blue_blue -> RE: Постпородилна депресија (28.9.2015 10:43:24)
|
sadgirl1, јас целосно те разбирам и не е ниту лесно ниту едноставно ова низ што минуваш. Имаш право на сите чувства зошто се твои, а во исто време никој нема право да те осудува зошто не си знаела да се радуваш на највредното нешто на светот (дали е навистина највредното или тоа е само клише?) и да ти се заканува дека ќе ти го земе ради негрижа...од она што го гледам мислам дека си човек кој многу тешко се носи со промена од било кој вид, особено промена која не е во планот и која се случила тотално неочекувано...тоа е нормално, многу луѓе се како тебе. Но јас имам теорија дека за се што ни се случува има некоја лекција која мора и треба да ја научиме. Ова баш тебе ти се случува зошто треба да научиш дека многу работи во животот не одат согласно плановите и многу работи не можеме да предвидиме. И ако сакаме да живееме мора да се прилагодуваме на ситуациите кои настанале. И на бегалците од Сирија сигурно не им било во план да акаат по светов и да бараат корка леб и покрив над глава. И на болните од рак не им било во план да се разболат од тешка болест....и на родителите на деца со посебни потреби не им било во план да добијат дете со посебни потреби...и сега што? верувала или не имаш избор но мораш да реагираш под итно. Прво веднаш најди добар психолог кај кој ќе одиш на советување во почеток 1 неделно. Твојата состојба не е воопшто наивна - токму вака почнува процесот кај мајките кои си ги убиле своите деца и за кои потоа велиме дека се монструми. Не се, едноставно биле во тешка депресија и барале помош од најблиските ама никој не го сфаќал тоа зошто сите мислат дека мајката мора да го сака детето, демек тоа така инстинктивно доаѓа. И сите имаат очекувања од тебе што ти треба да правиш и како треба да се однесуваш и ако не правиш така одма си неподобна. Друга работа која мораш да ја направиш е да им забраниш на твоите да доаѓаат кај тебе дома и да имаат контакт со тебе и детето, односно да им кажеш дека се ова што ти го чувствуваш и низ што минуваш е нормално и ако не знаат да те поддржат и разберат (а колку што гледам не знаат туку само те осудуваат) тогаш ич нек не контактираат со тебе...Абсолутно не ти треба во овој период некој да ти набива на нос колку си неподобна - напротив ти треба некој кој го сакаш и од кого очекуваш поддршка да ти даде макар и најмала валидација дека нешто правиш добро, а сигурно правиш, сигурно детето не ти е гладно по цел ден и голо...Истото треба да го бараш и од сопругот...коментарите од типот - никој немало да те чека до 33 години се во најмала рака потценувачки и кажуваат многу и за него - демек ако не си со мене никој нема да те сака...велиш дека тој најмногу ти помага ама од ова што го пишуваш јас не гледам како...помош е ако некој ги разбира твоите чувства и ти вели дека е ОК и дека ќе биде добро и ако те прашува што ти треба во моментот а не ако ти трие сол над глава...Јас поминував низ слична психоза, депресија како сакаш наречи ја иако децата ги добив на 35 години, ги сакав и се намачив да ги добијам и имам сопруг кој секогаш ми бил огромна поддршка...и моето траеше од некои 6 месеци на децата (имам близначки) до некои година и 2-3 месеци нивни...беше сплет на неколку околности и иако ме викаат жена карпа јас многу се мачев во тој период...имаше моменти во кои доаѓав дома од работа и останував сама со нив и ме фаќаше паника дека не знам што да правам со нив...ако ти се верува во еден таков момент на тотална изгубеност ми се најде колешка од претходната работа со која стоев ОК не дека бевме некои не знам колку блиски пријателки...и се јавив и ја замолив да дојде, немав на кого...и жената ме спаси.. а сопругот никогаш не ме осуди за однесувањето, постојано ми повторуваше дека се ќе биде ОК, и дали може тој со уште нешто да ми помогне и дека би сакал пак да бидам среќна и да се смеам и дека тој се што треба ќе направи за пак да бидам насмеана, само да му кажам..и постојано ми кажуваше дека сум добра мајка...она што сакам да ти кажам е дека сигурно има луѓе околу тебе кои можат да ти помогнат без осуда. Тие нужно не мора да се твоите или сопругот - погледни околу и одлучи кои се...а сопругот треба да е до тебе без критика...што се случило се случило, времето не се враќа назад...сега имаш избор да направиш план како понатаму...кои се твоите планови кои велиш дека си ги имала? Во која мерка и како имањето дете те оневозможува да ги оствариш? Што можеш да направиш сепак да се остварат? Од што треба да се откажеш за да можеш понатаму во животот да продолжиш и да бидеш среќна? Дали си спремна да се откажеш од детето? Од сопругот? Што ти треба да си среќна? Најди си одговори на прашањава....Добар психолог ќе работи со тебе низ овие прашања и ќе ги наоѓате одговорите и ќе одлучуваш што како понатаму...животот е еден и нема поента да се заглавиме на нешто што не можеме да го смениме...детето не може да го вратиш назад ама на тебе е да одлучиш и избереш како понатаму - со него, без него..во среќен брак или сама...се е во ред, се додека одлуката е твоја и те прави среќна...
|
|
|
|