Crcufce -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (3.7.2012 10:08:22)
|
Драги рингерајки... [sm=smiley1.gif] Најнапред здраво на сите! Нова сум на форумот, а вашите коментари ми помогна многу уште од моментот кога добивме [sm=rozacrtici.gif], а тоа е пред две и пол недели... Во брак сум седум месеци и уште од почетокот си правевме бебенце, и баш кога најмалку очекувавме си добивме бебувче во стомачето. Сега сум при крај на шеста недела, но ниту ми се лоши, ниту чувствувам мачнини, само градите малку ме болат и ми растат, други симптоми немам. До пред три дена секој ден имав мала болка во долниот дел на стомакот, но и тие исчезнаа сосема. Тоа малку ме стави на мисла, а на преглед имам закажано дури во понеделник. па сакав да ве прашам дали некој имал такво искуство и дали има место за паника или да си чекам да дојде понеделник и да видиме до каде сме пораснале и дали ќе му го слушнеме срценцето. Поздрав и имајте убав ден!
|
|
|
|