Џесика -> RE: Постпородилна депресија (4.2.2013 13:18:44)
|
Мацо, да беше депресија, немаше да пишуваш и да побараш помош, ти си само во една мала криза. И јас ја доживеав кога син ми имаше 6 месеци, и тогаш потклекнав и пропушив повторно, грешка што не си ја простив, само затоа што дозволив кризата на телото и умот, и мала караница со мм, да ме доведат во таква ситуација... тебе ти треба само некој саат сама, малку промена од дневната рутина. Пробај смени малку, не мора све да е по таман, и по шема, отскокни малку, макар 15 минути да е со мт бебчето, истрчај низ населба, орбитрек, стомачни, обична прошетка, фризер, само 15 минути... те разбирам, тоа често се случува затоа што немаме минута слободно време за себе... Биди јака и дружи се со позитивни луѓе, викни некој на кафе... Ќе ти треба време, ама како ќе се осамосталува малото, ќе ти олеснува...
|
|
|
|