masa -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (26.4.2013 11:15:09)
|
TARA1 имај лесна бременост и пријатна дружба овде.За мачнините не се грижи секоја бременост е различна и кај иста жена,и јас сум бремена по втор пат и има големи разлики од првиот,во првата бременост ми почнаа во 8ма недела и беа многу јаки и неподносливи и траеа до кај 15-16недела,сега ми почнаа уште во 6та,но беа далеку поподносливи и еве 12 недела сума последниве две недели по еден,два дена неделно ми е лошо и киселините ми се намалуваат полека.Значи нема правило и не значи дека отсуството на мачнини е показател дека нешто не е во ред со [sm=duda.gif] само уживај и во понеделник да си го слишнете срценцето [sm=bravo.gif] Еве и јас на репорот тука за последен пат.Вчера бевме на преглед и компјутерот покажа 12+3 дена,а во извештајот ми запиша 13та недела(ова сеуште не го сваќам кога се влегува во повисока недела,ама не е ни толку битно веќе)Бебето си брдаше го видовме,го мереа одговара со неделите,беше свртено со грб,па убаво се фати 'рбетот,но вратниот набор одвај го измеривме и тоа кога го мереше докторот покажа 1,1 а кога го мереше сам програмот 0,8,но докторот рече дп 2 е нормално и да има грешка таа може да биде најмногу 20% и со двете мерки во овој случај е нормално,значи се е во ред.И носна коска му мереше,тоа исто во 12 недела се мерело,главчето малку поголемо,но и тоа било нормално во овој период од бременоста,значи уште некоја недела ќе биде поголема главата и ако ви го кажат тоа да не се грижите,нормално е! Зачи [sm=duda.gif] во ред,е сега мама.За кандидата на пап тестот ми рече дека е можно да ја има без симптоми зошто ја има во секој организам и при пад на имунитет,земање антибиотици,и многу често во бременост се покачува вредноста и добро било што немам симтоми значи не е многу покачена,но штом покажало има нешто.Ми рече можело и тие што ми ги препиша матичниот не штетеле во бременост,а исто дејство имале и линекс лејди,а биле поефтини,па остави на мене јас да одлучам.Јас после со рецептот ќе одам до аптека,па ако нема гужва да ми прочита убаво дејство состав и да споредиме па ќе земам нешто.И хемоглобинот почна да пачѓа,но ми рече до 20та недела да не земам железо само преку исхрана и може маџун,а да продолжам со огестан и магнезиум.За болките ми рече ако се подносливи се нормални зошто матката од 50гр треба да стане 1кг и таа промена резултира со болка,и секако околните ткива,така да и за тоа не се плашете! Толку за мене овде,јас бегам во второ тромесечје,но ве чекам таму сите и ќе ве читкам! Поздрав [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|