blue_blue -> RE: Неплодност и туѓа бременост (23.3.2011 9:32:41)
|
Луѓе, прво мора да расчистите со себе зошто сакате дете? Дете не се раѓа за другите да ве прифатат како нормална, за да го усреќите мажот, свекрвата, свекорот, за да имате кого да носите во игротека....Ако го раѓате заради било која од погоре наведените причини вие пак нема да бидете среќни и задоволни - може ќе бидат тие околу вас, мада и во тоа се сомневам зошто од моментот кога ќе го родите детето ќе ви паметуваат дека не знаете како да го смирите кога плаче, дека не го доите како што треба, дека не знаете да го нараните...Истите тие што сега толку се загризени за вашиот добробит да имате дете, ќе ви викаат „е како не знаеш да го нараниш, моето се ми јаде“.... Она што сакам да го кажам, а веќе некаде пиогоре во оваа дискусија го споменав е: смислата на животот на еден човек не е во друг човек, не може смисла на животот да ти биде да имаш дете....Твоето постоење е само твое, се радуваш, живееш за милион работи што те чинат среќна, а далеку било дека еден човек не може да биде среќен ако нема дете. И верувајте дек апознавам парови (нормално не од Македонија) кои не сакаат да имаат деца, ништо чудно не гледам во тоа. А баш ако сакате да знаете имањето деца и не е толку розова работа - демек од кога го земав моето дете во раце рајот го допрев...Абе ајде, во породилна сала со болки, или со анестезија и со милион доктори околу тебе сигурно во рај си била...А да не зборам дека ниту една од сите тие силни душебрижнички нема да ви каже колку пати ги „шутка“ своите деца кај баба, тетка, стрина зошто и е преку глава од нивното плачење, лигавење, инаетење...Така да, уживајте во убавинитие на животот со своите мажи, со вистинските пријатели, со работите што ви причинуваат задоволство, циртајте, пехте, играјте, правете се што ви е убаво и ве забавува, а деца - ќе дојдат тогаш кога најмалку ќе ви биде важно тоа
|
|
|
|