RE: Интервју :) (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто >> Забава



Порака


Еки82 -> RE: Интервју :) (1.8.2013 21:20:09)

Извинете женски, не бев баш прибрана [sm=smiley1.gif]

1. Прво што би можело да ми текне сега што би го пренесувала постојано на моите деца е да не ги оценуваат луѓето како кондури на излог преку изгледот, што носат, чии се и колку имаат. Големината на пријателството и поврзаноста често е обратно пропорционална [sm=smiley1.gif]
2. Не читам многу често, летово се редат лајт книгички па ја прочитав Ангелски повик од Гиом Мисо. Еден здив книга дошло прошло хехе. А од сега па натаму мора да се сконцентрирам на стручна литература за да завршам магистерската [sm=smiley36.gif]
3. Многу ме влечат креативни работи, дизајн, рачна изработка, ентериери! Но потрапав човек здравје, за цртање сум нула, па би се задоволила и со професија каде што можам да извлечам највеќе од мојата комуникативност и ведрина.
4. Скопје ми е убаво, но како и сите што размислуваат, општественото уредување и социјалната политика може да бидат подобри, па би сакала на некое место каде што ова е поразвиено. Но идеално би било доколку би можела да живеам блиску до плажа, ако не и на плажа [sm=smiley36.gif] навистина е најдобрата психотерапија и неможам без тоа.
5. Е ова за 10 години....[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] ми ја погодивте фазата! Навистина не знам како да се гледам, на крстопат сум во љубовта, на почеток на кариерата и единствено што сега ми е желба е да бидам во смирение, со посветен партнер и можност за прошетки.

Па така накратко. Повеќе во односи со партнерот во наредна прилика :/

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Ете, јас мислам дека поминаа 24 саата, се надевам сте задоволни со одговори, па ја повикувам Еки82, да се врати и продолжи таму каде застана [sm=smiley1.gif]

Ете ајде од мене некое прашање:
1. Имаш некоја порака која сакаш да им ја пренесеш на своите деца/дете во иднина, како да одраснат ?
2. Сакаш да читаш, и што имаш последно прочитано?
3. Да можеш да изабереш професија со која сакаш да се бавиш до крај на животот, што би избрала?
4. Каде би сакала да живееш и зошто?
5. Како се гледаш себеси за 10 години ?





Еки82 -> RE: Интервју :) (1.8.2013 21:28:03)

Миана нестрплива како да сака да седне на столчето [sm=smiley2.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Интервју :) (2.8.2013 11:30:23)

Еки82, а Миана ли ја предлагаш значи? Бидејќи сега ти треба да предложиш следниот кандидат.
Ајд да помине продолжен викенд, па ќе ја бараме тука [sm=smiley1.gif]




Еки82 -> RE: Интервју :) (6.8.2013 15:14:05)

Доколку не била Миана, жешкото столче ја чека, не се лади [sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Интервју :) (7.8.2013 9:02:37)

Миана не изигнорира изгледа, па сега и стигна време за одморот, така да мислам да треба да предложиш некој друг.
Гледај кој е тука и да не треба да оди на одмор, да нема кај да избега [sm=smiley36.gif]




miana -> RE: Интервју :) (7.8.2013 15:38:02)

Жени бе не ве игнорирам,само немам време да седнам на пц..Инаку ако пролистате некокку страни наназад ке видите дека веке сум поминала на жешкото столче и не ми пречи да поминам пак,само ке го одложиме за после 25 ти месецов - Вечер поаѓам на одмор..Ве бакнувам сите




mommy_angels RR -> RE: Интервју :) (12.3.2014 23:31:08)

Наслушнав некаде на некого му фалелеле муабетиве [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Ајде еве ме мене,пукајте [sm=smiley1.gif]




deluxe -> RE: Интервју :) (13.3.2014 0:10:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Наслушнав некаде на некого му фалелеле муабетиве [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Ајде еве ме мене,пукајте [sm=smiley1.gif]



Ајде еве прва јас да пукам[sm=jezicek.gif]
1.Кој е твојот најголем страв??
2.Наброј што би направила ако си машко?
4.Што си по професија??
5.Што би правела доколку си невидлива 1 час?
6.Каква музика слушаш?
Ај доста е ,толку ми текнува сега во моментов[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: Интервју :) (13.3.2014 2:29:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Наслушнав некаде на некого му фалелеле муабетиве [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Ајде еве ме мене,пукајте [sm=smiley1.gif]

Ајде и јас да се приклучам кон прашањата упатени до мами.Почнуваме:
1.Дали имаш желба за тоа кон која професија сакаш да се насочи твојата ќеркичка кога ќе порасне?
2.Твојата омилена дестинација за летен одмор е?
3.Кој е построг во воспитувањето на ќеркичката ти или твојот маж?
4.Дали се каеш за многу работи во животот?
5.Дали си задоволна од самата себе со сето она што си го постигнала?
6.Дали си амбициозна личност?
Ајде доста се и од мене прашања.[sm=smiley1.gif]




mommy_angels RR -> RE: Интервју :) (13.3.2014 8:13:48)

јде еве прва јас да пукамuser posted image
1.Кој е твојот најголем страв??
2.Наброј што би направила ако си машко?
4.Што си по професија??
5.Што би правела доколку си невидлива 1 час?
6.Каква музика слушаш?
Ај доста е ,толку ми текнува сега во моментов



1.Смртта ми е најголем страв,незнам зошто ама ме плаши и тоа мојата најмалку.Понекогаш ми доаѓаат мисли во глава за некој мој близок дека ми кажуваат дека умрел и се потресувам од самата мисла [sm=smiley19.gif] Колку ова е нормално незнам,ама ете и кога можам да избегнам,не одам на погреби.Кога баба ми почина ми дојде лошо и ќе паднев,не од жал дека не бев до толку блиска,туку од целата ситуација,атмосфера и мириси.А за мене не се жалам,сите сме дојдени и ќе отидеме еден ден.
2.Би легнала со сте жени по ред [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] .Незнам бе ова прво ми падна на ум,а има мноооооогу работи.Би се утепувала од кукање кога и најмалку сум настината [sm=smiley36.gif] А да ,се сетив,би натепала еден маж,ама онака квалитетно да му дојде паметот [sm=smiley36.gif]
3.Завршив општа гимназија,три години геолошки факултет и толку [sm=smiley13.gif] Другиве околу мене мислат дека ќе продолжам,ама јас поправо би почнала нешто сосема друго од ново,ова не го сакам воопшто
4.Хаахахахах би ги слушала моите колешки,алапачи,како тужикаат кај шефови и директори [sm=smiley36.gif]
5.Буквално секаква,зависи од расположението.Најмногу старите ЈУ хитови,во добро расположение и друштво,добри македонски и српски народни,обожавам реге ми буди весели чувства,ја обожавам Адел и ете можеш да видиш дека ми се допаѓаат сите видови.Освен овие новокомпонираниве наши и српски.Е го претераа мајка му,крај им нема.Ама да не ме разберете погрешно Цеца си ја сакам




mommy_angels RR -> RE: Интервју :) (13.3.2014 8:29:17)

Ајде и јас да се приклучам кон прашањата упатени до мами.Почнуваме:
1.Дали имаш желба за тоа кон која професија сакаш да се насочи твојата ќеркичка кога ќе порасне?
2.Твојата омилена дестинација за летен одмор е?
3.Кој е построг во воспитувањето на ќеркичката ти или твојот маж?
4.Дали се каеш за многу работи во животот?
5.Дали си задоволна од самата себе со сето она што си го постигнала?
6.Дали си амбициозна личност?
Ајде доста се и од мене прашања.



1.Не,сакам да го работи тоа што ја прави среќна,а гледајќи ја уште од сега,знам дека нма да има некоја ајде да речам секојдневна,канцелариска работа [sm=smiley1.gif] Мама само се надева дека тоа што ќе го избере ќе и носи добри придонеси.За се друго тука сум само да ја подржам и посоветувам ,ако побара од мене [sm=jezicek.gif]
2.Грција и само Грција,ама веќе знаете зошто [sm=smiley36.gif] Од таму си ја донесовме А после долги години борба и секогаш ќе се навраќам повторно независно од случувањата кои ни ги наметнуваат глупавите политичари од кои си имаат корист единствено тие
3.Незнам , и двајцата сме многу попустливи,прво мислев да ти кажам јас,ама кога ќе размислами двајцата подеднакво ја караме и советуваме.Може јас само малку повеќе се потресувам околу тоа колку се извалкала и во што е облечена.Жена,нели [sm=smiley36.gif]
4.Се каам за ситници,а за нешто крупно не.Не пропуштив ништо посебно за да жалам,ниту пак направив нешто од што би се срамела
5.Не, знам дека можев многу повеќе,ама не успеав што поради причини на кои немав влијание,што поради мојот карактер.Ама јас сум човек кој мисли дека никогаш не е доцна и секогаш може да се направи нешто повеќе.А и млади сме Дафне,цел живот пред нас за остварување
6.Не,јас сум конформист.Сакам само колку што ми е доволно .Се трудам да постигнам многу работи во животот,ама не сонувам за брда и долини,сакам само нормален живот и здраво семејство




bucko mal -> RE: Интервју :) (14.3.2014 0:36:40)

mami eve nekolku prashanja od mene:

1.Na kolku godini stapi vo brak?
2.Koja ti e neostvarena zelba?
3.Dali sonuvash nekoj od bivshite deckovci?[sm=smiley1.gif]
4.Dali si ljubomorna na soprugot?
5.Dali celosno mu veruvash na soprugot?
6.Dali i tvojot soprug e pozitiven kako tebe?
7.Shto bi smenila vo zivotot,sto e toa sto ti smeta najmnogu?
8.Sto prvo bi napravila dokolku si premier ili precedatel?




mommy_angels RR -> RE: Интервју :) (14.3.2014 10:30:25)


ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal RR

mami eve nekolku prashanja od mene:

1.Na kolku godini stapi vo brak?
2.Koja ti e neostvarena zelba?
3.Dali sonuvash nekoj od bivshite deckovci?[sm=smiley1.gif]
4.Dali si ljubomorna na soprugot?
5.Dali celosno mu veruvash na soprugot?
6.Dali i tvojot soprug e pozitiven kako tebe?
7.Shto bi smenila vo zivotot,sto e toa sto ti smeta najmnogu?
8.Sto prvo bi napravila dokolku si premier ili precedatel?




1 . На неполни 23 ,ама сега со овој памет не би го направила истото.Не дека ми беше лошо,ама бракот си носи одговорности,а 23 години не е возраст за нивно превземање
2.Да патувам,секаде и да ги видам сите убави и помалку убави места,ама пусти финансии не дозволуваат [sm=smiley13.gif] Еве на пример прв вишок на пари доаѓам да те видам [sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]
3.Скоро немам сонувано никој,ама ми текнува кога си го сонував првиот дечко,знаете онаа првата детска љубов,што убаво ми беше на душичката кога се разбудив
4.Леле да,и тоа многу,јас сум меѓу поретките жени што се пољубоморни од мажите [sm=smiley36.gif]
5.Целосно не си верувам ни самата на себе,а не па на мм.Понекогаш се чудам како сум можела да направам нешто,а сигурно такво нешто има и мм(не зборувам само за неверство),ама вешто го скрил од мене
6.Јас и мм се надополнуваме ,може затоа и успешно функционираме 11-та година.Кога мене ме фаќаат депресивни мисли ,тој ме крева на нозе и обратно.Наша животна девиза е [sm=zz_balanced.png]
7.Не би сменила ништо,може понекогаш фалат парички ,ама кога го молев Бога за детенце барав само едно живо и здраво.Желбата ми се оствари и не сум неблагодарна.Имам прекрасна ќеркичка,добар сопруг и тоа е се што сакам.
8.Незнам дали смеам искреното мислење да го напишам вака јавно.[sm=jezicek.gif] Ама еве ќе си кажам малку во поблага форма,сепак ние сме полициска држава.Би ги ПОНИШТИЛА ФУНКЦИИТЕ ПОЛИТИЧАР,ПРЕТСЕДАТЕЛ ,ПРЕМИЕР !!! Душата ни ја извадија,само за сопствена благосостојба работат.Поубаво ќе ни е без сите нив .А,да, би ги пуштила да живеат со нашите плати,по нивните закони,ехехехехехех за колку кратко време ќе ги наполнат бањата во Негорци и болницата во Бардовци
Од мене толку,туку овде почна на Дафне да ми мириса.А Дафне што мислиш ти ?




AnnaMolly RR -> RE: Интервју :) (14.3.2014 11:02:33)

Која е твојата утринска рутина за расонување?
Што најубаво знаеш да готвиш и што најмногу сакаш да јадеш?
Што попрво би одбрала - добро платена, а досадна работа или не многу платена работа која целосно те исполнува?
Лето или зима?
Кои мали нешта најмногу те радуваат?
Која е твојата најдобра/најлоша особина?
Дали веруваш во искрено пријателство и дали имаш пријател/пријателка на која буквално се можеш да и кажеш?




Defne90 RR -> RE: Интервју :) (14.3.2014 13:06:48)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Која е твојата утринска рутина за расонување?
Што најубаво знаеш да готвиш и што најмногу сакаш да јадеш?
Што попрво би одбрала - добро платена, а досадна работа или не многу платена работа која целосно те исполнува?
Лето или зима?
Кои мали нешта најмногу те радуваат?
Која е твојата најдобра/најлоша особина?
Дали веруваш во искрено пријателство и дали имаш пријател/пријателка на која буквално се можеш да и кажеш?

Е ајде штом сум јас на ред редно е да почнам со одговорите на прашањата.
1.Најпрво станувам од кревет и одам во ве це за да се средам.После се облекувам и си варам кафе.Си седнувам пред компјутер со него.После веќе можам да кажам дека сум рассонета па полека почнувам со домашните обврски да се среди низ дома и да ги средам децата откако ќе станат.
2.Значи вака мене пред се ми е битно она што го работам да биде нешто што ќе ме исполнува и ќе ме заинтересира и секако нема постојано да погледнувам на часовникот дали дошло време за одење дома.Па така да дефинитивно би одбрала да работам не многу платена работа ама таа истата да ме исполнува и да ме прави среќна.Значи дефинитивно среќата и задоволството мене не ми зависат толку од парите и тоа многупати си го имам докажано во животот.
3.Зима јас сум зимско дете и ептен ми е убава и ја сакам.Многу романтично годишно време ми е и секогаш уживам тогаш.А уште па и снег да падне е тогаш можам да си седам со саати на прозорец и да си го гледам ко малите деца.Не дека не го сакам летото ама некако зимата ми е по омилено годишно време.
4.Најмногу ме радува дефинитивно тоа кога ќе станам насабалје и ќе го видам денот убав и ведар.Ме радува исто секоја насмевка од моите деца и секој убав збор и прегратка од мојот маж.Ме радува исто кога навреме ќе успеам да завршам со домашните обврски и целосно ќе му се посветам на моето семејство.
5.Најдобрата особина ми е таа што многу грижлива личност и личност од доверба.Значи секогаш се грижам и за семејството дома и за моите пријатели и секогаш ама баш секогаш сум достапна за сите нив и тука кога им треба рамо за плачење или некој совет.Е сега најлошата особина ми е избувливоста,значи во секундата знам да избувнам ако некој ме изнервира и може и ќе изреагирам и премногу бурно за настанатата ситуација и после се каам многу.
6.Да дефинитивно верувам во искрено пријателство.Имам голем број на пријателки и на сите можам да кажам дека им верувам,но од сите нив дефинитивно една се издвојува и тоа е таа личност во која имам целосна доверба и на која можам целосно да и верувам.Значи можам да кажам дека сме многу поблиски отколку што сум блиска со мојата сопствена сестра а со сестра ми сум ептен блиска.Се знаеме 5 години ама дефинитивно за тие 5 години ми покажа што значи тоа да имаш вистински пријател.




sandriana RR -> RE: Интервју :) (14.3.2014 13:37:31)

Dafne, пукај [sm=smiley36.gif]
1.Егзотична дестинација за одмор?
2. Омилен жанр литература/или омилена книга?
3. Ако не во Берово, каде би живеела?
4. Ако дојдам во Берово, кај ќе ме пратиш на традиционален ручек?
5. Колку си искрена пред себе си и колку си самокритична?




Палешка РР -> RE: Интервју :) (14.3.2014 20:19:42)

Дефне наша си 24 часа [sm=smiley36.gif]

Која е твојата животна девиза?
Дали правиш нешто скришно од мт?
Дали понекогаш посакуваш барем на еден ден да си сама?
Дали знаеш да направиш венче од цвеќиња?
Која игра ја играш на ФБ?

Толку засега [sm=smiley36.gif]




mommy_angels RR -> RE: Интервју :) (14.3.2014 22:31:34)

Дафне еве и од мене

1.Што имаш направено како мајка,а се срамиш?
2.Навистина толку ги сакаш свекрва ти и баба ти или само сакаш да не нервираш дека нашите не ни се погодија? [sm=smiley36.gif]
3.Ги почнуваш понекогаш сексуалните предигри или таа работа ја оставаш на маж ти?
4.Која особина би ја сменила кај тебе,а која кај партнерот?
5.Чие име прво ти доаѓа на памет,да го исплескаш по газот,онака воспитно ?[sm=jezicek.gif]
Толку ми текнува во моментот [sm=smiley1.gif]




deluxe -> RE: Интервју :) (14.3.2014 23:27:47)

Смислив и јас некое прашање за Дефне[sm=smiley36.gif]
1.Кое јадење го готвиш најдобро??
2.Што те нервира кај маж ти?
3.Дали знаеш да возиш автомобил?
4.Што би променила во твојот изглед?
5.која личност би сакала да ја избришеш од твојот живот?




Defne90 RR -> RE: Интервју :) (15.3.2014 2:28:49)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Dafne, пукај [sm=smiley36.gif]
1.Егзотична дестинација за одмор?
2. Омилен жанр литература/или омилена книга?
3. Ако не во Берово, каде би живеела?
4. Ако дојдам во Берово, кај ќе ме пратиш на традиционален ручек?
5. Колку си искрена пред себе си и колку си самокритична?

Леле женски дури сега стасав да седнам на компјутер верувале или не до сега раскревав по сите што фрлале низ дома.Па ајде конечно да почнам со одговорите на вачите прашања.Значи започнувам со сандриана до неа стасав и ова се одговорите:
1.Дефинитивно Бахамите.Уште од малечка си фантазирам дека сакам да ги посетам и да си уживкам таму по егзотичните плажи.Е сега само од реализација до стварност има многу.Ае може ако ми се падне лотото ќе прошеткам и до таму хи хи хи[sm=smiley36.gif]
2.Сакам криминалистички романи како и романтични исто така,меѓутоа најомилена книга до сега што ја имам читано е "Злостор и казна" додуше од тогаш и немам прочитано уште многу ама мислам дека сепак таа книга секогаш ќе ми биде најомилена и најинтересна за читање,дури и да прочитам уште 100.[sm=smiley1.gif]
3.Би живеела дефинитивно во Струмица,некако ептен ми е убав тој град и го сакам многу и ми се допаѓа како е уреден.А за дестинација надвор од Македонија би ја одбрала Венеција,ептен голем романтик сум и во срце и во душа.
4.Па во Хотел Манастир дефинитивно.Тоа е и таков хотел направен е во етно стил и искрено мене ми се допаѓа најмногу.Ги има сите традиционални малешевски јадења изобилува со многу етно детали како што нагласив и е преубаво така како што е измешано модерното со етно стилот и културата на малешевци.[sm=smiley1.gif]
5.Па искрена сум релативно многу пред себе си а за самокритичност,па не сум некоја ептен самокритична личност освен кога се работи за моите деца.Некако секогаш си мислам дека сум можела и можам да направам многу повеќе за нив од она што сум го направила и го правам за нив.Меѓутоа мислам дека таа самокритичност кога се работи за нив ќе ми остане додека сум жива.




Defne90 RR -> RE: Интервју :) (15.3.2014 2:41:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Дефне наша си 24 часа [sm=smiley36.gif]

Која е твојата животна девиза?
Дали правиш нешто скришно од мт?
Дали понекогаш посакуваш барем на еден ден да си сама?
Дали знаеш да направиш венче од цвеќиња?
Која игра ја играш на ФБ?

Толку засега [sm=smiley36.gif]

Ајдеее продолжуваме понатаму со Палешка.Значи вака:
1.Мојата животна девиза дефинитивно е радувај се на помалите нешта во животот затоа што тие го прават секогаш посреќен и поубав.Биди секогаш позитивен и од секоја ситуација било лоша или добра секогаш стреми се да го извлечеш она што е најпозитивно и најубаво.[sm=smiley1.gif]
2.Па морам да признаам дека правам.Порано додека пушев се криев,после откако ги оставив цигарите се криев со чоколадите,а сега откако сум на диета значи ми остана само криењето на каталозите од орифлеим и авон од маж ми.Не дека има нешто против тоа ама понекогаш знам и да претерам со нарачките па да морам да го излажам дека ми требаат пари за нешто друго.Ама сметам дека сепак тоа и не е толку страшно нели?
3.Едно големо да.Море не на еден ден понекогаш посакувам да сум сама барем една недела и да си го одморам мозокот и духот за да почнам да функционирам нормално.
4.Не знам и никогаш не се ни потрудив да се научам.Како помали си шетавме со сестра ми и со братучеда ми по падините на едно село од каде што потекнува и мојот татко и така си беревме цвеќиња ама венчињата ни ги правеше секогаш братучеда ни.
5.Па порано ја играв ептен многу Криминал кеис и понекогаш и Кенди краш сага,ама сега можеби преку 3 месеци не сум играла ниедна од причина што некако веќе не ми е интересно а и немам време.седнувам на фб проверувам што има ново и после 5 до 10 минути се гасам освен ако не се зазборувам со некого на чат.[sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: Интервју :) (15.3.2014 3:42:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Дафне еве и од мене

1.Што имаш направено како мајка,а се срамиш?
2.Навистина толку ги сакаш свекрва ти и баба ти или само сакаш да не нервираш дека нашите не ни се погодија? [sm=smiley36.gif]
3.Ги почнуваш понекогаш сексуалните предигри или таа работа ја оставаш на маж ти?
4.Која особина би ја сменила кај тебе,а која кај партнерот?
5.Чие име прво ти доаѓа на памет,да го исплескаш по газот,онака воспитно ?[sm=jezicek.gif]
Толку ми текнува во моментот [sm=smiley1.gif]

Ајде мами да одговорам и на твоите прашања.Еве вака:
1.Значи се срамам најмногу од тоа што порано кога и да не сакаше син ми да јаде јас така во очај ќе му ги стиснев рацете и ќе му ставав во уста храна буквално сосила.Е така еднаш го зедов во раце беше уште мал некаде околу годинка ипол беше и ќе му ставам во уста против негова волја храна и се засркна детето и оттогаш му немам веќе давано така храна против негова волја.Ако јаде јаде ако не никогаш повеќе не го имам форсирано.
2.Па свеќи навистина ја сакам значи ептен пријатна жена е и дефинитивно секогаш уживам во нејзиното друштво.Ми има излезено секогаш во пресрет за што и да сум ја замолила и наивистина во овие 5 години како сум и снаа никогаш ме нема навредено.Е сега баба ми поточно мајка и на свеќи ја почитувам но не можам да кажам дека ми е многу омилена.Значи таа е таков тип на човек ќе ми помогне и да ја исчистиме куќата ќе ми ги причува и децата ќе ми помогне и со ручекот но после тоа се ќе ти го изнесе на нос и ќе ти префрла дека таа се работи иако честопати никој не го бара тоа од неа.И навистина се межа во се ама баш во се како таа да знае најдобро.Ама баш и не и се замарам во последно време.Јас размислувам вака ако му помагаш на човек без збор помогни му но ако планираш да му помогнеш само за да имаш за што да му префрлаш после подобро не му ни помагај.
3.па право да ти кажам во последно време некако јас почесто ги почнувам сексуалните предигри.Порано беше обратна ситуација ама сега е вака.Иако и тој после мојата почетна акција на предигра се вклучува секогаш така да кажам во фазон.[sm=smiley1.gif]
4.Кај мене дефинитивно би ја сменила брзоплетоста и избувливоста.Значи пред да одговорам да избројам до десет па потоа да зборувам.А кај маж ми би ја сменила особината да настојува упорно и да повторува една иста работа повеќе пати иако јас веќе стопати сум му кажала дека ќе се заврши тоа нешто за што запнал кога ке се ослободам од другите обврски.Значи би сакала понекогаш да не биде толку здодевен и постојано да повторува едно та исто.
5.Дефинитивно името на син ми Марјанчо ете и сега ми доаѓа да го исплескам по газот прееска баш цела креме за тело што и те како скапо ја платив заврши на плочките од купатило и морав да се опростам од неа.И не само тоа постојано ми прави некои белји по дома и јас постојано сум во искушение да го фатам и навистина да го исплеска онака убаво воспитно па веќе еднаш да му дојде паметот дека не треба да прави белја по цел ден.[sm=jezicek.gif]




Defne90 RR -> RE: Интервју :) (15.3.2014 4:01:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Смислив и јас некое прашање за Дефне[sm=smiley36.gif]
1.Кое јадење го готвиш најдобро??
2.Што те нервира кај маж ти?
3.Дали знаеш да возиш автомобил?
4.Што би променила во твојот изглед?
5.која личност би сакала да ја избришеш од твојот живот?

Делукс започнувам и со одговорите на твоите прашања.
1.Најдобро готвам рагу со пилешко бело месо и компири,значи никогаш немам утка кога се работи за тоа јадење и секогаш со задоволство го готвам.[sm=smiley1.gif]
2.Во последно време кај маж ми ме нервира тоа што постојано е надвор со друштво и некако многу ретко се врти накај дома, а после пак кога ќе си дојде сака само да си легне на кревет и да си гледа некој филм и да попува и да наредува само и буквално бара се да му биде принесено под нос.Некако се отпушти ептен ама мислам дека е време пак да ги затегнам распуштените узди за да не ми се качи на глава некој ден.
3.Не не знам немам ни положено ама стварно ептен имам мерак да возам.Го имам возено еднаш нашиот автомобил и тогаш ептен ми се допадна.Како и да е се надевам дека ќе научам и јас да возам и ќе успеам да земам возачка па да не бидам зависна од мојот маж кога и да треба да одам некаде со автомобил.
4.Па штознам целокупниот изглед така гледано ми се допаѓа можам да кажам дека сум задоволна скоро од се освен од мојата височина.Значи висока сум само некои скромни 157 сантиметри и би сакала да бидам повисока барем уште 10 сантиметри.Ама пак и сега не сум лоша ко џебна венера сум,хи хи хи.А ќе заборавев и носот некако имам како мала дупка кај ноздрите и сите ме прашуваат дали сум носела обетка што нема врска.Така да дефинитивно прво носот би го сменила па после би пораснала уште некои десетина сантиметри.
5.Моментално во мојот живот не постојат личности што стигнале на листата за бришење.Имав во минатото некои такви меѓутоа уште тогаш ги имам избришано и сега за сега а се надевам и за понатаму дека нема да имам потреба од магична гума за бришење на непожелни личности од мојот живот.[sm=smiley1.gif]




miana -> RE: Интервју :) (18.3.2014 14:27:46)

Ајде и јас да прашам нешто...

1. Каде живееш?
2. Кој те нервира најмногу?
3, Што те исполнува и прави среќна?
4. Како ти поминува еден обичен ден?
5. Дали го сакаш сопругот исто како некогаш?
6. Дали понекогаш сметаш дека си лоша мајка?
7. Каква ученичка беше во осмолетка ? ( мислам на успехот )
Ај доста ти е ;)




Defne90 RR -> RE: Интервју :) (19.3.2014 0:34:07)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Ајде и јас да прашам нешто...

1. Каде живееш?
2. Кој те нервира најмногу?
3, Што те исполнува и прави среќна?
4. Како ти поминува еден обичен ден?
5. Дали го сакаш сопругот исто како некогаш?
6. Дали понекогаш сметаш дека си лоша мајка?
7. Каква ученичка беше во осмолетка ? ( мислам на успехот )
Ај доста ти е ;)


Ајде да одговорам и на овие прашања од миана.Еве вака:
1.Живеам во Берово,мало градче во источна Македонија кое е прекрасно место за живеење и одгледување на децата,пред се заради чистиот воздух.[sm=smiley1.gif]
2.Во последно време да ви кажам право некако ептен сум онака ноншалантна и никој така не ме нервира којзнае колку.Ама ете така да спомнам понекогаш онака ме нервира највеќе баба му на маж ми заради нејзините команди кои паѓаат по дома.
3.Највеќе ме исполнува и ме прави среќна тоа кога ќе ги видам моите две дечиња како си играат и како поголемото ќе го прегрне или бакне помалото братче,затоа што имавме многу проблеми со прифаќањето на помалото од страна на поголемото,но како што кажав во последно време некако се почесто се заедно и си играат и дефинитивно тоа е она што мене ме парви најсреќна и ме исполнува целосно,нивната братска љубов.[sm=smiley1.gif]
4.Па станувам насабалје некаде околу 9 или 10 не одам на работа па така додека да станат децата ќе си сварам кафе ќе си го испијам пред компјутер и додека да го испијам во меѓувреме и тие ќе станат па после почнувам со тоа нив да ги средам и да ги нахранам.Па ајде со подготовка на ручек ако е убаво времето знаеме и да излеземе да прожетаме и да се изнаиграме надвор.Откако ќе се прибереме малото го успивам а со поголемото си играме нешто.И после тоа си доаѓа маж ми од работа па ручаме.После ручекот често одиме фамилијарно некаде кај пријатели или кај моите родители или кај неговите .Откако ќе си поседиме се враќаме дома ги спремаме децата за спиење и тоа е тоа.Назад во кревет.[sm=smiley1.gif]
5.Па искрено го сакам се уште многу е сега можеби и страста да не е присутна во големи количини но сепак сега преовладува онаа стабилност и навика кои верувам ќе бидат присутни во текот на целиот живот додека сме заедно.
6.Па да понекогаш сметам дека сум лоша мајка и тоа во ситуација кога моите деца ќе настинат,тогаш си мислам дека не сум ги пазела добро и затоа настинале,кога ќе се повредат.Ете свесна сум дека и паѓањето и сите тие повреди се дел од растењето и така пораснуваат сите деца ама ете срцето на мајката секогаш мислаи дека можело да ја избегне секоја лоша ситуација.Си мислам исто така дека сум лоша мајка и понекогаш кога по цел ден не можам да успеам да ги нахранам моите деца.И си се прашувам како некои мајки успеваат во тоа и плус да ги завршат сите домашни обврски кои што јас често морам да ги ставам на второ место заради моите деца.Мислам дека колку и да правам и да се грижам за моите деца дека секогаш ќе се чувствувам како да сум можела и да можам да сторам многу повеќе за нив и во некој момент и ќе се почувствувам и како лоша мајка заради тоа,иако ете другите околу мене на тоа не гледаат така и ете постојано ми велат дека и премногу ги пазам децата и не им дозволувам на некој начин да паднат и да направат грешка како тие во иднина би научиле да учат од нив.[sm=smiley1.gif]
7.Во осмолетка морам да кажам дека бев ученичка со одличен успех и примерно поведение.Сите седум години ги поминав со сите петки,е сега во осмо на крај на годината наставничката по математика ми стави четворка не за друго туку затоа што ме фати како и го решавам тестот на другарка ми.И тогаш се налути ептен јако и не сакаше да ми стави никако петка.Е само во осмо на крајот имав само една четворка.И во гимназија бев одличен ученик е сега имав овде и таму по некоја четворка ама сепак со одличен успех.Е за поведението малку и не бев толку примерна не за друго туку затоа што знаев и да си се ослободам самата за да појдам кај моето момче сега веќе маж.[sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  54 55 56 [57] 58   Следна страница >   >>