delfinka -> RE: страшно (24.2.2010 14:04:47)
|
segde pisuva razlicno,eve ovde stoi informacija deka otisla majkata da gi narani jagninjata.... Светлана Ристеска Јулијана Ивановска Деветмесечната Билјана Кулеска, чиешто тело е речиси целосно изгорено во несреќен случај во семејната куќа во прилепското село Штовица, се бори за живот во Градската болница во Скопје. Според доктор Виктор Камиловски, директорот на болницата, бебето има сериозни изгореници од главата до нозете и е приклучено на респираторни апарати, а крајниот медицински резултат не може да се каже каков ќе биде. Детето прво било однесено во прилепската болница, од каде што по укажаната прва помош и поради сериозноста на повредите итно е пренесено за Скопје. - Изгорениците беа на површината на телото и во длабочина. Заради сериозноста на состојбата веднаш е префрлено во Скопје - вели д-р Димитар Младеноски, началник на хируршкото одделение на прилепската болница. Откако лекарите од скопската Градска болница го примиле детето веднаш го пренеле на интензивна нега и го приклучиле на апарати за дишење, а во меѓувреме извршиле повеќе зафати. - Детето е донесено во болницата во тешка состојба, со сериозни изгореници и со 80 проценти оштетена кожа. Изгорениците се од втор и од трет степен. Изгорена е кожата на главата, лицето, вратот, градите, половите органи се до нозете. Од вжештениот воздух што ги вдишало детето се направени компликации на градите, а токму ова е опасно за детето - вели доктор Камиловски. Немилиот настан се случи завчера попладне, околу 16 часот, кога мајката Марта Кулеска (36), инаку од Албанија, околу 15 часот излегла од домот со намера да ги нахрани јагнињата и ги оставила двете деца, тригодишната Ангела и помалата Билјана. Таткото Гоце Кулески претходно излегол на нива каде што ги пасел овците. Тригодишното девојче останало да си игра со мачките, додека бебето било оставено да спие во лулка, во близина на шпоретот. - Бев во шталата да ги нахранам јагнињата. Слушнав како Ангела вика и дотрчав. Кога се вратив видов дека бебето гори. Се стрчав да го спасам. Со голи раце го извадив надвор. И рацете ми се изгорени. Што се случи, не знам - вели мајката Марта Кулеска. Дека настанот бил страшен говори и сосетката на семејството Кулески, Илинка Мирческа, која притрчала да им помогне. - Викнаа мајсторите што работа кај црквата и веднаш отидов да и помогнам и што да видиш, детето гламја црно. Ги гледа децата колку што може сама, а мора да оди и да ја пасе стоката - вели Мирческа. Прилепската полиција почнала истрага и најавува пријава за запуштање и за малтретирање малолетно дете. - Кога мајката се враќала дома слушнала дека плаче тригодишното девојче, кое и раскажало дека сестричката гори. Кога мајката влегла во собата, забележала дека бебето е целосно во пламен. Се обидела да го подигне, при тоа изгорувајќи се. Успеала да го изнесе бебето, да го остави во трлото и почнала да плаче и да бара помош. Ја слушнала сосетката, дошла и повикале итна помош - вели Ѓоко Стрезовски, портпаролот на СВР Битола. Семејството Кулески живее од социјална помош од 1.000 денари и од одгледување овци. Во куќата во која живеат нема ниту електрична енергија ниту вода.
|
|
|
|