Hopeful RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (23.4.2015 15:03:56)
|
butterfly 00, и мене ми беше така пред и за време на ивф-то, едноставно не дека срам или незгодно, ама не сакав да зборам со луѓе на таа тема и да им спомнувам дека сум во ивф фаза. Сите знаеме што значи ивф, колкави се шансите за успех и што има сега да зборам со кого било... За нас знаеја само родителите, 2-3 мои другарки и толку. Инаку, факт е дека луѓе си земаат преголема слобода и одма коментираат, прашуваат, бројат години и месеци како сме во брак, па кој колку години има, и како тоа некои си други веќе имале две деца или правеле не знам што. Не ме интересираше дали е со добра мисла или не, едноставно не сакав да ја споделувам таа мака со секој втор. Како што и пишав, по успешното ивф немав проблем да кажам што и како сме правеле, и низ што се сме поминале, и набрзо потоа увидов дека истата таа слобода, дури и на ниво на дрскост, си ја земаат луѓе и за бременост. Одма се тие знаат, ти не знаеш ништо, одма сите со советите, кој што и колку да јаде, килажа и слично, одма со рацете на стомак, и одма со муабетите за мекици. Аман! Сфатив дека сме толку глупава средина што луѓето кај нас едноставно немаат и не знаат што друго да кажат, па верглаат (за нив) празни зборови колку да се најдат во муабет, без осет како тој другиот се осеќа на таа тема. Затоа, како што тогаш се дистанцирав, така се дистанцирам и сега, и баш ми е гајле кој што збори и ми мудрува - игнор. Во право е капина што вика дека има зошто ни е дадена оваа борба, дека им се дава на оние што се способни да ја поднесат. Ми се чини дека се тоа било некаков тренинг, вежбање или едноставно тест (физички, психички, емотивен, љубовен, семеен, ...) за убавите работи што допрва не чекаат, така што - само напред! Важно сме сите тука една за друга за поддршка, разбирање и држење за рака во најтешкото. Ве гушкам [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|