baby_bump -> RE: Постпородилна депресија (5.3.2011 16:07:59)
|
Па не знам можеби ќе звучи премногу грубо,.....но навистина се чувствувам како прегазено гомно. Баш поради тие митови и неколку постови и тврдења кои што ги читам овде, не можам да се начудам и да им честитам на сите најсреќни мајки кога го гледаат и чуваат своето новородено чедо, без ниту една негативна емоција, кои не се уморни и нервозни, кои се супер мајки.....но ете јас, не сум најсреќна мајка кога по којзнае кој пат во текот на ноќта ќе морам да станам да и дадам да јаде, не не се чувствувам убаво кога мене ми се спие а таа решила дека ќе си игра и гука, 2 часа во текот на ноќта................... не не се осеќам исполнето кога ќе констатирам дека немам време ни да отидам да се шишам, а не да одам на кафе со пријателки, еве веќе 4 месеци.... Немам воља за ништо, едноставно од една темпераментна исполнета личност, се претворам постепено во зановетало, несредена, неиспеглана, по цел ден трчај по детето, прави млеко, миј садови, пери, пеглај, чисти, прави ручек,... бла бла, можеби јас не сум добра мајка? не навистина теба да си признаеме а не да глумиме супер жена и мајка, породувањето и бебето ме истоштија и јас навистина сум во депресија, можеби не е постпородилна, но депресија е, и некогаш немам позитивни емоции спрема ова мало невино суштество, еве не ми е срам да си кажам ....... Секоја чест на некои што не сакаат да се одморат и наспијат убаво, што не сакаат да излезат на чаршија 2 часа и да го пуштат мозокот на пасење..... јас не сум толку силна, мене ми треба одмор, време за себе, секс преку една вечер, високи штикли, фризура и шминка.
|
|
|
|