RE: Неплодност и туѓа бременост (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Tanjat7880 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (5.2.2014 9:25:04)

Batterfly1,ova ti shto go cuvstvuvash e mnogu normalno za sostojbata vo koja se naogjash,nemoj da mislish deka si losha,zlobna nego si samo emotivna I toa mnogu te koshta.Taa emotivnost ako ja nasocish vo pogreshen pravec ke te unishti,pred se tebe a potoa I okolinata.
Izolacijata nema da gi zapre novostite koi se slucuvaat okolu tebe,tie ke najdat pat do tebe a ti treba da znaesh kako da gi prifakjash,toa ke dojde so vreme,nishto nebiva preku nokj.
Jas vo taa situacija pobarav strucna pomosh koja mnogu mi pomogna,za posle nea se da se sredi I jas da stanam majka.
I ova e off topic nego pak ke kazam za moi rodnini(znam sega,nekoj clenki oci ke mi izvadat)nemaa dete,posvoija dete,prekrasen sin za po 4 godini zenata da ostane bremene,sega jas si imam dvajca prekrasni bratucedi!
Ne se znae zivotot kakvo iznenaduvanje ke ni priredi no mora da znaeme nasheto odnesuvanje zavisi samo od nas!
Glavata gore devojko I samo napred!




niki -> RE: Неплодност и туѓа бременост (5.2.2014 11:41:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly1

Zdravo na site. Se zachleniv so cel da si ja kazam makata i da pobaram sovet. Znachi mnogu mi e tesko za sekoja nova bremenost vo blizina ljubomorna sum placam gi mrazam tie sto se bremeni, boze ne sakam vaka da se osekjam ne sum losha osoba zasto vaka se osekjam [sm=smiley19.gif] Edi poznanici zenata ostana sega bremena i jas velam deka ne zasluzuva toj mazot zatoa sto celo vreme ja varase i trosese pari po kladilnici a i taa ne se zalagase (iako imase abortus pred toa) , a jas dusava ja ostavam naokolu, i pomisliv da go izgubi deteto, boze moj , poluduvam li, grev nejkam gospod da mi pisi ne sum losa nejkam vakvi misli kako da si pomognam da baram li strucna pomos [sm=smiley19.gif] Me sotrea lekovive, operaciive, mislive [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]


ona sto jas gledam vo tvojov a i vo mnogu drugi postovi slicni na tvojov post e borba da se prifati edna surova vistina deka patot do bebe za tebe ne e lesen, a ishodot e neizvesen
i vo taa borba verojatno e i neizostavno vo eden moment da se bara koj e kriv, no bidejki nema krivec togas se podlegnuva vo obvinuvanje na onie koi lesno dosle do bebe ili konecno dosle do bebe...
i ona sto treba da se nateras da svatis e deka ne si izbrala da nemas deca isto kako sto tie sto imaat ne izbrale da imaat
sekoj par trgnuva so zelba za dete, no nikoj odnapred ne znae dali i koga taa zelba ke mu se ispolni i nema mok ama nikakva na toa nekako da vlijae, bebeto ednostavno se slucuva
sekako deka e validno da se zaprasas i zosto kaj site drugi da, no kaj tebe ne, no kolku i da se prasuvas nema odgovor i ne moze ni lekar, ni psiholog, nit nekoj sto te saka nit nekoj sto ne te saka, da ti odgovori, niti ke go najdes vo omrazata kon drugite, nit vo nivnata nesreka nit vo nivnata sreka
i sega ova zvuci kao plukni zalepi ama znaes i sama deka ne e taka, borbite so samite sebe se sekogas najteski, dobro e sto gledas deka imas problem pa makar i tuka baras sovet, no nemoj da se ogranicis samo na ovoj izvor, najdi prijatel, rodnina, pa i so mt probaj da razgovaras za da najdes poddrska koja ke ti pomogne vo pretstojnata borba, pobaraj i strucna pomoc, samo nemoj pasivno da sedis i da dozvolis omrazata da te izede, posebno sto taa omraza sto ja cuvstvuvas e neosnovana, i nasocena kon luge koi nitu ti zgresile nitu se odgovorni za tvojata nesreka
nemoj da se plasis od grevot sto bog ke ti go pise, tuku plasi se od grevot sto sama na sebe ke si go pises ako po nekoja slucajnost se ostvari nesto od ona sto na drugite im posakuvas
bog mozebi gi prostuva gresnite misli, no ne sum sigurna za nasata sovest
bori se, ne se predavaj




butterfly1 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (5.2.2014 12:01:55)

Blagodaram na site. Ne e dolg periodot ami jas imam dosta problemi a kaj mazot mi se e super, jas edno lecham drugo doagja a dosta sum emotivna osetliva plus hormoni sto pijam i seto toa vlijae na mene [sm=smiley13.gif] Veruvajte mnogu sakam decinja ama pogolemki rodnina na mazot mi ima 5 godisno since mnogu si go sakam sekoj pat me razveseluva ama koga kje vidam bremena zena ili bebe togash potpolno se menuvam ne sum istata zashto taka neznam[sm=smiley13.gif] I nazhalost nemozham da gi izbegnam onie raboti sto mi zadavaat nemir i bolka , Toj poznanikot samo mu vrti na mazot mi go tera da iskacaat zamara bukvalno, takov e toj samo zeni i pienje setanje mu e vo glata, zatoa i vikam toj da si ima a mazot mi da se maci pokraj mene najveke za toa tesko mi e [sm=smiley13.gif]a i taa zena mu samo so cigarite vo raka e i taa pie isto ic ne se zamarase zalagase samata si kazuvase lekarite kje i recea da ne pusi vishe ona ne go marese toa i ete op cup bidna i toa e toa teskoto.
Blagodaram ushte ednash na site i sekoe dobro vi posakuvam [sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (5.2.2014 12:08:31)

butterfly1 добре дојде на Рингераја

Маката те донесе, да ја споделиш својата болка, проблем,да побараш совет и мислење.СЕ надевам дека набрзо ќе ни пишуваш на поубавите и повесели теми.[sm=smiley1.gif]

Рингерајките ти дадоа многу убави совети.Прво и основно е да се прифати вистината а потоа да се борите за [sm=modricrtici.gif].Не сум голем верник но правдина во светот нема.
Знам доста луѓе кои ете не заслужуваат да се родители но се.Може ова што го пишав звучи сурово но тоа е реалност.Не барај правдина.Мое објаснување што си го давам сама на себе е дека ,господ и на нив им дава шанса за да си го средат животот.Ќе дојде миг кога на сите други бременост ќе се радуваш.

Мораш и мораш да се соземеш и почнеш да уживаш во живото,годините летаа па треба да уживаш и ВЕРУВАЈ ќе дојде и вашиот ден.




Kvisko -> RE: Неплодност и туѓа бременост (5.2.2014 14:23:27)

Butterfly1 сите што со борат за бебе верувај ми поминуваат низ „добри“ денови и „лоши“ денови. Врати се поназад ќе ги видиш постовите со сите чувства. Сите некогаш чувствуваме болка, тага, неправда. Искрено и јас имам најголем проблем со трудници и мали бебиња. Големи деца не ми се проблем, мирисот на бебињата ми буди најголема тага. Ама тоа е тоа мора да се гледа само напред. И јас на секој преглед се соочувам со нови и нови прбоблеми ама ајде сите проблеми се решаваат. Само полека.
Не барај правда правда нема, Господ нема ништо нема. Се е само до поклопување на коцките.




butterfly1 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (11.2.2014 17:21:33)

Јас на моменти сум малце подобро но сепак наеднаш ми доага некоја тага некој гнев не сакам луге сакам сама да сум , а најубаво се осекам кога ке дојде време за спиење би спиела по цел ден. Несакам да шетам низ град зашто само бебиња гледам и трудници[sm=smiley19.gif] денес немам апетит цел ден сум со едно јаболко и смоки воопшто не ми се јаде до кога вака [sm=smiley19.gif] сакам да го израдувам мажми се осекам неспообна да го усрекам [sm=smiley13.gif]




deluxe -> RE: Неплодност и туѓа бременост (11.2.2014 23:42:34)

ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly1

Јас на моменти сум малце подобро но сепак наеднаш ми доага некоја тага некој гнев не сакам луге сакам сама да сум , а најубаво се осекам кога ке дојде време за спиење би спиела по цел ден. Несакам да шетам низ град зашто само бебиња гледам и трудници[sm=smiley19.gif] денес немам апетит цел ден сум со едно јаболко и смоки воопшто не ми се јаде до кога вака [sm=smiley19.gif] сакам да го израдувам мажми се осекам неспообна да го усрекам [sm=smiley13.gif]


Батерфлај1 ,според тоа што го опишуваш како се чувствуваш очигледно е дека поминуваш низ депресивен период.Тежок период кој сакаш буквално да го "преспиеш",но тоа не е решение.Треба да погледнеш малку на посветлата страна од животот.Те разбирам како се чувствуваш кога околу тебе има многу деца и трудници,но треба самата да си кажеш дека со криење од реалноста ништо не се постигнува.Јас би те советувала да побараш (да не звучи строго помош)разговор ,од некој кој не мора да е стручно лице,не знам колку си упатена во верата,но јас во таков момент би побарала утеха во Бога.Не мора да е тоа личен контакт со свештено лице,едноставно најди некој дел од божјото слово кое се однесува на душевниот мир,или слично,нешто што ќе делува смирувачки на тебе.Прочисти ги мислите од злото кое го чувствуваш на моменти,ќе почнеш поинаку да гледаш на работите.Само имај верба,кога човек има верба ,чуда се случуваат!!!Ти посакувам што поскоро да ги исфрлиш злото и омразата која ја чувствуваш, и да ни пишуваш со ведар и прочистен дух.Биди храбра,не се покорувај пред гневот,само така ќе успееш!!! А на храбрите и добрите Бог им е сојузник[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.2.2014 11:29:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly1

Јас на моменти сум малце подобро но сепак наеднаш ми доага некоја тага некој гнев не сакам луге сакам сама да сум , а најубаво се осекам кога ке дојде време за спиење би спиела по цел ден. Несакам да шетам низ град зашто само бебиња гледам и трудници[sm=smiley19.gif] денес немам апетит цел ден сум со едно јаболко и смоки воопшто не ми се јаде до кога вака [sm=smiley19.gif] сакам да го израдувам мажми се осекам неспообна да го усрекам [sm=smiley13.gif]


Желбата за спиење и изолација е знак на депресија и разочараност. Туѓата бременост можеби понекогаш боли, но не мора да се сфаќа ете таа е трудна, јас не. Кажи си е па и јас еден ден ќе бидам трудна, не се замарај со трудници околу себе, не знаеш и тие како стигнале дотаму и дали се мачеле или не.....Зоштио грижата ја префрлаш на себе, "неспособна сум да го усреќам". Па за дете се потребни двајца, дури и кога е се во ред со двата партнера....немој така да мислиш, гледај на тоа подеднакво со него, не барај кривица само кај себе....може не е лошо да побараш стручна помош, не е ништо страшно, но ќе ти помогне да го надминеш овој период. Позз до тебе [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Kvisko -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.2.2014 12:16:15)

butterfly1 ако ти е толку многу тешко тогаш побарај стручна помош. не е убаво да се самоизмачуваш постојано, со тоа ништо нема да постигнеш. Сите имаме лоши моменти, ама мора да се бориме, да издржиме и да успееме.




blue_blue -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.2.2014 16:28:44)

butterfly1, Дал сама, дал во раговор со некој близок, дал со стручно лице пред да одиш понатаму во борбата за дете треба да расчистиш со неколку работи оти сите обиди со вакво размислување нема да ти вродат со плод. Деца не се зачнуваат со куп негативизам во себе и со огромно чувтсво на вина и стравови дека нема да биде. Се што пишуваш го преживуваат сите кои минале низ патот да добиејат дете со аистирано зачнување. И нормално е...Она што е важно на тој пат е твојот став и перцепција на нештата. Ако маж ти не си го направила среќен што те си ТИ ТИ и што одлучил со тебе да дели се, тешко дека ќе го усреќиш со раѓање на дете кое ќе ви донесе никаква интима, баби по дома со паметни совети, куп прљави пелени, рагади на гради, плачење, грчеви, детски болести, неспиење и да не набројувам...Ако сега имаш проблем со себе и недостаток на самодовреба што па ќе биде кога ќе се роди тоа толку посакувано дете и кога мајка му и мајка ти ќе ти се плеткаат нон стоп дома со нивните паметни совети? Маж ти е (или треба да е) среќен со тебе зошто ти си ти, а дал некад ќе имате деца ил не тоа нема врска со среќа. Многу парови имаат деца па се ужасно несреќни. По одонос на „трудници секаде“ тоа е само твоја перцепција. Многу жени нит сакаат, нит помислуваат да бидат трудни - нема трудници секаде, односно јас не ги гледам, ама една да има меѓу 1000 ти ќе ја видиш зошто избираш да се фокусираш на тоа...Ако те вознемируваат - не оди таму кај што можеш да ги сретнеш. Ако шеташ на 2-ри кат во City Mall сигурно само трудници и мајки со деца ќе видиш, а ако одиш на кино претстава во 10 вечер најверојатно нема да видиш нит мајка со дете нит трудница (таа веќе одамна си легнала а и страшно и е неудобно во та столчинњата во кино). „Сите одма останале трудни“ е исто така мит...Не верувај во се што ќе чуеш. Мене тектата у маркет на каса кога ме праша - еј акако близнаци, јас и реков - ете така се деси, со маж ми посакавме деца и оп две ни се родија - ваљда дека имаме голема детска соба па да ја пополниме. Мислиш на неа ќе и објаснував за моето 3 годишно патешествие по болничките ходници, за сите трудници кои јас мислев дека ги има на секаде, за сите луѓе кои мислев дека намерно ме прашуваат дал има нешто ново....Се е перцепија и ствар на избор...Наше е дал ќе избереме да сме позитивни и да се фокусираме на себе или на сите околу нас...Со среќа




Hopeful RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.2.2014 16:59:34)

butterfly1, сигурно ова ти делува грубо од наша страна, но верувај дека сите ти мислиме добро. Нормално е човек да крахира во ваква ситуација, сите проаѓаме или сме прошле низ истото и сите сме го осетиле повеќе од еднаш тоа за што зборуваш. Еве да не зборам во име на други, ќе ти кажам за себе - кога ќе помислам какви се не луѓе околу мене се трудни, ме фаќа нервоза од обесправеност и чувство дека ништо не е фер, но тоа е. Прашањето е колку ќе му дозволиш на тоа чувство да те обземе и да те надвладее или ќе го ишнеш од глава и свесно ќе се натераш да мислиш позитивно...
Некои нешта едноставно треба да се прифатат и да се оди понатаму. Едно е да те држи нервоза или тага ден, два, пет, но друго е цело време да пропаѓаш се подлабоко и подлабоко во самосожалување, самообвинување, депресија и завист. Не е лесно, но пробај да си ги ишкаш тие мисли од глава и да се исполниш со убави чувства. Ако ти е смачено од трудници и мислиш дека сегде ги има, убаво ти вика blue_blue, не оди во City Mall на 2 спрат, шетај негде кај што има и други профили на луѓе, опкружи се со позитивни, весели луѓе кои ќе те смеат и орасположат, и полека ќе почне да се менува и твоето расположение. Мене на пример, исто така не ми е лесно секогаш да се дружам со нашите пријатели што имаат деца, и кога насетувам дека сум во таков период, тогаш се дружам со паровите што немаат деца и што зборат на сосема други теми.
Знам дека не ти е лесно, и ако сама не успееш да се справиш со ова што те обзема, побарај стручна помош од психолог, затоа што за тоа што допрва следи, мора да бидеш оптимист - слично привлекува слично [sm=smiley31.gif]




butterfly1 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.2.2014 17:28:53)

Фала девојки ама не е работава да не одам на конкретно место за да не гледам треба да не излегувам од дома, еве пред некоја ден бев во гтц да си купам чизми ако ме верувате од дома до гтц и околината видов 10тина турнидици а некои од нив веке имаа и други деца [sm=smiley13.gif] ајде ке каземе незнам за нив како што било ама во моја околина другарки бтадучедки сите забременија оп цуп , се прашувам зашто да се трујам со хормони да оставам пари во болницине кога можам со тие пари на цуцето мое да му купувам играчки алиштенца [sm=smiley19.gif] мажми никогаш не ми пререкол дека поради мене немаме сеуште деца ама во очи му се гледа тага и само ми збори како ке се вика бебето каква соба ке му направи само ми спомнува а мене срцето ми се пара [sm=smiley19.gif]




deluxe -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.2.2014 19:20:26)


ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly1

Фала девојки ама не е работава да не одам на конкретно место за да не гледам треба да не излегувам од дома, еве пред некоја ден бев во гтц да си купам чизми ако ме верувате од дома до гтц и околината видов 10тина турнидици а некои од нив веке имаа и други деца [sm=smiley13.gif] ајде ке каземе незнам за нив како што било ама во моја околина другарки бтадучедки сите забременија оп цуп , се прашувам зашто да се трујам со хормони да оставам пари во болницине кога можам со тие пари на цуцето мое да му купувам играчки алиштенца [sm=smiley19.gif] мажми никогаш не ми пререкол дека поради мене немаме сеуште деца ама во очи му се гледа тага и само ми збори како ке се вика бебето каква соба ке му направи само ми спомнува а мене срцето ми се пара [sm=smiley19.gif]



Батерфлај1 зошто така гледаш на ситуацијата???нека има и 100трудници околу тебе,нека не те натажува тоа,гледај ги со рамнодушност,не ги гледај со злоба,бидејќи лошото расположение многу делува на понатамошните случувања.Разјасни си сама со себе,дека и ти ќе бидеш еден ден бремена,и ќе си се шеташ со мешето,па понатаму со бебето,направи си таква слика во твојата глава.Ете твојот маж се надева на детенце,крои планови,придружиму се,не се затворај во себе,мисли позитивно како што тој размислува,само така ќе стигнеш до целта.Многу работи ни се случуваат од потсвеста,што подсвесно си мислиш,тоа и се случува.Во овој момент тебе те преокупираат црни мисли дека бебето е недостижна цел за тебе,и целата работа ја носиш во тој правец....Почни да е храбриш сама дека и ти ќе бидеш мајка.Мене не ми е јасно,зошто мислиш дека нема да има бебе??што точно дијагностицирале кај тебе докторите??Доколку има проблем ,сега медицината е напредна,со упорност и цврста желба ќе го решиш.Не се доведувај до бездната на очајот,со тоа ништо не можеш да постигнеш....[sm=smiley13.gif]




Melanija RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.2.2014 20:32:29)

butterfly1 мораш да ја прифатиш вистината каква што е и да се борите заедно за [sm=rozacrtici.gif].И верувај пред тоа сигурно не си ги ни запреметувала трудниците но сега си во борба за [sm=modricrtici.gif] затоа ги приметуваш повеќе.
Ќе се согласиш дека таа ,,завист,, кон оп цуп направени бебиња е реална, но секој со својата планина.
Ако постојано се прашуваш ,,зошто јас,, нема да најдеш одговор, но не ни го барај.Барај само убави мисли и позитивни луѓе околу тебе.




Hopeful RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (13.2.2014 12:45:15)

butterfly1, почни да го следиш примерот на маж ти, да мислиш позитивно и да се визуелизираш себе си на местото на сите тие трудници што викаш дека ги гледаш насекаде. Еве на пример, јас денес бев во лабораторија, и додека чекав дојдоа две мајки со бебиња и јас си мислев - ете, и јас вака ќе си доаѓам со бебенце и преку ред ќе ме пуштаат [sm=smiley36.gif] Глуп муабет, ама мора да си создадеш сама убави слики, мисли и чувства, за твое добро. Знаеш дека телото реагира на лоши мисли и негативна енергија и со вакви муабети само полошо си правиш. Никој не вика дека е лесно, ама мора да се трудиме, нема откажување [sm=smiley1.gif]




Kvisko -> RE: Неплодност и туѓа бременост (13.2.2014 12:51:52)

Butterfly1 нормално е до време на време да чувствуваш тага и болка. Ама ако долго трае само те јаде тебе и комплетно ти одмага и ти го прави животото непријатен. Моќеби ако ја споделиш болката со некого ќе ти биде полесно. Јас на пример зборувам со мајка ми и евентуално со маж ми. Со него зборувам чисто за да знае како се чувствувам зашто верувај ми и него не му е лесно. Мажите некогаш се пооптимистични, ама не значи дека и нив не го боли. некогаш можеби споделената болка и отварањето еден кон друг може да донесе олеснување.
Исто така на краток рок одбегнување ситуации кои поттинуваат негативни чувства може да помогне. Јас на пример поселден пат се дружев со другарите со деца пред НОва Година за да им однесеме поклони. Потоа го набедив мм да се свртиме еден кон друг и кон пријатели без деца. Верувај мио се препородов што не мора да слушам „жалопојки“ за тоа колку е тешко да се има дете, колку се ненаспани итн итн. Сега не мора после секое излегување да плачам зошто некој „што не бил подготвен за родителски слатки маки“ и си го добил детето без „мака“ (како што најчетсо се случува) се жали додека јас тагувам по ненаспаност, скокање преку играчки и слично.
Верувај ми и јас бев во емоционален хаос пред некое време кога мислев дека работите не мрдаат од мртва точка. Мислев дека јас никогаш нема да имам бебе и дека бебе добиваат само другите луѓе. И сега по време на време имам такви тешко моменти, ама тоа е нормално. Сега само знам како брзо да се извлечам од нив и да продолжам со борбата. Не е ништо ненормално да чувствуваш тага и болка. Не си ти виновна, не си лоша личност само околностите во кои се наоѓаш прават да се чувстуваш така. Ќе бидеш добра само верувај во тоа.
Шетање по паркови, одење на кратки излети надвор од град на викенд, продолжен викенд и слично е исто така можен издувен вентил.
Пронајди нешто што сакаш да го правиш и фокусирај се на тоа.
Секаде и секогаш ќе најдеш трудници што се шетаат. Од тоа нема бегање, и не не се само на 2-ри спрат во City Mall секаде се низ City Mall. Вчера баш бевме седнати на втори и повеќе ги имаше на другите спратови отколку таму каде што би ги очекувал (Втори беше празен, едно време бевме сами во тоа ходникот и тоа баш од страната кај продавниците за деца) . И секаде ќе ги има и секогаш ќе ги има. Не можеш на луѓето да им забраниш да излегуваат и да се движат низ град. И се повеќе и повеќе ќе ги забележуваш бидејќи си фокусирана на тоа. Гледај само на тоа да гледаш поинаку, зашто нема да исчезнат. Едноставно сврти глава на друга страна, извреѓај ги во себе ако тоа ти помага и продолжи понатаму. Знам дека тешко звучи ама нема друго чаре. Тежок и трнлив е патот до среќата за жал. И никогаш не е фер, апсолутно никогаш само мора да се продолжи понатаму. Во оваа борба нема откажување.




Hopeful RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (14.2.2014 16:05:39)

Kvisko, ама скроз се согласувам со се што напиша, како да ми ги читаш мислите...
Сите проаѓаме низ истото, и навистина, во кризни периоди, методот на избегнување најдобро функционира. И јас имам потреба понекогаш да се оттргнам од нашите пријатели со деца и да се дружам со тие другите, да излегуваме во град, да пиеме на гости до доцна и да збориме за се друго, освен за деца, посебно во контекст - колку се ненаспани, уморни, се им е несредено, немале време за ништо. Мора секој да си најде начин за справување, затоа што тежок е патот по кој одиме, ама нема откажување. [sm=smiley31.gif]




butterfly1 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (14.2.2014 18:20:22)

DEvojki mnmogu mi e tesko nemozam da prestanam da placam [sm=smiley19.gif] maz mi spobudale ne go znam vakov mu rekov da ne me tera i ne sakam da se gledam so onie prijateline sto zena mu ostana sega bremena zasto mi e tesko sto nikakvi zalozbi ne pravea a dobie dete .i deka koga ona ke se porodi jas ke bidam na operacija za cista sto mi se pojavi ke se macam seuste i on pocna naednas da mi se dere sto mi se krivi oni sto sum bila ljubmorna pocna da pcue i da treska vrati niz doma [sm=smiley19.gif] nemozam nemozam veke ke se spakuvam i si odam nesakam da sum so covek sto ne me svaka deka cel teret e na mene mnogu mu\i e tesko ne se izdrzuva ova veke [sm=smiley6.gif]




Kvisko -> RE: Неплодност и туѓа бременост (14.2.2014 19:13:11)

Butterfly1 ајде смири се малку душичке. Мажите едноставно поинаку реагираат на работите. И на мојот маж не му е проблем да се гледа со пријатели што имаат деца, со трудници и слично. Едно време не ме сфаќаше дека ми е тешко, ама сега мислам дека сфати дека навистина замараат со нивните „жалопојки“. За се треба време.
Седни и разговарај со него смирено и искрено. Сигурно и него му е тешко само се прави јак зашто нели мажите треба да бидат јаки. Отвори се ти и дај му простор да ти се отвори. Знам дека кај нас така беше.




deluxe -> RE: Неплодност и туѓа бременост (15.2.2014 13:57:33)

mu rekov da ne me tera i ne sakam da se gledam so onie prijateline sto zena mu ostana sega bremena zasto mi e tesko sto nikakvi zalozbi ne pravea a dobie dete


Батерфлај1,ова е твојот поглед ,што е многу погрешен.Немој да го оддалечуваш својот маж од тебе,подај му рака,борете се заедно.Кај тебе желбата за бебе,прераснала во завидливост,извини можеби моите зборови се груби,те разбирам дека ти е навистина тешко,но смени го погледот,не гледај на работите од тој агол.Тие луѓе добиле бебе без никаков напор??Зарем сите сме исти??зарем сите луѓе добиваат работи со лесно??не е точно,колку и да ти изгледа едноставно кај другите луѓе,треба да знеш дека и тие имаат изодено тежок пат за одредена работа.не мора да е конкретно за бебето,ете како што кажуваш за нив,мажот си шета по кафани со другари,таа жена сигурно страда,иако е бремена во моментов.Нејзиниот поглед можеби е свртен кон вас ,и вашиот брак,она што таа го нема,го имаш ти,но не си свесна за тоа,бидејќи во твојот фокус е забременувањето.А во нејзиниот фокус е можеби убавиот и хармоничен брак...Значи секој си има своја мака,да знаеш(Секоја планина , си има своја тежина),не ги гледај така работите.Има една убава и стара поговорка:" Јазикот го носиме ,каде што не боли забот"Тоа е длабока вистина,гледаме онаму каде што нас не засега.Но треба да бидеме реални.Со мојот пост сакам да ти укажам дека треба да почнеш да гледаш поинаку на работите,и најважното НЕ ЗАВИДУВАЈ!!! само така ќе успееш да си најдеш душевен мир,да си останеш во добар и хармоничен брак,и да ја постигнеш твојата цел[sm=duda.gif].
Со среќа!!!!




butterfly1 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (15.2.2014 14:24:45)

Vo pravo si no sepak nemoze dete da se sporedi so nekoi drugi raboti , primer jas imav mnogu teskotii dodeka se vrabotam sedevme i bez rabota i tesko ni bilo i na dvajcata ama ova e mnogu potesko, ova boli me boli od dnoto na dusata ! Zatoa velam nisto i nikoja borba i bolka nemoze da se sporedi so onaa za dobivanje svoe cedo [sm=smiley13.gif] Ednostavno se trudam da go izbegnam ona sto mi predizvikuva bolka, zasto da izlezam so niv da pravam lice cela vecer a potoa da dojdam doma i da placam. Taa zavist ne sum ja imala za nisto vo zivotot ama za ova se javuva sama sakala ja ili ne [sm=smiley13.gif] I kako sto citav kaj drugte RR normalno e i ocekuvano [sm=smiley24.gif] Mazmi za sreka sesmiri denes e ok uvide i sam i rece deka veke ne me tera i nema da mi zbori za niv




deluxe -> RE: Неплодност и туѓа бременост (15.2.2014 14:58:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly1

Vo pravo si no sepak nemoze dete da se sporedi so nekoi drugi raboti , primer jas imav mnogu teskotii dodeka se vrabotam sedevme i bez rabota i tesko ni bilo i na dvajcata ama ova e mnogu potesko, ova boli me boli od dnoto na dusata ! Zatoa velam nisto i nikoja borba i bolka nemoze da se sporedi so onaa za dobivanje svoe cedo [sm=smiley13.gif] Ednostavno se trudam da go izbegnam ona sto mi predizvikuva bolka, zasto da izlezam so niv da pravam lice cela vecer a potoa da dojdam doma i da placam. Taa zavist ne sum ja imala za nisto vo zivotot ama za ova se javuva sama sakala ja ili ne [sm=smiley13.gif] I kako sto citav kaj drugte RR normalno e i ocekuvano [sm=smiley24.gif] Mazmi za sreka sesmiri denes e ok uvide i sam i rece deka veke ne me tera i nema da mi zbori za niv



Те разбирам дека боли,иако не сум била во таква ситуација,сепак го знам мајчинскиот инстинкт,и глас кој " говори" во секоја жена.Потполно се сложувам со тебе дека не е сеедно да гледаш други да го имаат тоа по што ти копнееш,но сепак слушни си ја совеста.Според претходните твои постови,јас добив впечаток дека си добра и совесна жена,но ете некогаш под влијание на депресијата се јавува некое зло и завист... Во тие моменти,почни да ја гледаш светлата страна на животот,потсети се колку си среќна пр(кога си со мажот,кога си била успешна на работа,што си сакана...)и други работи кои те прават ведра и расположена.Значи депресијата во моментов ти одмага,сепак си под стрес кој и тоа како делува на хормоните,и други работи кои треба да се избалансираат за да се дојде до едно [sm=duda.gif]Негувај ја позитивната мисла во себе,не дозволувај лошите мисли и чувства да завладеат.Кажи си сама на себе:" Јас можам,и ќе успеам,ќе издржам се што треба да се издржи,ама знаам дека еден ден мојот труд ќе вроди со плод,.."Најди си некоја ваква мисла која ќе те води,и ќе те крева кога твојата болка ќе те покори...повторувај ја во себе,ќе видиш дека твојата потсвест ќе се смени,и твоите мисли ќе се разведрат.Сите сме поминале низ депресија,кој поголема,кој помала,сме биле во темнина.И јас сум била со црни и мрачни мисли(демони во мене),но верувај дека само ведрата страна ме кренала на нозе,ведрите мисли,и се она што ме правело барем малку среќна било доволен мотив да станам и да се исправам пред проблемите.Не им потклекнувај на зависта и тагата....насмевни се и увери се(вети си) себеси дека ќе успееш....[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]Те молам биди силна!!!




LoveableMe RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (15.2.2014 16:44:38)

butterfly.1, целосно те разбирам дека сето тоа што ти се случува знаеш дека не е во ред, свесна си за чувствата и дека не треба така, но знам и дека сигурно е посилно од тебе. Гледај да го надминеш периодот, но по извесно време би ти предложила да заземеш еден нов пристап.

Почни да се дружиш со бремени жени и со тие што имаат деца и да ги прашуваш како им е, какви се чувствата во бременост, какви прегледи има, кога го чувствуваат бебето, а тие што имаат деца прашувај ги за децата, како растат, какви фази имаат додека растат, какви досетки прават и сл. и обиди се од самите деца да научиш како растат. Зошто ти го викам ова? Гледај на тоа, ете и јас ќе имам деца, па да "присоберам" некое искуство, да знаеш што те чека, што да очекуваш,за што да не паничиш и слично.

Сега тоа ти изгледа тешко, но тоа е многу добар начин да го надминеш лошиот период и да почнеш да гледаш на убавата страна на животот и да чекаш сонцето да изгрее и за тебе. А тогаш, лошите чувства исто како никогаш да не постоеле..позз, издржи[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




andrijance90 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (7.3.2014 12:57:08)

Ajde i jas da si kazam za toa sto mi se javi denovive , nekoe custvo na zavist, na ljubomora pomesano so taga :( Pred toa navistina ne obrnuvav vnimanie na bremeni zeni, ama posle ova se zaprasav ima li pravdina na svetov, ne gleda li nekoj kako se macime [sm=smiley13.gif]
Imam komsii narkomani, da narkomani ( plus pijat i pusat toa sekako ) da gi vidis na izgled ke se isplasis od niv, zenava ostana bremena i togas demek prestanaa i rodi maski bliznaci zdravi pravi od ubavi ,poubavi. Prknaa malce decava tie pak prodolzija da se drogiraat, problematicni se so pola maalo ne zborat i site znaat deka se drogiraat , a jas bidejki ziveam vo blizina navecer ne retko gi slusam kako smrkaat [sm=zmeden.gif] i se zakasluvaat smrkajki. I koga doznavam deneska zenava bremena ! Mi preripna srcevo koga cuv, ne mi se veruva, pokraj tolku godini drogiranje oni seuste zar se plodni?? Kako e mozno ova? A, jas samo pazam na hrana, se da vnesuvam dobro zdravo. Vo zivot ne sum stavila alkohol, cigara pa duri ni kafe vo usta a sum za nigde :( E ova bas tesko mi padna i tesko mi e i si placam.




niki -> RE: Неплодност и туѓа бременост (7.3.2014 13:20:35)

uf lele zeni
nema pravda, najmnogu nema pravda za tie deca sto gi ragaat takvite primeroci, narkomani, alhoholicari kockari, i drugi sorti nedodelkani
ne si go troset_e vremeto vo zavist kon niv, nemate na sto da im pozavidite, nivnite zivoti se pekolni i ne samo nivnite, najmnogu na tie deca koi se nedolzni, koi dosle na svet cel zivot da patat, koi se osakateni za roditelska ljubov i cel zivot ke bidat osakateni
ako postoi bog toj niv im dava deca za da gi kazni a ne da gi nagradi
ako postoi logika tie dobivaat deca za da im se odzeme bezgriznosta, da se naucat na odgovornost, da im proraboti svesta a decata namesto bogatstvo im se kolateralna steta
surov e zivotot, surov mnogu
svrtete si se kon svojata maka gledajte da si najdete mir i spokojstvo za da si ja isturkate svojata bitka, ne gledajte vo tie zivoti sto vo sustina ne gi sakate, ne se trujte so zavist za komsiskata koza bidejki toa malku dobro sto go gledate kaj niv odi vo paket so mnogu loso

ako treba nekomu da zaviduvate zaviduvajte im na onie koi se izborile so neplodnosta, zaviduvajte im na silata, istrajnosta, na nadezta koja ne ja zgasnale, na ljubovta koja ja socuvale, na prkosot sto go imaat da se izborat so se....
a ne vaka si go trosite vremeto so razmisli za nekoi bedni luge na koi edinstven uspeh vo zivotot im e da zacnat plod




Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>