Еца -> Постпородилна депресија (9.4.2009 17:50:03)
|
Раѓањето на детето и мајчинството се многу важен момент во животот на жената, проследен со силен билошки, емоционален и социјален стрес што може да предизвика емоционални пречки кај мајката. Постпородилната потиштеност е мошне честа и со право се нарекува нормална состојба, се манифестира со необјаснива и неочекувана плачливост и мајката се чувствува психички и физички исцрпена. Дали сте ја почувствувале постпородилната депресија и на кој начин се манифестираше кај вас, зашто постојат и други симптоми како губење на апетит, несоница, губење на телесната тежина, немир, апатија, поголема раздразливост, чувство на очај, нерешителност...
|
|
|
|