RE: Интервју :) (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто >> Забава



Порака


dostickage -> RE: Интервју :) (25.1.2013 10:26:36)

Tenks Andriance [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]

Da sednuvam jas na stolce, ili se sum si kazala prethodno [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




sandriana RR -> RE: Интервју :) (25.1.2013 11:23:28)

Ајде Достич, сигурно има нешто некажано [sm=smiley36.gif]
- сметаш дека си прилагодлива личност, или си држиш строго до свои правила, перцепции и сл.?
- омилен автор (писател, композитор, сликар, што веќе преферираш)?
- сопртуваш ли (ако да, што)?
- колку е лесно да те насмее човек?
Доволно од мене [sm=smiley1.gif]




dostickage -> RE: Интервју :) (25.1.2013 11:34:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

Ајде Достич, сигурно има нешто некажано [sm=smiley36.gif]
- сметаш дека си прилагодлива личност, или си држиш строго до свои правила, перцепции и сл.?
- омилен автор (писател, композитор, сликар, што веќе преферираш)?
- сопртуваш ли (ако да, што)?
- колку е лесно да те насмее човек?
Доволно од мене [sm=smiley1.gif]


- prilagodliva - se trudam da bidam. ne e lesno vo denesno vrme na se da se prilagodis. drzam do stavovi maksimalno samo poslabo vleguvam vo diskusii i objasnuvanja zasto si trosam nervi a ne sakam.
- slikar: Paul Kle. Pisatel:vo posledno vreme Bobek Suklev -pola knigi od postiplmski mi se od nego [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
- za zal ne sportuvam aktivno. rekrekativno vo potopli denovi trcam na kej te se trudam da trcam kokolku sto mozam.
- mnogu lesno e da me nasmee. vo princip tie sto me znaat me kvalifikuvaat kako non stop nasmeana [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




elenak -> RE: Интервју :) (25.1.2013 12:20:53)

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Eve od mene za Andriance:
1. Dali spored tebe crnoto e sekogas crno ili moze da bide i belo ako tebe taka ti odgovara?
2. Imas li vistinski prijatel/ka?
3. Dali nekogas si dobila/postignala nesto so "vrski"?
4. My veruvas li bezrezervno na mt?
5. I na kraj kako Andrej gi "zaraboti" koncite na glava :)

Андрианчееее рипаш[sm=smiley36.gif] Навалија жениве на столчето што поскоро да ти го земат[sm=smiley36.gif] Абе стварно ако не поминало времето од 24 часа на играчот (нели така беа правилата) немојте да се брзате друг да седне. И плус мислам дека оној чие време истекува го бира следниот за на столче, нели, вака некако мешаница се прави.




Andriance -> RE: Интервју :) (25.1.2013 12:30:53)

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Cekajte more zeni,Andriance vekje sedi na zeskoto stolce.Samo ja nema da dade odgovori. Malecka zastani vo redica ili pa odgovarajte i dvete.
Eve od mene za Andriance:
1. Dali spored tebe crnoto e sekogas crno ili moze da bide i belo ako tebe taka ti odgovara?
2. Imas li vistinski prijatel/ka?
3. Dali nekogas si dobila/postignala nesto so "vrski"?
4. My veruvas li bezrezervno na mt?
5. I na kraj kako Andrej gi "zaraboti" koncite na glava :)


1. Апсолутно може..тоа што чинело кај мене, не значи дека ќе чини и кај тебе и vice verse. Абе бик сум у хороскоп па ајде тоа нека ти каже некои работи,
2. Имам и за тоа сум најсреќна на цел свет. Не сакам да звучи како клише, ама ја нема шанса да преживеам, без другарките мои.. не знам да живеам без пријатели.
3. Да, положив историја на право преку врски аахахха има и уште некои работи.
4. Абе знаеш како викаат, левото на десното око не му верува..ама ја најискрено неможам да се замарам со такви работи..мене ме боли глава од такви работи. Да, му верувам. не велам безрезервно ама да муверувам мноогу. И ич не сум љубоморно човече.[sm=jezicek.gif]
5. Оф мојата болна тема: моето дете одкога прооде, не оди туку трча. И како трчаат како мува без глава си паѓа дете.. Баб и дедо го носеа за Нова Година да го сликаат со дедо мраз, и овој трчајќи од радост паднал директ на ивица од излог и расцепил глава. ете...среќна нова година [sm=smiley36.gif]




miana -> RE: Интервју :) (30.7.2013 11:12:22)

АЈде кој ке седне на жешкото столче?
Јас предлагам мамичка 85 или Еки82..
Што викате ? Ке се пријави ли една од вас за интервју од рингерајките?




miana -> RE: Интервју :) (30.7.2013 12:23:39)

леле фуфкаџикииии
ајде која ке седне на столот?




Bethany -> RE: Интервју :) (30.7.2013 12:52:19)

Ајдееее, еве јас [sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Интервју :) (30.7.2013 12:59:11)

Е ај сега, Миана ја снема [sm=smiley36.gif]
Никој ли нема ништо да ме праша додека сум тука или се ви е јасно хехе [sm=smiley36.gif]




bucko mal -> RE: Интервју :) (30.7.2013 13:03:53)

Tuka mi e mnogu interesno [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Bethany RR
Od kade si?Kade si izrasnata kako dete?
Kolku godini si vo brak?
Kako te zaprosi soprugot?
Sto si po profesija?
Imash li zivotno moto?
tolku zasega ako neshto mi tekne pak ke pisham[sm=smiley1.gif]




rina13 -> RE: Интервју :) (30.7.2013 13:10:40)

Ајде и од мене прашања
1. Дали се каеш за некоја голема одлука во животот која би те одвела на друго место(животна околност) од она на кое се наоѓаш сега?
2. Ти недостигаат ли некои нешта од порано?
3. Дали си екстровертна/интровернта личност?
4. Што е она што од секогаш си сакала да го направиш во животот а никогаш не си собрала храброст?
5.Опиши ја суштината на твојата личност во неколку збора?




Bethany -> RE: Интервју :) (30.7.2013 13:17:21)



Od kade si?Kade si izrasnata kako dete?-
родена во Србија, таму израснала и живеела се до пред 6 и пол години
Kolku godini si vo brak?-
толку, 6 и пол [sm=smiley1.gif]
Kako te zaprosi soprugot?
хехехе, и немаше некој званичен момент на запросување, му фали таа романтична жичка, бевме оддалечени, јас таму, тој во Мк, пред да се разделиме некако кроз разговор си заклучивме и договоривме дека ќе се земеме и така остана, само да се поработи на планот.
Sto si po profesija?
административни работник (ако така се вика), и сега тоа правам на некој начин од дома, сум вклучена во активностите на невладина организација
Imash li zivotno moto?
Верувај во Божјата добрина и милост, биди благодарен за се нешто и се ќе дојде на своето [sm=smiley1.gif]





Bethany -> RE: Интервју :) (30.7.2013 13:25:21)


ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Ајде и од мене прашања
1. Дали се каеш за некоја голема одлука во животот која би те одвела на друго место(животна околност) од она на кое се наоѓаш сега?- имам донесени погрешни одлуки, и тоа неколку големи, ама не се каам затоа што сум токму тука каде што треба да бидам сега.

2. Ти недостигаат ли некои нешта од порано?- не до таа мера да чезнем по тоа, било па прошло [sm=smiley1.gif] има нови и ќе има нови убавини во животот

3. Дали си екстровертна/интровернта личност?- Мислам повеќе интровертна, во смисла дека батериите ги полнам кога сум сама со себе, а се трошам кога сум со луѓето.

4. Што е она што од секогаш си сакала да го направиш во животот а никогаш не си собрала храброст?- се сум пробала што мислев дека треба во минатото [sm=smiley36.gif], освен можеби банџи џампинг или параглајдинг, а имав прилика, е тоа сакам а немам храброст и мислам дека нема да ја имам. А да, како помлада сакав тетоважа, а немав храброст, а сега ми е драго што ја немав [sm=smiley1.gif]

5.Опиши ја суштината на твојата личност во неколку збора? - хммм, ќе мора да ме запознаеш [sm=smiley36.gif]
праведна, сакам да ја имам контролата и прилично меланхолична [sm=smiley36.gif]






Еки82 -> RE: Интервју :) (30.7.2013 14:38:38)

Јас ќе се пуштам прва, но на забар сум сега таман спремајте прашања ќе одговорам поручек [sm=smiley36.gif]




miana -> RE: Интервју :) (30.7.2013 15:09:56)

Ајде ЕКИ се пријави а Бетани ја пропуштив..
Прашања за ЕКИ

1. Каде живееш?
2.Дали имаш хоби?
3.Што си во хороскоп и дали веруваш во хороскоп?
4.Што те исполнува?
5.Дали си љубоморна?
6.На кое место прв пат водеше љубов? ( локација [sm=smiley1.gif] )


Ај доста ти е [sm=jezicek.gif]




Felly RR -> RE: Интервју :) (30.7.2013 16:42:40)

Ама вие поставувајте прашања за Бетани, таа е 24 часа на жешкото столче. Штом се вклучи ќе ги одговори. Такви се правилата на играта.[sm=smiley1.gif]




Еки82 -> RE: Интервју :) (30.7.2013 17:05:19)

Ајде хехехе

1. Живеам во Скопје во Центар. Ќе елаборирам да не биде досадно - многу поубав беше центарот пред да го загушат со зградиве околу многу ми е жал за тоа, а батали тоа проектот 2014 нема да го начнам, ова башка. [sm=jezicek.gif]
2. Хоби хмммм, имам многу хобија (хобиња не знам множина хехе) но обично ми траат по 3 месеци и се префрлам на ново, прилично сум загреана за некоја идеа, станувам одлична правам се напредувам и после клапнувам, треба да си најдам начин да го одржам.
Сега моментално сум за јога загреана, а може да се каже и смислување на нови проекти за кои исто се загревам многу и остануваат нереализирани.
3. Хороскоп јарец - викаат сме најамбициозни но некако кај мене амбициозноста не е на ниво кое мислам дека треба да биде. А верувам до некаде, обично кога си го поврзувам со негативните карактеристики кога некој близок ќе ме изнервира
[sm=smiley1.gif]
4. Ме исполнува многу гушкање и љубов, мора да сум опкружена со тоа иначе се осеќам многу сама. Ептен сум од тие гушкалата моите многу се криви за ова. Ме исполнува кога сум зафатена со обврски макар и во моментот да ме напнуваат. Ме исполнува кога треба да смислувам нови работи за реализација. ;)
5. Да, сум љубоморна, не премногу. Моите другарки ми викаат дека сум една од најлабавите девојки во однос на љубомора и допуштање работи па не знам баш јас за мене сум си љубоморна хихи [sm=smiley36.gif]
6. (неможам да најдам срамежливо смајли) нормално во собата на мојот бивши дечко, трет обид, средношколци онаа приказна чекај да наполнам 18, се изначекавме 3 ипол години хахаха [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Ајде ЕКИ се пријави а Бетани ја пропуштив..
Прашања за ЕКИ

1. Каде живееш?
2.Дали имаш хоби?
3.Што си во хороскоп и дали веруваш во хороскоп?
4.Што те исполнува?
5.Дали си љубоморна?
6.На кое место прв пат водеше љубов? ( локација [sm=smiley1.gif] )


Ај доста ти е [sm=jezicek.gif]





Felly RR -> RE: Интервју :) (30.7.2013 17:39:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Ама вие поставувајте прашања за Бетани, таа е 24 часа на жешкото столче. Штом се вклучи ќе ги одговори. Такви се правилата на играта.[sm=smiley1.gif]

Еки82, почекај, ти можеш да бидеш УТРЕ на жешкото столче. и Миана избрза, ама да не одиме многу конфузно. МОже да и поставите прашања на Бетани денес, па утре таа ќе предложи друг за интервју.




Еки82 -> RE: Интервју :) (30.7.2013 17:57:49)

Ајде важи, јас мислев Бетани се пријави бидејќи не се пријавивме ние две [sm=smiley1.gif]




niki -> RE: Интервју :) (30.7.2013 22:56:25)

Ova mi e edna od najubavite zabavni temi na forumov a Bethany mi e interesen lik pa moram da si ja prasam nekolku stvarcinja

1. Kade Srbinka zapoznava Makedonec za da se omazi so nego?
2. Na koj jazik komuniciras so sinko?
3. Dali i bog navistina e Srbin?[sm=smiley36.gif]
4. Koj srpski grad bi go preporacala za zivot i zosto? i ako ti kazam deka se selam vo Srbija sto prvo ti paga na pamet?
5. Kolku godini imas?
6. Dali si feministka ili tradicionalista?
7. Poradi koja tvoja osobina nekoj bi rekol deka si neobicna?




miana -> RE: Интервју :) (31.7.2013 12:13:07)

Ајде и јас ке и поставам неколку прашаеа на Бетани

1. Каде е поубав животот? Во Србија или МКД?
2. Дали си носталгична?
3. Што најмногу те привлече кај мт?
4.Дали до сега го имаш излажано мт?
5.Дали имаш скриен фонд?
6.За што најмногу трошиш пари?
7.Која е најскапата "непотребна" работа за која си дала пари?




Bethany -> RE: Интервју :) (31.7.2013 12:51:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Ova mi e edna od najubavite zabavni temi na forumov a Bethany mi e interesen lik pa moram da si ja prasam nekolku stvarcinja

1. Kade Srbinka zapoznava Makedonec za da se omazi so nego?
2. Na koj jazik komuniciras so sinko?
3. Dali i bog navistina e Srbin?[sm=smiley36.gif]
4. Koj srpski grad bi go preporacala za zivot i zosto? i ako ti kazam deka se selam vo Srbija sto prvo ti paga na pamet?
5. Kolku godini imas?
6. Dali si feministka ili tradicionalista?
7. Poradi koja tvoja osobina nekoj bi rekol deka si neobicna?


1. Се запознавме во Белград, на еден курс/семинар. Никогаш порано немав дојдено тука.
2. Хаха, и јас некогаш истото се прашувам [sm=smiley36.gif] Кога сум лута или изнервирана, тогаш на српски, полесно ми идат зборовите [sm=smiley36.gif] Инаку се обидувам на македонски само, и на него прво да му биде полесно, ама не можам да контролирам секогаш така да испаѓа мешано. Прво му викам: види сине, врне дожд.. а после минута му викам: пада киша [sm=smiley36.gif] Можеби затоа јадничак се уште не зборува, не може да се одлучи [sm=smiley1.gif]
3. Хахаха, па знаеш на времето Мајкл Џексон изјави дека Србите се небески народ, па може да е [sm=smiley36.gif]
Се шалам, Бог сигурно не го ставам во калап и оградувам со патриотиски религионизам [sm=smiley1.gif]
4. Нови Сад, имаш се што ти треба, опуштени луѓе (барем на такви се сеќавам), широки улици, друштвен и економски живот итн. А ако ми кажеш да се селиш во Србија, што знам, ништо нарочито, можеби прво ќе помислам од каде сега тоа, ама може и да ми е драго [sm=smiley1.gif]
5. Во ноември полни 33 [sm=smiley1.gif]
6. Ниту едно ниту друго. Не се сврставам себеси никаде. Секој мој став, убедување, размислување е стекнато врз основа на проживеаното, па може да испадне некогаш дека сум ко феминистка, а некогаш дека имам традиционални сфаќања. Ама сум антитрадиционална, не практикувам никакви традиции, обичаи и ритуали затоа што некој кажал да треба да се прават, ниту религиозни, ниту друштвени.
7. Хммм... не знам, можеби сум прилично независна отсекогаш и помало бунтовна и тоа отсекогаш [sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Интервју :) (31.7.2013 13:10:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Ајде и јас ке и поставам неколку прашаеа на Бетани

1. Каде е поубав животот? Во Србија или МКД?
2. Дали си носталгична?
3. Што најмногу те привлече кај мт?
4.Дали до сега го имаш излажано мт?
5.Дали имаш скриен фонд?
6.За што најмногу трошиш пари?
7.Која е најскапата "непотребна" работа за која си дала пари?


1. Не знам зошто луѓето ме тоа често прашуваат, мислам дека е скоро ист, може да биде поубав и на двете места.
2. Вероватно прашањево се однесува на моите... Многу ретко сум носталгична. На почетокот сигурно малку повеќе дека сепак се подалеку од мене, ама и порано имам живеано настрана од моите, па можеби затоа не ми паѓаше нешто претерано тешко.
Тука е мојот живот сега и моето семејство [sm=smiley1.gif]
3. Ме привлече неговиот цинизам, хахаха, сигурно чудно звучи, ама ми делуваше длабоко и интелигентно, се најдовме во разговор со слични животни приказни и очекувањата. Да, дефинитивно сакав да зборувам со него.
Малку ми омекна со тек на годините, го потсетувам дека се променил, а тој ми вика па покрај тебе мора еден да попушти [sm=smiley36.gif]
4. Искрено, го немам излажано воопшто. Можеби беа работи кои не му ги кажав веднаш, ги преќутив, ама отпосле му имам кажано. Мислам нема за што да го лажам, не поднесувам лагите и луѓето што се користат со лагите, мислам дека лагата воопшто не е потребна во комуникацијата од ниту една причина.
5. Фонд немам, а би требало да имам и тоа да го скријам од самата себе, не знам да чувам пари, никогаш не знаев [sm=smiley13.gif]
6. Сега на син ми, се нешто му треба, овакви играчки, овакви чашки, а што се однесува до мене немам некој фетиш, купувам кога ми нешто треба, или ми се допадне, ако можам наравно.
7. Немам непотребна работа, посебно ако е скапо платена, сигурно е искористена [sm=smiley1.gif]





Bethany -> RE: Интервју :) (31.7.2013 13:21:52)

Ете, јас мислам дека поминаа 24 саата, се надевам сте задоволни со одговори, па ја повикувам Еки82, да се врати и продолжи таму каде застана [sm=smiley1.gif]

Ете ајде од мене некое прашање:
1. Имаш некоја порака која сакаш да им ја пренесеш на своите деца/дете во иднина, како да одраснат ?
2. Сакаш да читаш, и што имаш последно прочитано?
3. Да можеш да изабереш професија со која сакаш да се бавиш до крај на животот, што би избрала?
4. Каде би сакала да живееш и зошто?
5. Како се гледаш себеси за 10 години ?




miana -> RE: Интервју :) (1.8.2013 16:21:39)

ЕКИ се испалши од интервјуата [sm=smiley36.gif]
Ајде кој е следечии???




Страница: <<   < Претходна страница  54 55 [56] 57 58   Следна страница >   >>