RE: Политика - за, во врска и резултати! (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


mamicki -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (19.4.2012 20:03:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki


Се изначитав револт, баби и жаби, демагогии, празни теории...
Политиката не е наивна, ни случајна, ни ефтина... За жал, постоечките партии, и позиција и опозиција,ќе владеат уште долго, на смени. Демократијата е утопија и илузија. Центарот на моќ секојпат и секаде е ист- пари. Парите си ги имаат изнајмено тие партии, тoа е тоа. Јавното мислење се креира и манипулира од овие центри на моќ, таа е вистината. Многу е тешко да се живее тоа овде, на Балканот, каде што се преплетуваат и прават кратки спојови интересите на локалните, со оние на светските моќници, особено сега, во период на крупни превирања на врвот, т.е кога седиштето на парите менува континент.
Најдобар начин луѓето да речат „НЕ“на ваквиот ритам на живеење каде што вредиш колку што имаш, во кој се знае цената на се, а вредноста на ништо, каде се поклонуваме пред златното теле и страдаме кога имаме 10, поради тоа што немаме 20 пара чевли, на пр. не е да влеземе во игра со намера да победиме, туку да не си играме. Луѓето мора да се свртат кон длабокото „јас-човек“ во себе, кон духовноста, кон вистинските вредности, да ги отфрлат парите, да одбијат да им робуваат.


Kako bi mozel ova da go postigne tatkoto na 4 deca od veleskoto selo koj so 7000 denari treba da gi hrani, skoluva, plaka transport?



Toj toa go ima postignato mnogu podobro i podlaboko otkolku jas ili ti... Mozesh li da go organizirash zivotot so 7000 denari? Znaes li da molzish krava, da soberesh drva vo suma, da mesis leb... ?
Ne si ja sfatila poentata na postot, no ne si ti vinovna [sm=smiley1.gif]




niki -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (19.4.2012 21:08:37)

survivor za sekogo razlicen




amateuress -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (20.4.2012 0:19:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Најдобар начин луѓето да речат „НЕ“на ваквиот ритам на живеење каде што вредиш колку што имаш, во кој се знае цената на се, а вредноста на ништо, каде се поклонуваме пред златното теле и страдаме кога имаме 10, поради тоа што немаме 20 пара чевли, на пр. не е да влеземе во игра со намера да победиме, туку да не си играме. Луѓето мора да се свртат кон длабокото „јас-човек“ во себе, кон духовноста, кон вистинските вредности, да ги отфрлат парите, да одбијат да им робуваат.


Ова ме потсети на филозофијата на Корделија од Крал Лир која одбива да игра игра во која неизбежно ќе се искорумпира. Многу ја сакам како лик и долго време се трудев да живеам зашто секоја моја интеракција, или секое прифаќање на туѓи правила е сепак мала, суптилна корупција. Без разлика дали ќе пазарам во Тинекс, дали ќе се расправам со возач што не застанува на пешачки, дали ќе се нафатам на работа што не ја сакам за да можам да платам да имам кров на глава, или ќе фаќам врски за породување на ГАК.
ама потоа решив, има работи за кои ќе се прават компромиси, и такви за кои нема компримис. и туркам некако

а кога си мислам на нас македончињата, секогаш една слика ми доаѓа пред очи. лавови како ловат стадо бафала. овие стокилашиве ко сами да сакаат лавовите да ги кркнат, си подбегнуваат колку да не е без ич, ама не се замараат, а само да им се свртат на лавовите сите заедно, ко што се такви тешки, одма ќе ги избркаат. ама не... си чекаат тие, еден од нив нека оди јабана, битно другите да спасат глава.

не знам дали е до менталитетот, дали е до мрзата, ама и ние ко да се сме такви...

бдв, јас ептен измешав баби и жаби во постот, ама касно е, јас ненаспана, и уште тон работа ме чека... а јас си дремам на рр...[sm=smiley13.gif]




mamicki -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (20.4.2012 0:57:25)

Нема врска, таа е поентата, дека во нивната игра да добиеш- значи дека си изгубил, дека се повеќе се оддалечуваме и се расчовечуваме, нема потреба да не оковаат, сами си ставаме ѓулиња околу зглобот поради алчноста по материјални нешта[sm=smiley13.gif]




kikicka -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (29.5.2012 23:38:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Извор: Stpika i Time.mk


Пандорина кутија од внатрешниот џеб на Бранко


Вчера вечер, во емисијата Х-0 на Канал 5 телевизија, лидерот на опозициската партија СДСМ, Бранко Црвенковски, обелодени државен документ од 2005 година кој предизвика голем џагор помеѓу политичките партии во Македонија.

Тој во еден момент во емисијата, на театрален начин извади од внатрешниот џеб на сакото еден „мистериозен“ документ, кој подоцна од ВМРО ДПМНЕ го окарактеризираа како фалсификат.

Според Бранко Црвенковски, се работи за документ кој е со ознака „строго доверливо“ и во кој се наоѓа предлог писмото од медијаторот Метју Нимиц, за решение во врска со проблемот со името на нашата држава. Според тврдењето на опозицијата, Никола Груевски категорично не прифаќајќи го тој предлог, направил стратешка грешка, бидејќи предлогот бил и те како во полза на Македонија. Всушност, во него било наведено Република Македонија три години да се вика со истото име само без транскрипција на англиски јазик, а по истекот на тие три години, да се врати сегашната референца - Republic of Macedonia. Во овој документ исто така се предлага и јазикот да биде Macedonian, со што, Бранко Црвенковски го обвинува Груевски дека одбил предлог со кој што се гарантира македонскиот идентитет и јазик.

„ Тој предлог од 2005 година што нудеше? Три години Македонија да се вика република Македонија без транскрипција на англиски јазик, после три години да се викаме Republic of Macedonia од тој момент до вечност. Значи уставното име да го имаме како државно! Кај јазикот чисто решение – Македонски јазик - Macedonian language. Бидејќи Груевски прв почна да говори што е содржината во документот, обвинувајќи ме дека јас во 2005 сум прифатил предлог кој не го гарантирал идентитетот, ако тој ја прекршил државната тајна, ја прекршувам и јас“ – изјави Бранко Црвенковски во емисијата Х/0.



Но, токму тука и лежи проблемот, т.е. мистеријата, бидејќи од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека документот што Бранко го остави во живо на емисија во Канал 5 телевизија, всушност е фалсификат (во некои медиуми се шпекулира дека Бранко воопшто не оставил никаков документ во Канал 5 телевизија) Од ВМРО ДПМНЕ категорично тврдат дека во делот каде што се споменува македонскиот јазик во оригиналниот документ наместо macedonian, стои нејасен збор „macedc“, а не како што тврди Бранко - мacedonian.

Ова и овој оригинален документ на кој се повикува и ВМРО ДПМНЕ, беше објавен од страна на МИА и во него наместо macedonian во графата за јазик стои macedc како ненамерна печатна грешка. Според МИА, тиа овој документ го добиле од анонимни извори и тоа е оригиналниот документ (WTF?!).

Во врска со овој документ од внатрешниот џеб на сакото на Бранко денес се огласија и повеќе македонските аналитичари, па така според Слободан Чашуле, во изјава дадена за Дојче Веле, ваквиот предлог претставува типична стапица, а дека тоа е така најдобро покажува тоа што и самите Грци го одбиле предлогот?! Од друга страна пак, според Пендаревски, во интервју дадено исто така за Дојче Веле, се вели дека тука станува збор за стратешка грешка на владејачката партија, особено ако се земе предвид дека само три години подоцна, пред самитот на НАТО во Букурешт, Никола Груевски прифатил Македонија да се вика Република Македонија (Скопје).

Во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ по ова прашање, како што пренесува порталот Курур, стои дека Бранко Црвенковски со ова само го потврди она што тие одамна го обвинуваат, а тоа е дека тој се откажал од македонскиот идентитет, бидејќи гаранции за идентитетот во предлогот немало. Па така, тие на ова додаваат со народната поговорка „ако баба лаже трап не лаже“, потенцирајќи дека во документот не постојат никакви гаранции за македонскиот идентитет. Но, дали е ова само обид да се одговори на провокацијата од страна на Бранко Црвенковски кога тој во истата емисија во која што го обелодени документот го запраша новинарот „Има ли воопшто пилот во авионот?“ – алудирајќи притоа на Владата на Груевски.

Инаку, од ВМРО ДПМНЕ бараат обвинителството да покрене постапка против Бранко Црвенковски, бидејќи неовластено присвоил и оддал државна тајна што преставува кривично дело за кое што е предвидена казна од една до десет години.

Но, останува отворено прашањето, доколку Бранко објавил фалсификуван документ, зошто тогаш го обвинуваат за неовластено присвојување на државни документи, потоа дали тоа преставува државна тајна кога истиот документ веќе беше споменуван во јавноста, па дури и обелоденет од страна на Викиликс?

И за крај, дали овој документ на Бранко ќе преставува вистинска пандорина кутија, која што партиите и нивното членство, наместо поучени од грешките по самитот на НАТО во Чикаго (во склоп со меѓуетничката тензии), да се вразумат и заеднички да размислат како да куртулиме од гневот и злокобната нарав на грците, и тоа токму сега, кога ни се укажува историска шанса, ние понесени од сите светски зла, излезени од интересот на овој или оној политички џеб, ќе продолжиме внатре, во самата срж, да се делиме...









Pepelaska * -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 14:08:40)

Локални избори 2013,
Се претера ли со кампања , фалење и слично?
Од друга страна дали навистина имаме две опции за гласање?
И за кого ќе гласате ако не е тајна.
Еве јас не кријам дека ќе гласам за владејачката партија, овој пат навистина мора.




deluxe -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 14:13:08)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]me2 [sm=jezicek.gif] ama epten preteraa na 5 min.samo toa se kazuva na tv.veke nisto drugo nema po kanalite samo toa pa toa ,sekoj si znae za kogo ke glasa samo neka ne ostavat na mira neka ne ni gi blokiraat tv kanalite.A vladeackata partija sekoja i cest stvarno dodsega napravija najveke od predhodnicite [sm=smiley1.gif]




Anne^ -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 14:13:34)

deluxe [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
Од мене имаш Потпис [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




temjanuska75 -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 14:19:41)

Она што најмногу ми смета на сите досегашни избори е недостатокот на политичка култура.
Едноставно не може да помине ниту еден митинг ( било на владејачка партија, било на опозиција),
без едните да ги навредуваат другите. Никој ништо паметно ниту конструктивно кажува и затоа
не го заслужуваат моето внимание, ниту мојот глас.




Bethany -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 14:27:37)

Јас па и не приметувам дека има некоја кампања, изгледа вешто ја избегнувам [sm=smiley1.gif]
А ќе гласам него шта, од два зла кое е помало [sm=smiley36.gif]




zozozo -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 14:30:16)

temjanuska75... sto e najvazno i mora da zemime predvid deka site tie politicari se diplomirani,magistrirani pa i doktorirani.... akademski gragani za primer i kultura na ulicar....




Mihaela 2010 -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 14:30:45)

ja gi primetuvam samo koga gledam nekoja serija i koga u sred interesno ke prekinat i vise na pamet gi nauciv site firmi koi se zatvoreni [sm=smiley36.gif]
i da ke idam da glasam....toa e moe pravo NALI[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




dostickage -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 14:34:36)

Jas sto pati se selev i nemam pojma kade sum za glasanje. Nejse i onaka politicki ne sum opredelena ne znam ni na koj datum se izborite, samo znam deka se vo mart.
Mozebi ako direktorot se kandidira, kje glasam za nego[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Inace posleden pat imam glasano kojznae pred kolku godini. I mm isto.
Dvajcata rabotime vo biznis sektorot kade politikata ne ni igra ama bas nikakva uloga so rabotata. Semejno isto ne sme vrzani za bilo koja partija od niedna strana.




sandriana RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 14:34:46)

Граѓанско право и должност е да се излезе на избори, а моја желба е да си го искористам гласот, било да одлучам да се изјаснам за некого, било да направам неважечко ливче, но не да оставам некој да манипулира со мојот глас, односно да си го искористи во мое име. Аполитична сум била секогаш, не знам до кога ќе го додржам принципот, ме нервира агресивноста на кампањите и општата некултура на политичарите, но правото ќе си го искористам.




rina13 -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 14:44:03)

Како лице стручно за политика(политички неутрално) само едно имам да кажам немојте да очекувате дека политика и морал идат рака под рака, секој може да вети во кампања кули и градови а во пракса да не мрдне ниту со малиот прст. На крајот на краиштата добра е онаа власт која најмногу ќе придонесе за доброто на сите. Од мостови и склуптури не се живее, залудно е градењето ако секој се плаши за својот живот, живее во состојба на терор и недај боже да се произнесе јавно за својот политички став без да биде осуден за тоа, . Ако во државата најголема цел на политичките партии им е контрола на медиуми, претворање на жените во родилки, пумпање на националнто чувство преку 100метарски склуптури тогаш далеку не сме стигнале. Ете сите се радуваме нови автобуси, бесплатен превоз, жичари, автопатишта а младите не се ставени што би рекол народот ниту како последна дупка на свирало. Сечиво владеење е пожелно ако донесе решение на вистинските проблеми, а тоа е вработување и добри закони во интерес на народот а не на поединци кои на нивен грб трупаат богаства. Се дури гледам боси дечиња по улица, мајки со испружени раце за парче леб како просат, трудници кои до породување се мачат на работа за да не ја изгубат истата,родилки кои за 40 дена се враќаат на работното место, стараци кои во залезот на својот живот наместо да уживаат во пензионерските денови се мачат крваво за да издржат 6 члена фамилија за мене добра партија не постои во Македонија. Ма колку год дубаат по телевизии и се обидуваат со една иста тактика 100пати повторена лага станува вистина да влијаат врз народот секогаш се излегува на виделина. Искрено е надевам дека за брзо време ќе се појави некоја нова опција која ќе ја поведе државата во вистинска наока, зашто и јас како и многу млади сме изморени од тоа да чекаме подобро утре, сакам тоа подобро да го дочекам во ојов живот да биде денес  тоа утре а не некогаш во некои идни недостижни времиња. Ако не сакаме државата да ни старее, да паѓа наталитетот, да има помала стапка на емиграција тогаш да им дадеме шанса на младите за вработување, обрзование, дообразба , да им дадеме можност да го сменат светот на подобро.




vezilka RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 14:47:19)

Па немаме кампања годинава..имаме фалби и пофалби само. Кампањата владејачкава можат да си ја наречат „Колку сме убаи“. И она знакот од фејсбук што го зеле..скроз неинвентивно. А рекламите леле мори мајко. Не гласам за партија бре која у сред економска криза, кога сите држави воведуваат мерки за штедење за да не колабираат, таа гради споменици и фонтани. Тотален блесавлук.




vezilka RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 14:51:20)


ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13

.Ако во државата најголема цел на политичките партии им е контрола на медиуми, претворање на жените во родилки, пумпање на националнто чувство преку 100метарски склуптури тогаш далеку не сме стигнале. Ете сите се радуваме нови автобуси, бесплатен превоз, жичари, автопатишта а младите не се ставени што би рекол народот ниту како последна дупка на свирало.


[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Gardenia -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 20:42:29)

Во последно време значи неможам да сварам политика,мислам дека влеговме во фаза кога се живо и диво,младо старо е отруено со политика,што е многу,многу е,али за жал не се криви луѓето таква ни е државата,само такви теми ни се сервираат.Искрено на овие избори не планирам да гласам,не гледам, барем според мое убедување на кој би му ја дала мојата доверба,а и со овие платените политички програми претеруваат,не само на ТВ,па почнаа и на социјалните мрежи,епа извинете ама несакам некој да ме замара и на ФБ со политика,тоа ми е место за релаксација




hopeless -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (11.3.2013 21:21:39)

Не се замарам со политика, веќе преку глава ми се што ги даваат по тв нон стоп.




Snowhite RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (12.3.2013 0:35:19)

Ајде политичарите, политичари, мора да ветуваат за да победат, мора да прават кампањи, ама мене најмногу ме нервираат поедници кои гласаат за некоја партија само за да се вработат, а не дека таа партија ќе направи нешто за општото добро на народот. Имам таков пример во комшии и стварно не можам да ги сфатам




elenak -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (12.3.2013 0:59:38)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Па немаме кампања годинава..имаме фалби и пофалби само. Кампањата владејачкава можат да си ја наречат „Колку сме убаи“. И она знакот од фејсбук што го зеле..скроз неинвентивно. А рекламите леле мори мајко. Не гласам за партија бре која у сред економска криза, кога сите држави воведуваат мерки за штедење за да не колабираат, таа гради споменици и фонтани. Тотален блесавлук.

[sm=bravo.gif] Ниту го добиле ниту ќе добијат некогаш мојот глас. Иднина со ваквата потрошачка политика немаме. Долговите што ги направија ќе ги плаќаме ние и нашите деца, за жал. Се надевам народов ќе се свести пред да биде доцна.




Pepelaska * -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (12.3.2013 1:05:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Ајде политичарите, политичари, мора да ветуваат за да победат, мора да прават кампањи, ама мене најмногу ме нервираат поедници кои гласаат за некоја партија само за да се вработат, а не дека таа партија ќе направи нешто за општото добро на народот. Имам таков пример во комшии и стварно не можам да ги сфатам


Не верувам дека денес некој гласа за општо добро на народот.Барем од она што јас го гледам околу мене сите гледаат за себе, гледаат само да те згазат.
Извинете на израз ама лижат г... за вработување.Ама жално е што народот е дојден до тоа ниво на размислување. И додека има такви луѓе , никогаш нема да има добро за народот општо.




Viktori -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (14.3.2013 18:10:38)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Локални избори 2013,
Се претера ли со кампања , фалење и слично?
Од друга страна дали навистина имаме две опции


Poso ne sum vo tek, ne se ni zamaram so lokalnive izbori. Da mozev da glasam vo Karpos ke si glasav za Stevce, vo Skopje za Koce, za sovetnicki listi nemase da glasam zatoa sto nema partija za koja bi glasala. eventualno bi dopisala na livceto od zaebancija nekogo, kolku da ne glasa nekoj mesto mene.




Палешка РР -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (14.3.2013 18:24:20)

Татко ми ми остави аманет нон-стоп опозиција да бидам [sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Политика - за, во врска и резултати! (10.6.2013 13:47:06)

Денес протести пред Општина Центар, мноооогу луѓе присутни, дури имало и повредени. Ета како излага народ да протестира по нареџење од партија. А можам да се кладам дека пола од нив и не знаат зошто протестираат.




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 [7] 8   Следна страница >   >>