andrijance90 -> RE: Полицистични јајници (29.5.2013 10:56:07)
|
И јас имам полицистични јајници откако знам за себе, нередовен мензис чудо е да добијам природно, тенок ендометриум, зголемена влакнавост на лицето. Хормоните биле добри, но од пред месец дена ми открија покачен пролактин од кај ова кој знае [sm=zmeden.gif] Сега сум на терапија со Достинекс. Имам пиено Диане 35 , 3 месеца ама многу лошо ги поднесував и прекинав, имам пиено и примолут нор ама џабе не помага. Читам тука за капкиве Фемисан А прашувате, епа да ви кажам дека ги пиев и нив 4 месеца ама ни тие не помогнаа, пиев и чај (ајдучка трева,кантарион,невен,коприва) ни тој не помогна, пиев и едни женски капки од херба стојанови и тие не помогнаа [sm=smiley19.gif]Така да кренав раце од природното. Ми се јавија и проблеми со бактерии па ете сега со нив се занимавам и не ни можеме да пробаме за бебче, потајно имам надеж дека ете може ќе се фати [sm=smiley13.gif] СЕкој ден сум се повеќе и повеќе разочарана и паѓам во депресија, откако знам јас се сум по лекари а лек нема [sm=smiley13.gif] Инаку испитав и скриен шеќер беше во нормала, и секогаш сум си била јас слабичка ама последнива година ипол малце се поправив, ама мислам дека тоа е од што сум ептен по благото [sm=smiley36.gif] сега веќе цел месец не јадам ништо благо, и моментално сум на терапија со информодијагностика ( покрај достинексот) се надевам дека и јас ќе видам еден ден [sm=rozacrtici.gif]
|
|
|
|