Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Ајде заедно да ги броиме деновите! 12.3.2009 15:04:10
Julie1
Знам дека веќе имаме членови кои чекаат бебенце. Ајде заедно да ги дознаваме новостите од прегледите (машко, девојче), заедно да ги броиме деновите, да дознаваме за името на малото ангелче или да даваме наши предлози... Кога е приближниот период на породување.
RE: Ајде заедно да ги броиме деновите! 17.4.2009 6:29:38
Еца
Драги мои, имам да ви соопштам дека во 26 недела од бременоста докторот успеа да види дка носам едно прекрасно девојче(нека ми е живо и здраво ),а и доколку погрешил, среќата нема да биде ниту поголема, ниту помала, среќата повторно ќе биде неизмерна. Опс,осетивте некој ве штипна за носот? Е тоа бев јас да ве фати побрзо мајата, па да пишете и вие која недела сте трудни и какво носите Поздрав!
RE: Ајде заедно да ги броиме деновите! 2.6.2009 8:43:05
Еца
Еј мамички еве сега ве напуштам одам на гинеколог(божем вчера, па ми презакажа гин, за денес) да видиме како напредува ова мало човече , инаку боксерка на тато штом ќе дојдам ќе ви јавам што ми кажале, папа
RE: Ајде заедно да ги броиме деновите! 2.6.2009 12:45:18
Еца
По прегледот на гинеколог сега сум добро расположена, малата боксерка е топ максимално активна, темпераментна, докторот вика прекрасен плод, одамна вака не сум видел....постелката како што си е...си сака одмор, плажа, гњаважа шала жени, не се возбудувајте, ама воглавном добро напредуваме, ќе издржиме до крај...Сега сум 32 недела, значи се ближи денот
RE: Ајде заедно да ги броиме деновите! 3.6.2009 20:33:11
Natasha5
Супер Елена баш се радувам за тебе и твојата боксерка ,супер што е се во ред.Само напред и мене ми се наближува денот блоску сме ние две јас сум 36 недела полна во 37ма.
RE: Ајде заедно да ги броиме деновите! 17.6.2009 9:48:56
mami
еве сега и пишав на Наташа5, треба да е во Скопје веќе неколку дена, па ја чекам да одговори и да ви пишам како е..ајде па уште малку мекици...уф уф ке се изнајадеме следните два месеца
RE: Ајде заедно да ги броиме деновите! 17.6.2009 9:55:28
mami
Ете Натка наша одмара, топло и е ( а на кого не му е) планира да стави интернет на мобилен па ке ни се придружи..имате голем поздрав сите од нашата која е прва на список за породување
RE: Ајде заедно да ги броиме деновите! 17.6.2009 9:56:17
srnicka
Zdravo zenski! Jas sum 19 nedela i mi rekoa deka e zensko ama ne bese 100 % sigurna Dr.Ke pocekam uste 2 nedeli koga ke idam na pregled i za posigurno ke vi pisuvam togas.
RE: Ајде заедно да ги броиме деновите! 17.6.2009 10:09:58
Adrijana
Od denes i nie vleguvame vo 19 nedela, i doktorkata tri pati mi spomena deka nisto ne mu raste na bebusot megu noze, sto zaci, a ne e 100% sigurno, deka i jas si nosam tatina princeza, ili podobro mamina karatistka izgleda imame polno mali zenicki
RE: Ајде заедно да ги броиме деновите! 23.6.2009 13:12:07
Еца
Луѓе јас сум крај на 35 недела и докторот вика да почнеме да се подготвуваме ха, ха решивме дека ќе одам на породување во Чаир, и ако биде се како треба овој пат ќе одиме по природен пат Иако втора бременост, прво искуство за мене, па да се надеваме дека се ќе биде добро, јас се си мислам ќе има журка во Чаир
RE: Ајде заедно да ги броиме деновите! 23.6.2009 13:13:40
mami
Срцко супер...браво...ајде ке праиме журка, ке ти пееме под пенџери ...јас бев во Чаир, и можам само да ти кажам да ти пракаат редовно за јадење инаку другото е ок
RE: Ајде заедно да ги броиме деновите! 23.6.2009 14:02:30
evcipa
Лееееелеееее среќни мајки еден куп кукли .... . Јас од утре сум 27ма недела...и си шкрткам денови од толку што сум нестрплива да го видам БЕБЕ. Ќе имам машко бебенце, иако др најпрвин ни кажа дека е девојче. Незнам дали ви се случило, ама јас си сонував машко бебе, истото лице 3 пати.... чудно
RE: Ајде заедно да ги броиме деновите! 24.6.2009 22:14:54
Еца
Ајде, ајде да почнеме со мекици, кое ќе биде прво бебе на рингераја што сме го дочекале заедно...Јуле ајде да подготвиме некое изненадување за среќната мајка.