Hopeful RR -> RE: Постпородилна депресија (30.9.2015 17:32:55)
|
Се согласувам со ники. Мора прво да пристапиме сериозно и конструктивно, и да погледнеме низ прсти ако ни се чини дека некој не зеза. Голема е веројатноста да се работи за сериозен, тежок проблем, и осудувања и навреди може само да влошат... Не смееме да се расфрламе со ставови, посебно кога ретко која од нас имала искуство со тешка депресија, анксиозност, страв и што се не. И секако, не смееме ние да станеме cyber bullies и да и влошиме на sadgirl1. Тоа што е нов член, со малку постови не мора ништо да значи, може ете дури сега има потреба до помош па пишува... Тоа што е хаотична во изјавите и недоследна може да е дел од проблемот, а тоа што ја нема, искрено ме загрижува. sadgirl1, те молам пиши ни што се случува, немој да се изолираш. Не се познаваме, но сите ние тука сме отворени и позитивни да понудиме помош, поддршка и разбирање. Сите сме со различни животни искуства и ставови и кај некого секогаш ќе наидеш на разбирање. Читај селективно, батали ги навредите и осудувањата, послушај ги советите што може да ти помогнат и секако пиши ни. Што и да одлучиш, ние сме покрај тебе. Лично, ја разбирам твојата носталгија за претходниот живот, и иако се борев со стерилитет и бев најсреќна на свет кога добив деца, сепак имав еден период во кој не можев да поверувам дека ете, this is my life now, дека не можам да излезам кога сакам, да правам што сакам, да спијам, да дремам пред ТВ и куп други работи. Склона сум кон депресија и ми траеше тоа подолго од обичен baby blues, и покрај тоа ова беа долго очекувани и сакани бебиња, а тек па кај тебе, во сосема друг животен контекст. За се има решение, само мора да се потрудиме да дојдеме до него.
|
|
|
|