twin girls -> RE: RE:Неизбежен развод (22.5.2011 14:43:28)
|
Одамна сум член на Рингераја, но никогаш не сум се вклучила да пишувам во форум...но за се има прв пат Го напуштив сопругот пред речиси два месеца, а тој неколку ден после тоа поднел тужба за развод за која ме извести по смс. Бевме во Сцијално, разговаравме со социјален работник, божем за помирување, но не се смиривме, нормално, нели? Се согласив на развод, а причина беше неговото однесување кон мене и нашите две сонца-близначиња (игнорирање, непочитување, психички притисок, никаков разговор за било што и слично), а тој како причина наведе дека не сум ги давала децата на чување кај неговите, кои, патем, здравствено не се баш добри. Кога дојде моментот за гледае на децата, тој цело време зборуваше дека ниту деца, ниту мене сака да види, ништо не го интересирало, но кога му ја спомнаа алиментацијата, без разлика на тоа, „Епа, ајде, сакам да ги гледам.“ Јас сум наставник по професија и многу убаво знам како и колку знаци хармонијата во семејството, но нешата не се задржа. И демек се договоривме еднаш неделно да ги гледа, но само во мое присуство затоа што образложив дека неговата нестабилност, незаинтересиранот и лабилен карактер. И ете сега ги гледа еднаш неделно, а во меѓувреме ми пишува пораки за заканување дека со полиција ќе ми ги земе децата, а друг ден дека можеби ќе се предомисли за разводот. Ни закажаа рочиште на 24 јуни. Минатата година ме избрка од нашиот заеднички дом заради тоа што открив дека контактира со некоја, а што имало меѓу нив, не дознав. Оваа година две недели повторно живеевме одделно, не сакаше мајка ми да ги чува децата затоа шт упорно тврдеше дека неговите тоа го можат, а неговите молчеа, ништо не кажуваа, како и секогаш. Постојано се каравме секогаш кога ќе одеше сам кај нив, инаку живеевме во иста куќа со различни влезови. Големата контрола од нивна страна кон него, неможноста ништо да направи сам, без да ги праша нив и многу други работи ме натераа да заминам, а имаме две прекрадсни девојчиња, умни, одговорни, и се нај нај, но, убавите работи во животот ги заборава и не сака децата да растат како деца туку да седеле со неговите, кои не ни се качуваа кај нас, а, замислете, јас да седам горе сама. Има многу детали кои мојот убав живот со него го направија мачен, морам со некого полека да ги споделувам, оти луѓето од страна знаат пообјективно да гледаат на работите.
|
|
|
|