RE: Страшно (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Gardenia -> RE: Страшно (4.1.2013 14:00:51)

Женски фетуси намерно се уништуваат во Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија?

Станува збор за прекин на бременост, главно под притисок на сопругот и неговото семејство, во случај кога ќе се утврди дека станува збор за женски фетус.Женски фетуси намерно се уништуваат не само во Индија и во Кина, туку и во Албанија, на Косово, во Црна Гора и Македонија, а на тој начин зголемениот број на мажи во општеството ќе има драматично општествени последици и во балканските држави. Тоа се наведува во текст под наслов "Високата технологија исполнува традиционални желби" објавен во "Зидојче цајтунг".
Во опширниот опис се вели дека во Албанија веќе сега на сто новородени девојчиња има 112 машки деца, со што ситуацијата е иста како во Индија, каде таквиот проблем со децении претставува социјален проблем.

Станува збор за прекин на бременост, главно под притисок на сопругот и неговата фамилија, во случај кога ќе се утврди дека станува збор за женски фетус. Но, и за убивање новородени женски бебиња. Ситуацијата не е многу подобра ниту во други балкански држави, пишува "Зидојче цајтунг".

Кристоф Гилмото од Институтот за развој при Универзитетот Париз-Декарт, тврди дека на Косово на сто родени девојчиња има 110 машки деца. Во Црна Гора 109, во Македонија 106. Просечниот сооднос на полови кај новородени деца ширум светот е 100 спрема 105 во корист на машките деца. Тој "вишок" момчиња подоцна се неутрализира поради поголема смртност на машките деца. Гилмото наведува дека "вишокот" машки деца е впечатлив пред се во албанските средини.
- Желбата на родителите да добијат машки наследници е специфичност на албанскиот културен круг, смета тој експерт. Таа желба, меѓутоа, како што наведува тој, не е типична само за муслиманите, туку и за католиците и православните во Албанија.

Во времето на социјализмот во Албанија абортусот бил забранет, а немало ниту пренатални прегледи, наведува весникот.

По падот на режимот, абортус е дозволен до 12 недела од бременоста а на родителите им е овозможен пристап при пренаталната дијагностика.

Гилмото наведува дека "сите гинеколози во Албанија сакаат родителите да го дознаат и полот на детето" и знаат дека често се случува абортус кога ќе се утврди дека бебето е женско. За да се спречи бременоста, многу се распространети и илегалните абортуси во одмината фаза од бременоста.

Според него, развојот на Балканот е "алармантен" поради половата несразмерност и тоа предизвикува мажите веќе не се во состојба да најдат партнерка и да се оженат. Недостигот од жени не доведува тие да бидат згрижени" туку сосем спротивно - насилството кон жените се зголемува.

Во државите со несразмерно поголем број мажи отколку жени како што се вели во студијата на Фондот на ОН за население, растат насилството, проституцијата и трговијата со жени.
Освен тоа, се зголемува и бројот на природни бракови веќе во детството, како и бројот на самоубиства меѓу жените кои не можат да издржат притисок дека мора да родат машко дете.
"Зидојче цајтунг" смета дека со проблемот на намерни абортуси на женски фетуси на Балканот мора да се позанимава и ЕУ, со оглед дека ЕК во октомври препорача преговори за членство со Тирана, Македонија веќе е кандидат, а Црна Гора води претпристапни преговори.Албанското Министерство за здравство кон крајот на 2012 година организираше советување на кое беше и Гилмото потоа беше формирана Работна група која ќе се занимава со проблемот на абортуси на женски фетуси.

Но како што оценува германскиот весник, дури и ако се спроведе успешна акција против тој вид дискриминација, негативните последици ќе се чувствуваат уште со децении.

Зарем во 21-ви век се размислува за вакво нешто,цц страшно




Mihaela 2010 -> RE: Страшно (4.1.2013 14:04:55)

Ehh Gardenija i jas istoto go prativ vo tema masko ili zensko dete....za zal da se cudis...




Gardenia -> RE: Страшно (4.1.2013 14:07:42)

да истовремено сме го постирале,богами за чудење,излгеда на некои луѓе свеста уште не им еволуирала за жал [sm=zmeden.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Страшно (22.1.2013 10:03:00)

Четириесет и шест годишниот Џ.Ш. од Радовиш вчера си го убил осум годишниот син.
Полицијата информира дека таткото и синот во последните пет месеци живееле заедно во неговата куќа во близина на Раклишка Река под полигонот во Радовиш.

Убиството се случило кога таткото со дрвен предмет му нанел повреди на синот во градниот кош и тупаници во главата, по што малото момче починало.

Откако увидел дека неговиот син им подлегнал на повредите заедно со другиот малолетен син и неговиот брат го однеле во итната медицинска помош при ЈЗУ – Радовиш каде лекарите само ја констатирале смртта на детето.

Увид на лице место извршиле увидна екипа, Истражен судија и Јавен обвинител.

По извршениот увид со Наредба на истражен судија телото е предадено на обдукција во институт за судска медицина Скопје каде е констатирана насилна смрт.

Против насилниот татко е поднесена кривична пријава за убиство.

Извор: КУРИР




anaana -> RE: Страшно (22.1.2013 10:14:01)

leleleelelel. bas sega go citav na time.mk se uzasnav
i posle nema da sum za smrtna kazna? pa ke sum fala bogu.
ovoj ne mora ni da se sudi... lele koj budali ziveat na ovoj svet, i najstrasno e sto imaat deca.
au se naeziv :(




sladjana ms -> RE: Страшно (22.1.2013 15:51:20)

A uste postrasno e sto tatkoto i rodninite koi ziveat vo blizina na semejstvoto negiraat deka e taka i velat deka deteto e pocinato od odron od karpi. Uzas do kade moze da odi coveckiot mozok!




miana -> RE: Страшно (24.1.2013 13:07:45)

Дадилка од пеколот во живо – ја снимиле како се заканува на 2 год девојче (Видео)

Кога кај својата двегодишна ќерка забележале агресивно однесување, родителите на малата Саша одлучиле тајно да го снимаат она што се случува во куќата додека девојчето е само со дадилката.

И имале што да видат: жената го удирала нивното дете и ѝ се заканувала на Саша дека ќе ѝ ја истури жешката супа во лице ако одбива да јаде. Родителите одлучиле да го објават видеото како предупредување за другите родители, и велат ова е само мал дел , а во полицијата има многу повеќе материјал.
Семејството живее во Москва, а дадилката е 42-годишната Лариса Зулитскаја, која е инаку наставничка.

„Лариса е чудовиште со две лица. Мислевме вакво нешто постои само во филмови и хорор-приказни“, велат тие. Кога ги виделе снимките, тие биле шокирани од фактот дека дадилката по цел ден гледа телевизија, додека нивното дете е заклучено во кујната.

Дадилката се правдала дека во тој период била нервозна и дека имала семејни проблеми, но не го мислела тоа што го кажала.



Видеото можете да го погледате на MK NEWS и на МКД.МК




zzaa -> RE: Страшно (24.1.2013 13:13:26)

pred 15 minuti go gledav videoto na tocka,neznam so da kazam strasno a devojceto e mirno kako kukla,taa za nisto go udira.covek da go bide strav da zeme bebisiterka.




zzaa -> RE: Страшно (26.1.2013 14:09:44)

Трагично: Со камен ја усмртил девојка му кога му рекла дека е трудна
Адвокатот на лицето од Дубаи, кое е осудено за убиство на својата девојка, го опишал како „најглупав убиец што го сретнал во својата 40 годишна кариера“. Убиецот најпрвин наседнал на приказната дека неговата девојка е трудна иако двајцата немале секс, а потоа откако ја убил, телото го ставил во када полна со вода и ја запалил целата куќа.
Човекот по потекло од Индија, кој работел како готвач кај еден од членовите на владата, ја удрил својата девојка со камен, откако таа му рекла дека е трудна и му се заканила дека ќе го тужи за силување, иако никогаш немале секс. Откако ја усмртил, телото го запалил во када полна со вода, со цел да ги прикрие доказите. Но, иако целата вила изгорела, кадата полна со вода не претрпела никакви штета, како ни телото на неговата девојка, кое поради водата било заштитено од пожарот.
Уапсен е во 2010-тата година, откако го замолил својот работодавец да му помогне да побегне од државата, по што овој го пријавил во полиција.
Убиецот моментално чека изрекување на казната, додека властите се обидуваат да го пронајдат семејството на убиената жена.
Според законот на Соединетите Арапски Емирати, на лицето не може да му се изрече казна, се додека семејството на убиената жена не одговори на прашањето дали сака сторителот да биде осуден на смрт, или пак ќе прифати паричен надомест.




Ikana -> RE: Страшно (26.1.2013 15:00:48)

Zzaa би можела ли да го наведеш изворот на текстот, да не ги доведеме читателите во заблуда дека е твој авторски? Ти благодарам.




miana -> RE: Страшно (7.2.2013 13:26:45)

Дадилка тепа беспомошно бебе (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Едно семејство од Краснојарск се шокирале кога откриле дека нивното бебе било тепано од дадилката.

Тие се посомневале дека нешто се случува, па решиле да постават камера во домот. Тоа што го виделе ги оставило без зборови.

Имено, 55-годишната дадилка, која го чувала нивното бебе, безмилосно го тепала по главата и телото, додека бебето постојано плачело.

Дадилката-монструм го влече бебето за раце, го удира по главата додека тоа неконтролирано плаче, а за сето тоа време таа мирно си гледа телевизија.

Видеото е со вознемирувачка содржина.


Devojki videte na stranata ne vesnikot vecer go ima videoto..Lele jas bi ja ubila na mesto [sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif]




Cipi Ripi -> RE: Страшно (7.2.2013 13:39:40)

Леле јас сабајлево кога го гледав со доручекот пред комплутер ми се пресече јадењето, цел стомак мислам дека на пола ми се пресече. Ужасно! Нешто повознемирувачко не сум видела. Прво си помислив дали се дава смртна казна за вакви? Јас би ја згазила на лице место.




Bisercinja -> RE: Страшно (7.2.2013 13:57:53)

I jas ne znam sto gjaol me natera da go gledam videoto. Posle nekolku saati jas seuste ne mozam da se smiram, nonstop mi e bebeto pred oci, dusice bespomosno. Majki da vnimavame so kogo gi ostavame decata! Ne mi se veruva koj psihopat......




miana -> RE: Страшно (7.2.2013 14:17:47)

Jas nezam kako reagiraat roditelite na ovie deca koga ke go vidat videoto? Dali ja mlatat ili samo prijavuvaat..Jas neznam,nemam komentar..Ovaa da e pred mene,bez razlika sto detevo ne e moe- ke ja zdrobam!!! Ima parce da ja napravam !!!!Psihopatka!!




Ring -> RE: Страшно (7.2.2013 18:53:57)

Зошто го гледав видеото ?[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]
Лелеее, кутрото бебе..очите ми се насолзија, срцето ме стега...душичка...не може да мрдне ![sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]
Се надевам не го чувала многу, дека родителите брзо се освестиле...
Јас да сум ќе ја измлатам убаво и ке ја здрвам од ќотек, и богами ако треба ќе ја лежам во затвор[sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif] ...може сум сурова, ама таков монструм тоа и заслужува.
греота бебенцето!

Веќе не ја отварам оваа тема, стварно се потресов




Maca25 -> RE: Страшно (7.2.2013 20:14:39)

Немојте да го гледате видеото...значи не можам да се смирам откако го изгледав и тоа до пола...ова е стварно страшно [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif] каков монструм е оваа дадилка. јас би ја убила




zzaa -> RE: Страшно (7.2.2013 20:27:57)

go gledav i jas pred nekoj saat,neznam so da kazam,da ne mu se sluci na nikoj,strasno nesto i jas nemozev da si dojdam pri sebe,ovaa zena e direkno za besenje.samo ne mi e jasno koga nema ni lubov ni nervi za cuvanje na deca zosto se nafatila da bide dadilka.Ova so dadilkive stana strasna raboda sekoj den na net vakvi videa izleguvaat,sreka sto na roditelite im teknuva da postavat kameri pa kolku tolku na vreme moze da se spreci nasilstvoto.




Gardenia -> RE: Страшно (7.2.2013 21:23:38)

Леле си се изнаплакав поштено,па оваа јас би ја сварила во казан што врие,ненормално створење,па немора да чува деца ако ја нервираат




anaana -> RE: Страшно (8.2.2013 10:53:32)

jas iskreno ne go dogledav. veke mi bese jasno deka epten ke se voznemiram. ne mi se veruvase..
dobro ne mi e jasno ona go tepa nema li toa nekoj vidlivi tragi na sebe, pa roditelite da zaprimetat nesto.
kako go ostavale so taa bolna zena. kolku bese samo smirena.. ne mi se veruva.
jas ne znam kako bi reagirala da go vidam toa na svoe dete. jas vcera koga go gledav videoto tolku kolku sto vidov, mi se cinese da mi e zenata do mene jas ke ja ubiev. t.e. ne znam dali bi ja ubila, moze bi i go pravela istoto, da lezi na zemja nema da i davam jadenje, a jas ke gledam TV..
za nea ne e smrtna kazna, taa zasluzuva pogolemo macenje, da si go dozivee ona sto im go pravela na drugi... lele kolku bolni lugje ima.




Bogdancanka -> RE: Страшно (8.2.2013 11:11:46)

леле кутрото бебе [sm=smiley19.gif]не ми се верува дека некој е способен да малтретира мало бебе,мислам таа не е човек тоа е монструм незнам која казна би била добра за неа,јас да сум би ја убила на место.




Џесика -> RE: Страшно (8.2.2013 18:53:18)

Ова е второ видео што се појави јавно, како дадилка малтретира бебе, ама ова мислам дека не е толку страшно во однос на она првото, сигурна сум дека го памтите, го има и во темава некаде... Оваа бабускерава го плеска по главче, ама онаа првата, побаеги го млатеше, е на тоа видео се расплакав и утробата ми се прврте, и таа бабетина во климакс... па сеа што е поарно, дадилка млада и неискусна, или стара, искусна и живчано пореметена.... ГАД!




miana -> RE: Страшно (20.2.2013 9:18:32)

Се обидела да си го убие детето затоа што личело на свекрвата
Мајка на седумнаесет месечното девојче, го ставила бебето да замрзне во собата, затоа што не и се допаѓало тоа што бебето наликувало на нејзиниот сопруг и свекрвата
Полицијата ја пронајде малата Изабела Скинер,заклучена во соба и замрзната. Според наодите, мајката ја заклучила и ја вклучила климата да дува поради што бебето се смрзнало.

Малата Изабела, поради хипотермија била однесена во болница во Флорида, но за жал нејзината состојба е многу тешка. Таа толку била смрзната што докторите не можеле да и ги исправат нозете, кои малечкото девојче ги “стуткало” за некако да се затопли.

Нејзината мајка, Алиша Скинер (22) бебето го мачела и злоставувала со недели, обидувајќи се да и се одмазди затоа што личи на нејзиниот татко и баба. Не и ги менувала пелените, ја оставала долго време без храна а потоа насилно ќе ја нахранела.

Во станот каде бебето живеело со својата мајка, полицијата пронашла бебешки шишиња полни со црви.

Бабата на девојчето, Ронда Меисер, потврдила дека бебето личи на неа и дека на мајката тоа многу и пречело.

-Има кадрава коса како мојата. Личи на мене и на мојот син. Тоа е причината поради која Алиша го направи ова-истакна Меисер, која заедно со синот се бори за старателството над малата Изабела.

Извор- Нова Македонија




miana -> RE: Страшно (21.2.2013 8:30:19)

Во Нови Сад се роди бебе зависник од хероин


Бебе со знаци на наркоманска криза се родило во српскиот град Нови Сад и е згрижено во Институтот за здравствена заштита за деца и младинци во Војводина.

Бебето веднаш по раѓањето било упатено на терапија заради исклучително тешката клиничка слика.


Ова не е единствен ваков случај, минатата година во Нови Сад се родиле пет вакви бебиња, јавува Блиц. Бебињата запаѓаат во апстиненцијална криза бидејќи нивните мајки користеле наркотици за време на бременоста.


„Бебето во апстиненцијална криза има грчеви, многу е раздразливо и непрестано плаче. Има пореметување во исхраната, отежнато цица, кратко спие и се разбудува неполн час по исхраната, отежнато дише, често се поти и има зголемена температура" вели Наташа Сташук, педијатар од Клиничкиот центар во Војводина.


Ако мајката последната доза дрога ја зела во последните седум дена пред породувањето, според Сташук, тогаш симптомите на апстиненцијална криза ќе бидат поизразени.


„Во тој случај бебето веднаш го подложуваме на лечење со таблети. Бебето кое се лечи од апстиненцијална криза се отпуштаат од породилното 72 часа по земањето на последната доза на лекот" вели Сташук.


Таа појаснува дека мајката зависник нема обврска да каже дали користела опијати, но на лекарите би им било многу полесно ако го знаат тоа.


"Добро е да знаеме за да ја тестираме мајката на ХИВ и хепатитис Ц и за да знаеме дали може да го дои детето" вели Сташук.


Психијатарот Небојша Барачков кои со години работел во Метадонскиот центар КЦВ со мајки зависнички, вели дека растењето на дете чија мајка користи хероин е непредвидливо и проблематично.


„Бебето може да биде загрозено бидејќи нема да го добие потребното внимание. Родителите зависници последните пари ги даваат за хероин, а не за потребите на детето" вели Барачков




Cipi Ripi -> RE: Страшно (28.2.2013 14:08:08)

Триесет и осум годишната Ретно Пурванти ги врзала рацете и нозете на своето дете и го удавила во када во нивниот дом во Џакарта

Откако го сторила ваквиот монструозен чин, таа самата се решила да отиде во полиција и да го признае убиството.

–За момчето е подобро да биде мртво, отколку да има мал пенис, изјавила таа за своето дете, на кое во декември му бил извршен сунет.

Од полицијата сметаат дека жената немала никаква друга причина да го изврши убиството и дека ќе мора да биде подложена на психијатриска анализа.

Цццц, до каде отидоа мајките на овој свет!!!




Octavia -> RE: Страшно (27.3.2013 14:27:56)

Никола Младенов загинал...




Страница: <<   < Претходна страница  16 17 [18] 19 20   Следна страница >   >>