимавајте со употребата на медот, може да предизвика алергија.

Мелени ореви, бадеми, лешници, костени давајте ги во 11-от месец.
Внесетего и лукот при приготвување на зеленчуковите каши, кој е познат  како природен антибиотик.

Во 12-от месец воведете ја белката и тоа тврдо варена, леќата и гравот.

По 12-от месец можете постепено да воведувате  сол и зачини но во мали количини, слатки, свинско, тврди и топени сирења.

За цело време во исхраната на вашето дете треба да е застапено млекото мајчино или индустриски адаптирано.





Ќе ми извините ова не знам од каде е преземено ама е многу погрешно посебно некои делови, воопшто не е по никакви стандарди на исхрана.
Ќе дадам и аргументи за некое време зошто не се согласувам.



< Поракaта ја уредил Матеа -- 15.1.2010 22:56:06 >

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?