mommy_angels RR -> RE: страшно (19.1.2016 22:11:44)
|
Јас овде ќе напишам,зашто не знам каде на друго место,ама за мене ове е многу страшно и ептен се изнервирав. Денес мм и ќерка ми се шетале и се сретнале се нчегов колега кој бил со куче -германски овчар. Ја држел ќерка ми во едната рака,а со другата се поздравувал со колегата. Во тој момент од позади скокнало кучето и дирекно за ножето на детето. Среќа што носела пошироки тренерки па фатило за нив. Тренерките и хеланчињата под нив беа со дупка околу десетина сантиметри и парчето го нема. Живо чудо е што на ножето нема ништо,а среќа и што е мала па се се случило толку брзо што едвај се освестила за ситуацијата( душичка беше загрижена што кучето и ги искинало новите тренерки што чиче и ги купил минатата недела). Е да ви кажам денес многу ми е криво што мм не е импулсивен и намќор,па во тој момент не ги задавил и кучето и газдата со голи раце. А тој па будала се извинил и си отишол,па не се ни јави да праша како е детето. И сега во целата ситуација кучето е виновно 50%,а сопственикот 150%. Ни едно животно не се однесува вака ако не е вака тренирано. Јас не разбирам зашто креираат ѕверови,па и толку голем морон да биде па да не се ни јави,а не дај боже па да дојде да праша за детето. Ми иде да го пријавам,ама после ќе треба со мм на голема да ја тераме
|
|
|
|