LoveableMe RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (21.11.2014 14:46:34)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: scared Јас понекогаш се осеќам дека сум потполно сама во ова, биваше ли сите другари на мм да имаат веќе деца или да чекаат, и сите од прва добија дете , и ко за беља живеат блиску до нас [sm=zz_cry.gif] Мислам дека кога ќе ги видам тоа ме дотолчува, јас до душа избегнувам контакт со нив, ама сепак ги сретнувам. Среќа другаркиве мои не се мажени сеуште па со нив некако балансирам, се расположувам, ама се имам чувство дека и они ќе ме претркаат [sm=smiley13.gif] Само на форумов се осеќам меѓу своите, меѓу особи кои потполно ме разбираат како ми е, и многу ми помага тоа, ама кешки да беше така и во моја околина многу полесно мислам ќе го надминував тоа. Но тоа е, ни останува само со сета сила да се бориме за [sm=duda.gif] и знам дека кога тогаш сите ќе си добиеме [sm=smiley31.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: Libra88 Scared, како да се читам самата себе си.. другарите на мм се ожениа со веке бремените невести, а јас уште со немажените другарки си се балансирам, ама веке една по една почнуваат да запливуваат во оние предбрачни води и несакам да помислам како ке ми биде кога некоја од нив ке ми каже дека е бремена. ИЗВОРНА ПОРАКА: scared Исто потполно, едната другарка , која ми е баш најблиска, најверојатно ќе прави летово што иде свадба. Што ако остане одма бремена, како тогаш нејзе да ја избегнувам, не смеам, не можам, срамота е. Толку сме блиски и нема шанси. А, ако не дај боже не забременам пред неа како ќе ми биде тогаш појма немам [sm=smiley13.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful Тешко е, јас сите другарки гледав како забременуваат пред мене, си имаат убави бремености, си се породуваат... Сум била љубоморна, сум се дистанцирала, сум се расправала, што не, пусти хормони и очај. Но, секој со својата среќа. Барем тие што ми се најблиски никогаш не ми правеле муабети од кои ќе ми биде потешко - да се фалат со бременоста или децата, него внимавале и биле повоздржани, што многу ми значи. Е сега, има и од тие другите, што знаат дека имаш мака и лиги ти прават, ама тоа не се ни вистински другарки/познанички, и тоа се откачив. Кога сме соочени со вакви тешки проблеми и ситуации, некако лесно се кристализираат работите - што ти е битно во животот и кои ти се вистинските пријатели. Вие тука сте ми секако едни од нив [sm=smiley1.gif] Во последно време и мене м исе случува, иако не сум таков тип, се плашам да не слушнам некој забременил пред нас, а подоцна од нас правел свадба. Знам дека нема логика туѓата бременост да ми прелил на крај краева сите имаме свој живот, кај некого побрзо кај други подоцна, но ете и мене таков ми е периодот, слаба сум, такви вести во моментов ме дотолчуваат иако порано не реагирав нешто страшно....тоа е, мора да помине, а тука сме да споделиме искуства и да сфатиме дека не сме сами...
|
|
|
|