RE: страшно (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


miana -> RE: страшно (2.10.2012 10:44:18)

Македонија: Две и пол годишно девојче - трета жртва на вирусот Западен Нил

Вторник, 02 Октомври 2012 10:23
Македонија

Почина двеипол годишното девојче кое беше заразено со вирусот на западнонилската треска- објави Сител.

Тоа е третата жртва од вирусот во Македонија.

Девојчето кое почина било инфицирано во Македонија а имало и други заболувања.

Официјална потврда од министерството за здравстсво се очекува во текот на денот.




Yummy Mammy -> RE: страшно (2.10.2012 10:59:29)

Lele, ova e stvarno strasno... da si umres od komarec be...

Jas totalno gi ignoriram preporakive zatoa sto mislam deka samo bespotrebno se sozdava mediumska panika. 2-3 lica na teritorija na 2 miliona narod ne e nikakov procent. No, koga ke se stavis vo kozata na ovaa majka, uf... strasno...




Barbicki2 -> RE: страшно (2.10.2012 11:48:46)

luge stvarno strasno da ti umre deteto od komarec,gospode boze,strasno. Isto kako svinskiot grip koga umiraja luge,pa drugata godina nisto nemase..




AnnaMolly RR -> RE: страшно (4.10.2012 12:20:31)

Мајка со дете удрена со автомобил кај „Мајчин дом“


Сообраќајна несреќа се случила пред 20 минути кај „Мајчин дом“ во скопски Аеродром.
Според првичните иформации мајка со дете кои ја преминувале улицата биле удрени од автомобил мрка „Цитроен“.

Со возило на Итната медицинска помош двајвата биле пренесени во болница.

Повеќе детали за нивнта здравтвена состојба и причинте за сообраќајната несреќа од СВР Скопје најавуваат за подоцна.

извор: Курир.мк




Luci -> RE: страшно (17.10.2012 11:36:45)

Млада девојка се фрли од зграда во Козле




miana -> RE: страшно (17.10.2012 11:46:13)

Леле душичка,каква ли мака имала ? Нека почива во мир [sm=smiley13.gif]




kikicka -> RE: страшно (25.10.2012 10:48:27)

Полицијата почнала да го истражува случајот во градинката откако еден татко се пожалил дека неговата ќерка постојано доаѓа дома со модринки и отоци на очите.

-Ја зедов ќерка ми во 17:10 часот. Забележав дека очите и беа отечени и имаше страшни модринки. Од 16 до 16:30 часот ќерка ми беше удрена 70 пати, доби 70 шамари и двапати клоца. Тоа е само моето дете. Некои од дечињата беа удирани дури и по 43 пати, вели таткото.

На безбедносната камера е забележана воспитувачката Ли Џугинг, којашто удира неколку деца. Дури и се гледа како фаќа едно дете за рака и се обидува да го тресне од земја. Вели дека наводно ги казнувала децата затоа што не знаеле аритметика.

-Воспитувачката ги тепала затоа што не знаеле колку е 10+1. Кога ќерка ми рече дека не знае, ја удри по лице со еден учебник, вели ужаснатиот татко којшто го пријави настанот.

Надлежните ја затвориле градинката во којашто има 43 деца, а воспитувачката моментално е суспендирана на 15 дена.

Полицијата истражува и други градинки во градот.

КЛИК




Gardenia -> RE: страшно (25.10.2012 11:18:53)

леле душички како ги мава [sm=zmeden.gif],па оваа ако е воспитувачка[sm=smiley13.gif]




miana -> RE: страшно (25.10.2012 11:25:03)

auuuuuu besilka za ovaa be!!!!!!! [sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif] Lele mori majkoooo,pa zarem ovie deca ne kazuvale doma sto im se slucuva ? ct ct ct




AnnaMolly RR -> RE: страшно (25.10.2012 14:12:45)

Јас ја преведував таа вест и ми одеше да ја фатам воспитувачкава да ја задавам со голи раце. Цел ден сум под импресии од видеото!
Офтопик: Гледам дека читаш Курир, кикичке [sm=smiley36.gif]




lilicka -> RE: страшно (25.10.2012 14:28:46)

Аииииии...дебилкааааа......којзнае како им било на родителите кога го виделе ова видео...!!
Морее да ми е мене под нозе би ја ставилаа......ајј ама се изнеривавв!!![sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif] јадни дечиња[sm=smiley19.gif]




majka na eva -> RE: страшно (25.10.2012 17:05:07)

Аиииииииииииии се наежив...[sm=bad.gif]мислам и моето е меѓу нив[sm=smiley13.gif]како ѓи удира душички.




Maca25 -> RE: страшно (25.10.2012 17:47:53)

ауууу ќе ја обесам да ја видам!!!! ненормална жена!!!![sm=smiley7.gif]




Џесика -> RE: страшно (25.10.2012 18:11:47)

Аууу ми се вришти од нервоза, па дали оваа ја фаќа сон ноќе, како може да спие мирно после ваква случка... па децана како седат мирни, за грев, мамицата ретардирана, како би ја заплескала јас неа еднаш... тажно, ми се плаче кога гледам вака!!!




miana -> RE: страшно (26.10.2012 14:13:39)

Хорор во Њујорк - дадилка на смрт избодела две деца во када
26.10.2012 | 13:13
Свет
Прочитано: 619
Америка е во шок по веста дека дадилка избодела до смрт две деца во нивниот стан на Менхетен. Телата на двегодишното момче и шестгодишното девојче ги нашла нивната мајка во кадата во бањата.

- Ова е најлошото нешто што може да се слушне или да се замисли - изјави портпаролот на полицијата во Њујорк, Пол Браун. Тој додаде дека децата претрпеле повеќекратни убоди и дека се прогласени за мртви на самото место, додека на подот во бањата, каде лежела дадилката, е најден нож со траги од крв.

Полицијата веднаш ја уапсила дадилката која била на возраст од 50 години.

Таткото на децата Кевин Крим, еден од директорите на американскиот канал ЦНБЦ во моментот на случувањето бил на пат.




kikicka -> RE: страшно (26.10.2012 15:07:55)

Леле бее што се случива во светов зљулавеле ли луѓето????[sm=smiley19.gif] Страшноо нешто




dostickage -> RE: страшно (31.10.2012 8:52:46)

Косили е канцерогено и треба да се повлече од продажба!

Првични анализи извршени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, покажуваат дека од 8 испитани мостри, две од нив не одговараат микробиолошки од фирмата Фобас компани, поради изолирани бактерии од родот pseudomonas, species putida

[image]http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/DA25030E1D27BF469421ED849C67EAAB.jpg[/image]Косили е канцерогено и треба да се повлече од продажба, утврди Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Проверките на надлежните институции уследија по информациите во јавноста дека детскиот шампон се продава нелиценцирано, во несоодветни услови и од несоодветни материи. Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во производство на козметички производи: Фобас компани од Скопје, Андрос-фарм ДО Охрид, Алкалоид, Галафарам Интер-козметика ЛТД Доо. Исто така, се земени мостри од промет на мало во трговија и во аптеки. Земени се вкупно 31 мостра за микробиолошка и хемиска анализа, и тоа од производство 3 мостри, останатите од промет на мало. Поконкретно, се земени две мостри од фирмата Фобас компани" и една мостра од Андрос-фарм" ДО Охрид, а останатиот број од прометот на мало.
Првичните анализи извршени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, покажуваат дека од 8 испитани мостри, две од нив не одговараат микробиолошки од фирмата Фобас компани, поради изолирани бактерии од родот pseudomonas, species putida.
Станува збор за условно патогена бактерија, која нема директни негативни последици врз здравјето на луѓето, а изолирана е во број над дозволениот вкупен број во милилитар согласно параметрите дефинирани во Правилникот за добра производствена пракса.
Контролите од останатите три производители покажаа дека истите се согласно законските прописи за добра производствена пракса и дека нема производ кој наликува со наведениот производ Косили.
Затоа, ДСЗИ веднаш ќе ги забрани за промет и ќе нареди нивно поништување.






bombica -> RE: страшно (31.10.2012 15:59:44)

Auuuuuuuuuuu jas go banjam 2-3 meseci maliot so kosili
Pred nekoj den koga mazot mi kupuvase od Zegin ne im stoel na raftovite mu dale od pod tezga i koga prasal sto e rabotava da ne necinat pa gi povlekuvaat mu rekle kao ne navodno se skarale nesto so dobavuvacot pa ke gi vrakale[sm=hudicek1.gif]Lele bezobrazni koga ke im otidam posle lom ke gi napravam[sm=smiley7.gif]




miana -> RE: страшно (9.11.2012 15:33:19)

Mene ova mi lici na strasno....


Katastrofa,pa mislat li ovie roditeli na decava be?? ct ct ct ...Videte na stranata na telma tv ima i sliki od decinjava so kratki rakaccinja [sm=zmeden.gif]
Македонија
09.11.2012
ДЕЦА ИЗМРЗНАА ЧЕКАЈЌИ ГО ГРУЕВСКИ КОЈ ДОЦНЕШЕ 37 МИНУТИ

На 9 степени над нулата, педесетина деца учествуваа во програмата со која се одбележа отворањето на новата градинка „Пампурче“ во населбата Даме Груев.Облечени во куси ракави и тенки блузички, дечињата пееја и играа пред...
slika

На 9 степени над нулата, педесетина деца учествуваа во програмата со која се одбележа отворањето на новата градинка „Пампурче“ во населбата Даме Груев.Облечени во куси ракави и тенки блузички, дечињата пееја и играа пред претставници на Владата и Градот Скопје, но најреспектабилниот гостин, како што го нарекоа од градинката, премиерот Никола Груевски го немаше.Неговото доцнење речиси никој веке не го забележува, но да се доцни 37 минути на настан на кој учествуваат деца на возраст од 3, 4 или 5 години, е вон сите очекувања.

На +9 степени со куси ракавчиња

Учителките се обидоа малку да ги затоплат дечињата, некои добија јакни но не изреагираа родителите. Со громогласен аплауз го поздравија Груевски и покрај тоа што заради неговот доцнење,нивните деца мрзнеа надвор.


Груевски пристигна со задоцнување од 37 минути

Министерот за труд Спиро Ристевски, чија основна задача е да се грижи за најмладите, исто така не покажа загриженост. На прашањето дали е во ред да се доцни, а за тоа време децата да се смрзнуваат, Ристовски одговори дека настанот е премногу свечен за да се потенцира доцнењето.



Ристовски не сака да го потенцира доцнењето

Градинката „Пампурче“ почна да се гради во 2006 година од страна на тогашната влада на СДСМ. Изборите ги дочека во состојба на карабина, а потоа доградбата беше на неколку пати пролонгирана од непознати причини. Во неа ке можат да се сместат 200 деца, има површина од 2500 метри квардатни, а инвестицијата се проценува на 82,5 милиони денари.




AnnaMolly RR -> RE: страшно (9.11.2012 21:19:35)

Учителките се обидоа малку да ги затоплат дечињата, некои добија јакни но не изреагираа родителите

Не дека министерот е цвеќе за мирисање и не го правдам доцнењето, ама на родителите не ли им текна да земат да си ги облечат дечињата, да ги внесат внатре? Јас да оставам моето дете по кратки ракави на 2 степени да седи 37 минути? Па ни за министер ни за никој. Ни 37 секунди. Право под рака и дома.




SkCura77 -> RE: страшно (10.11.2012 2:26:09)

Молам??!!! Кратки ракави и тенки блузички???!!! Па не знам кој да е, не оставам дете така...
А не е крива владата, туку родителите, каде со тој памет?? Гледам на сликине, демек сите во исти блузички и што, ќе се наруши естетиката на изведбата? Глупави се и тие што предложиле децава во ноември вака да се облечени.
А министерот што смета дека чинот е `свечен` и дека затоа изгледа се доцнело, можел да се расоблече и да покаже соучество во глупостите, кога веќе е именуван да ги води...




Maca25 -> RE: страшно (10.11.2012 8:48:00)

Не знам само со кој памет тие учителки и родители ги пуштиле децата надвор од градинката со кратки ракави. Дали се тие нормални!?!??! Не дека ќе го оправдам министер/премиер/кој и да е што каснел, тоа не е дозволено, но јас како мајка ако видам дека детето ми го носат на ова ладно време надвор од градинка без јакна, јас одма зимам детето и надвор од градинка одам.




miana -> RE: страшно (22.11.2012 13:29:07)

Семејно куче убило бебе старо 8 дена

22.11.2012 | 13:12
Извор: Точка
Прочитано: 326 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Хари Харпер починал во болница откако го каснал териер, додека бебето било кај своите баба и дедо. Семејството нема зборови кои би ја опишале болката предизвикана од загубата.

Семејството на новороденчето кое починало после само едно гризнување е очајно. Само осум дена стариот Хари Харпер починал од повреди здобиени од нападот на домашното милениче, териер Џек Расел, додека бил на гости кај баба си и дедо си.

„Немаме зборови со кои би ја опишале болката и загубата која ја претрпевме. Целосно сме уништени“ – изјавило семејството на малото бебе. Од јавноста побарале да ги остават да тагуваат на мира.

Екипите на полицијата и итната помош многу брзо пристигнале во нивната семејна куќа во Шопшир. И покрај големите напори на болничарите да го спасат момчето, тоа починало во болницата. Мајката на момчето Микејла (19) за време на нападот била кај своите родители Гордон Бел (42) и Тереза (40), пишува во Daily Mail.

После трагедијата, била извршена истрага за да се утврдат точните причини за смртта. Податоците со кои полицијата располага во моментов укажуваат на тоа дека за смртта е виновно гризнувањето од кучето. После несреќата, териерот бил успиен.




AnnaMolly RR -> RE: страшно (23.11.2012 15:39:19)

Докторите кои штрајкуваат поради проектот плата по учинок, ги разгневија пациентите.

До редакцијата на Курир стигнаа бројни поплаки од пациенти кои биле враќани дома, поради штрајкот.

-Вчера ја однесов мојата бремена сопруга на Гинекологија бидејќи имаше силни болки. Таму никој не сакаше да не прими, со образложение дека штрајкуваат. Се обратив на одделот каде пишуваше Итна амбуланта, но од таму само ме препраќаа на други места, по разни соби низ клиниката. Кога отидов на тие места, пак бев вратен назад. Немав друг избор, почнав да им се заканувам на вработените, бев испаничен поради состојбата на жена ми која плачеше пред нив од болки. Дури тогаш, кога покажав сила, ја примија на контрола, раскажува за Курир Н.С. од Скопје.

Синоќа на Гинекологија пристигнала пациентка од внатрешноста, на редовна контрола, во шестиот месец од бременоста. Вработени на Клиниката и се обратиле со зборовите „Нели гледате вести, па штрајкуваме, нема да ве примиме“!

Пациентите кои пред неколку недели имале закажан преглед, па во тој термин доаѓаат на клиниките, се враќаат назад. Гневни раскажуваат дека некој си игра со нивното здравје, нерви и пари.

За Курир велат дека докторите не смеат да штрајкуваат на ваков начин, на нивни грб.

-Пред еден месец ми закажаа снимање во „8-ми септември“, па вчера отидов во мојот термин. Ми рекоа дека тоа не важело, бидејќи докторите штрајкуваат, а јас не сум бил итен случај. Како можат да знаат дали сум итен случај без да ми го направат потребното снимање? Сигурно одам на доктор бидејќи имам проблеми, болки. Ова ги преминува сите граници, сведочи за Курир 56-годишен пациент кој инсистира да остане анонимен.

Докторите кои излегоа да штрајкуваат за да не бидат казнувани ако не сработат доволно, ги преминаа етичките кодекси и ја погазија Хипократовата заклетва.

Кај пациентите кои со здравствени проблеми одат на лекар, се создава револт бидејќи се враќани дома. Докторите не отстапуваат од штрајкот.




mosa -> RE: Страшно (1.12.2012 2:01:16)

Четиригодишно дете почина од дизентерија
Epson Pro WP-4025DW
cms joomla
Четиригодишно дете почина од дизентерија

4-годишно дете од Кавадарци попладнето почина од дизентерија на Клиниката за детски болести во Скопје.

Хоспитализирано било околу 13 часот, во тешка здравствена состојба, без свест и целосно дехидридано, тврди директорката Аспазија Софијанова, која најави целосна дезинфекција на установата, бидејќи дизентеријата претставува една од најзаразните болести.

Родителите пак, обвинуваат за лекарска негрижа.



Slusavte li mamicki pocinalo 4 godisno detence od Kavadarci od dizenterija.[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]Na vesti slusnav deka roditelite rekle deka pricinata moze da bide hrana od nekoja sendvicara[sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif].Ova bogami navistina e STRASNO!!!!!




Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>