miana -> RE: Страшно (9.4.2013 14:23:51)
|
Живо машко бебе фрлено во сеемен двор пред два дена беше пронајдено во скопско Арачиново. bebeto Бебето кое има едвај два килограма, било жртва на ѕверско и невидено човечко изживување, му бил пресечен јазикот и нанесени му се тешки телесни повреди. Психолозите и лекарите се згрозени од состојбата на бебето, велат дека е ова уште еден доказ дека човечката плодност може да биде и проклетство. - Станува збор за машко бебе, тешко е 2.380 грама. Бебето се наоѓа во критична состојба и е ставено на апарати. Иако сум лекар, се вознемирив кога ја видов состојбата на бебето, имаше пресечен јазик и модринки на вратот што укажува дека се обиделе да го дават. И да остане живо, во овој момент никој не може да потврди каква ќе биде неговата здравствена состојба понатаму, вели Аспазија Софијанова, директорка на Kлиниката за детски болести за Дневник. Од МВР за весникот велат дека иако многу ретко, сепак се случуваат чедоубиства, а имале првични сомневања дека злосторството го направиле родителите. Психолозите коментираат дека чедоубиство го урива еден од највпечатливите митови на нашата цивилизација, митот за мајката. Душко Миновски, државен советник во Министерството за труд и социјална работа вели дека по закрепнувањето, бебето најверојатно ќе оди во домот за доенчиња во Битола. - Штом ќе се стабилизира и откако ќе се утврдат сите факти за злосторството и за неговите родители, како една од можностите е постапка за посвојување или згрижување во дом-семејство. Ќе му се даде име и ќе почне нов живот, вели Миновски за Дневник. izvor - Kurir
|
|
|
|