RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (17.7.2014 10:52:33)

Milicka30, обично барај ги сабајле порано, потоа излегуваат на терен и не се во канцеларија. Orchid7, среќно, чекаме да не известиш кога ќе го земеш.




Milicka 30 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (18.7.2014 10:47:51)

Фала ти Ловеабле Ме се јавив уште од сабајле ми кажаа мојот предмет ке се разгледувал во вторник па ке видиме.Поздрав девојкии!




Milicka 30 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (23.7.2014 15:25:40)

Леле девојки само вам може да ви се пожалам, ама се изнервирав денес, се јавувам во ФЗО и ми викаат дека ми недостасувале 4д ехо, ХСГ и хормони...демек не им требало само снимките туку и текстот а јас баш се пратив. Морав да бидам упорна, ги натерав да проверат и замислетее докторката не ги видела!!! Па дали се нормални? И сега пак треба да чекам до наредната среда,затоа што само тогаш имале состанок.Се мислам дали пишам некаде приговор...Стварно си поигруваат со нас[sm=smiley13.gif]




kapina -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (23.7.2014 15:48:36)

A koga gi prati dokumentite milicka jas gi prati v na 3 juli




frosina55 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (23.7.2014 16:05:57)

devojki aj vaka da mi objasni ako mozi nekoj. Se prakaat snimkite od hsg taka posle gi vrakaat li? Mene na hsg mi se gleda septum deka imam,pravev histeroskopija i treba otpusnata lista da ja dadam?




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (23.7.2014 16:15:57)

Не знам зошто сте праќале снимки, не го бараат тоа од ФЗО бараат само писмен извештај од ХСГ постапката. Капина, јави се во ФЗО и прашај кога ќе се решава твојот предмет.




Milicka 30 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (23.7.2014 17:15:01)

Капина јас ги пратив на 25.06.
Значи имав пратено извештај за ХСГ (снимката не) и извештај од 4Д и од вагинално ехо со се испринтани снимки од ехото така ми кажа матичниот.




lanicka30 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (26.7.2014 11:39:03)

zdravo na site rr ve citam i sakav nesto da se konsultiram gi spremam dokumentite za ifv i sakav da ve prasam dali ako imas mal septum ima sansi da te vratat bidejki jas pravev laparohisteroskopija ama ne mi e otstraned bidejki bil premnogu mal????hcg mi e dobro kanalite mi se proodni




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (29.7.2014 9:55:31)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lanicka30

zdravo na site rr ve citam i sakav nesto da se konsultiram gi spremam dokumentite za ifv i sakav da ve prasam dali ako imas mal septum ima sansi da te vratat bidejki jas pravev laparohisteroskopija ama ne mi e otstraned bidejki bil premnogu mal????hcg mi e dobro kanalite mi se proodni


Ако во извештајот не пишува дека тоа е сериозно, штом е мал, не би требало да ти прават проблем. Позз, каде ќе правите ИВФ, кај кок доктор?




lanicka30 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (30.7.2014 22:14:26)

Zdravje u septemvri planiram da gi podadam dokumentite imam tri insiminacii se nadevam deka nema da mi naprvat probleb bidejki dijagnozata mi e deka imam sapilgiticni kanali toa vo prevod znaci dekak kanaite mi se proodni no ne funkcionalni bidejki gi nema onie vlakna koi ja prenesuvaat spermata inace site drugi dokumeti gi imam.inaku planiram da pravam vo re medika kaj dr dimitrov.ako nekoj ima slicna dijagnza neka mi pise.do septevri ke se odmaram me ceka edno ubavo odmorce pa za id septemvri so novi sili.




lanicka30 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (31.7.2014 16:35:50)

E bas se iznervirav denes . Gi zemav denes rezultatite od horminite i prolaktinot mi e pokacen 42 a pred tri meseci go proveruvav se bese ok i sega nekoj neka pomaga ako e pokacen nema vaucer neli[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif] bas sum tazna a prwd doa dve godini go regulirav so bromergon i bese ok ovaa posledna godina ne bev na hormoni i bese ok se do denes leeeee ke puknam sto da se pravi




kapina -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (31.7.2014 16:39:49)

Nisto Ke pies bromergon edno mesec dva I ke ti se srede




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (31.7.2014 17:23:22)

lanicka30, не си врзувај во крпче од една анализа на пролактин. Знаеш и сама дека се менува од денес до утре и може едноставно си била под стрес или нешто така. Можно е од фзо да те вратат за тоа, но почекај, провери го и следниот месец, не земај терапија од одма, па види и тогаш. Ако не па, јави им се и прашај ги, да не праќаш за џабе. Ајде со среќа [sm=smiley1.gif]




lanicka30 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (31.7.2014 20:57:56)

Lele ocajna sum panka me faka vremeto pominuva a mene se nesto me sprcuva do celta da stignam ne e FERRRRRR...ne se mesec dva 5 glupavi godini sekoj mesec razocaruvanje i sega koga se odlucivmeza ivf nesto m[sm=smiley19.gif]ora da iskrsne[sm=smiley19.gif] SAKAMMMM BEBEEEEE KE ME SLUSNE LI VEKE GORNIOV SAKAM I MENE NEKOJ MAMA DA ME VIKNE[sm=smiley19.gif]




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (31.7.2014 23:46:41)

lanicka30, ама скроз знам како се чувствуваш, верувај ми. Ќе биде, мора да се трудиме и да бидеме упорни и сконцентрирани, нема откажување. И мене ме убива тоа што секој проклет месец е истото - тоа па тоа, и исчекувањето да добиеш, и самото добивање и целиот тој емотивен rollercoaster и језиво е, на никого не му го посакувам.

Мора да бидеме јаки и да бидеме фокусирани на целта. Знам дека ти е тешко, знам дека ти се чини дека се нешто сопки ти се појавуваат, но ете, важно сте се одлучиле за ивф, важно ги имате сите документи и за еден или два месеци повеќе или помалку не менува. Ние ги брзавме инсеминациите и ги завршивме во јануари, па додека да собереме документи, додека да добиеме ваучер и еве да почнеме, фати уште повеќе од пола година.

Ако е само до пролактинот - батали, почекај уште еден месец, не се клукај од одма со апчиња и за следното испитување пробај да бидеш поолабавена - легни порано, не јади вечерта, мирувај пред самиот тест, исклучи се од околината. Кај биле пет години, ќе помине уште еден месец и ќе поднесете, не се секирај! Ние сме тука со тебе и ти праќаме позитивна енергија да истраеш [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




butterfly 00 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (7.8.2014 17:49:24)

Devojki mi stigna preku posta vaucerot za vtoroto IVF mi odobrile, yeee [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (8.8.2014 9:59:11)

Батерфлај, честитките ти ги упатуваме во Денес го добив позитивниот одговор.




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (8.8.2014 13:13:34)

"СООППШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Почитувани, ФЗОМ сака да ја информира Јавноста за ......

......измени во Правилникот за биомедицинско потпомогнато оплодување (ин-витро) со цел да се овозможи и олесни постапката за остварување на правото на осигурениците-брачни парови кои се лекуваат од стерилитет.

Имено со оваа измена која стапува на сила по 16.08.2014 се овозможи осигуреничките кои имаат ограничена оваријална резерва на јајниците и отстапување од нормалните вредности на одредени хормони (FSH и anti-Mullerian хормон во серум) како и отстапуање од минималниот број на антрални фоликули на јајниците, првиот обид во постапката за БПО со сопствен репродуктивен материјал (јаце клетки) да биде на товар на средствата на Фондот. Досега овие парови имаа право на ин-витро само со донаторски материјал. Постапката за аплицирање останува иста, а за овие осигуренички ќе се овозможи право на инвитро со сопствени јајце клетки доколку установата која ја извршува постапката може да екстрахира јајце клетки од осигуреничката."
Извор: ФЗО.мк

Се надевам на сите кои досега одеа со донатор, дека ќе можат да го остварат правото за детенце со своите јајце клетки. [sm=smiley1.gif]




sky diver -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (8.8.2014 14:52:28)

Zdravo na site,
i jas se spremam za vtoro in vitro, PAP uste cekam rezultati, megjutoa na brisevite sum pozitivna na candida alicans i ureaplasma urealycticum.
vo ponedelnik ke gi nosam kaj maticniot na tolkuvanje, megjutoa kako i da e ke mora da se resam od bakteriite pred da podnesam za vtoro in vitro.
taman pocnav so sobiranje na dokumenti, sega se stagnira poradi naodite. Nikogas ne sum gi imala ovie infekcii i kaj najde bas sega.
jas samo velam kako sto e gospod nikoj ne e valjda taka trebalo da bide.
inaku i jas se javiv direktno vo fondot za da prasam za dokumentacija za vtoro in vitro, i ubavo mi objasnija.
nemojte da slusate rekla kazala posto sekoj slucaj e sam za sebe, najdobro javete se mnogu se kulturni ili otidete direktno tamu nema da ve vratat.
pozdrav




butterfly 00 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (8.8.2014 21:57:51)

Mene vcera mi go dostavija na domasna adresa vaucerot za vtoro IVF dokumentite se isti samo sto jas dostaviv i novi sto sum gi pravela vo meguvreme kako histeroskopija i transver so zamrznati embrioni.




orchid7 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (12.8.2014 12:11:29)

Deneska bev do FZO da dostavam dopolnitelni dokumenti i informacijata sto ja dobiv e deka sledno ke odlucuvaat na 19.08.2014 pa potoa ke imaat pauza od 2 nedeli. Se nadevam deka na 19-ti site nie ke gi dobieme pozitivnite vesti koi gi ocekuvame!

Pozdrav do site




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (13.8.2014 12:01:05)

оркид7, извести не кога ќе имаш одговор. Каде ќе правиш ИВФ?




orchid7 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (14.8.2014 13:31:25)

Pa razmisluvam za Sistina megutoa definitivno nemam odluceno!




brm_brm -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (18.8.2014 19:39:39)

Na pap testot imam kandida. Dali vo fondot ke mi pravat problem za vaucer, t.e. dali pap testot treba da bide skroz cist. Kakvo e vaseto iskustvo?




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (18.8.2014 20:11:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: brm_brm

Na pap testot imam kandida. Dali vo fondot ke mi pravat problem za vaucer, t.e. dali pap testot treba da bide skroz cist. Kakvo e vaseto iskustvo?


За кандида не прават проблем, поздрав




Страница: <<   < Претходна страница  27 28 [29] 30 31   Следна страница >   >>