Adrijana -> RE: страшно (23.2.2010 21:29:41)
|
Се запали бебе од шпорет на дрва Трагедија во семејството Кулески од прилепското село Штавица. Нивната едно годишна ќерка Билјана вчера попладне била целосно изгорено додека спиела во своето креветче во близина на шпоретот на дрва. Во моментот на пожарот таткото бил излезен со стоката, а додека нејзината мајка била во шталата. Кога се вратила дома после 2 часа забележала дека Билјана целосно е во пламен, ја извлекла од собата во дворот, но веќе било доцна. Не знаат како се случил пожарот, велат дека детето постојано спиело покрај огнот за да му биде топло. Денеска се уште беа свежи трагите од изгорената облека и кожа од детето во дворот каде соседите се обидувале да го изгаснат покривајќи го со кебиња. „Јас бев во шталата за да им дадам храна на јагнињата, кога се вратив видов дека нешто гори, еве и рацете ми се изгорени и мене додека се обидував да го извлечам детето од внатре, што се случи не знам“, со солзи кажува Мартина Кулеска, мајка на детето. „Детето целото беше изгорено, на рацете, на лицето, окото не му се познаваше, на болница му ги сечеа алиштата и косата за да го лекуваат, докторите ми рекоа дека ќе биде многу тешко за да преживее“, вели Гоце Кулески, татко на детето. Веднаш било однесено во прилепската болница од каде пак поради тешките повреди е префрлено во Градската болница во Скопје, каде малата Билјана се бори за живот и неизвесно е дали ќе преживее. „Детето имаше доста голема површина на изгореници и доста голема длабочина на изгореници, целото тело беше опфатено, главата, трупот, екстремитетите, а изгорениците беа од втор и трет степен“, изјави Димитар Младеноски, Началник на Хируршко одделение прилеп. Од полицијата денеска пак најавија дека ќе бидат поднесени кривични пријави против родителите. „Против родителите ќе биде поднесена кривична пријава заради основано сомнение дека се работи сторители на кривично дело, запуштање и малтретирање малолетно лице“, истакна Ѓоко Стрезоски, портпарол на СВР Битола. Сега останува судот да утврди дали родителите имаат вина за целиот настан или пак случајот ќе се регистрира како несреќа.
|
|
|
|