mis. -> RE: страшно (2.3.2010 20:42:36)
|
Уште една родилка почина во болницата во Прилеп. 32 годишната Јасмина Богданоска била примена на 23-ти февруари кога била и породена со царски рез и на свет донесла здраво машко дете. На 1-ви март состојбата драстично и се влошува, бидејќи конзилиумот на лекари од болницата не можеле да ги откријат причините за ситуацијата помош побарале од Гинеколошка клиника Скопје. Бидејќи Богданоска не била веќе способна за транспорт, по препорака на Гинекологија, подложена е на нова операција со сомневање дека има сепса, но и покрај се таа починува.„Уште еднаш направивме итна операција за да ја отстраниме матката како можно жариште на проблемот, после операцијата ситуацијата се стабилизира, но за жал само на кратко време, на неколку саати, по што пациентката почина“, вели Љупчо Соколоски, Началник на гинеколошко одделение.Денес во болницата во Прилеп затворени се сите операциони сали и се до добивањето на резултатите од брисевите, земени од сите вработени и работни површини, ќе се прават само итни операции. Поради проблемите во Гинеколошкото одделение уште пред една недела повикале Комисија од Министерството за здравство за да го утврдат тоа. Таму дел од апаратите се стари со децении, нема доволно кадар, а состојбата со санитарните чворови е вистинска катастрофа. „Реално потребни се некои покрупни интервенции да се направат, санациони активности и градежни, да се купи нова опрема, за да може да бидеме обезбедени дека работиме во современи услови вредни за 21 век“, изјави Бојан Ристески, директор на Општа болница Прилеп.Во текот на денот врз телото на Богданоска ќе биде направена обдукција. За 3 месеци ова е трет случај на родилка од Прилеп која починува под сомнителни услови.
|
|
|
|