Hopeful RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (21.4.2015 13:31:46)
|
Уф додека се логирам, се намножиле постови, секој со своите размислувања и искуства. Не можам да реплицирам на секого, но можам да кажам дека од авион се гледа кој какво искуство имал при забременувањето, бидејќи тоа се рефлектира не само во ставовите на оваа тема, туку општо. Ниту забременувањето плукни-залепи не ги прави тие мајки помалку мајки, ниту пак нашите маки и премрежија се за потценување, а гледам дека има и такви моменти. Ниедна од нас не помислила - не сакам таа да е трудна, туку јас, него желбата е - како таа останала трудна, така сакам и јас. Како не е тоа јасно, не контам, ама ај. Јас потполно ја разбирам Scared, и моментот со мажот на братучетката за работата во странство така силно ме пецна, до срце ме здоболе. И не само тоа, и тие во ординација со ехо снимките, со мрдањата, со децата што не ги прибираат па рипаат по папките со шеми и анализи... се уште ги гледам кога одам на прегледи и се уште ми пречи немањето осет, но тоа е, не сме сите исти. Од моето искуство, сакам да верувам дека ваквите чувства се фаза низ која едноставно мора да поминеме. Не дека во моментот кога останав трудна се сменив и заборавив се, за што сведочат и моите минати постови, но дека треба да стиснеме заби и да издржиме додека не го добиеме она што го сакаме, притоа да останеме свесни за моментот на контрола. Се согласувам со blue_blue за kapina, гледам и јас промени и многу ми е мило за тоа. Гледам дека се фокусира на себе, на позитивното и тоа многу помага. Нормално дека ќе не болат лоши зборови и постапки од околината, не се станува тек така имун на тоа, но еден обичен игнор чуда прави. Исто, морам да се надоврзам на Neurotoxin - јас сум од другата страна на едно такво пријателство, и можам да кажам I wish другарка ми да го имаше твојот осет. Додека јас се мачев, кризирав, се фаќав за сламка, паѓав во депресии и што се не, таа остануваше без проблем трудна и уште се жалеше дека и требале дури три месеци, дека не и значел ништо тест за бременост и слично. Јас и се радував на бременоста, но таа со секој нејзин бесчувствителен муабет потсвесно и без да знае ми дотураше сол на рана. И еве ја сега, кога и јас сум трудна, ја нема да се јави, ако ти се верува, не ми го ни видела стомакот. Да не премине ова во оговарање, но од оваа страна гледано, многу се битни овие работи. За разлика од тоа, најдобрата другарка се однесуваше нешто слично на тебе - со усул муабети за бременост и бебе, внимавање да не ме повреди или да не каже нешто што не треба, и еве, сега пријателството ни е уште посилно. Да се навратам на ситуациите за кои зборуваше Scared, поддршката од околината е многу битна, и не мора некој да има поминато низ тоа за да биде свесен дека е грозно, и ако не може да помогне, барем да се потруди да не влоши. Затоа, само подалеку од токсични луѓе без осет, и ќе се склопат коцките сами по себе.
|
|
|
|