ANA81 -> RE: Полицистични јајници (14.9.2013 23:32:35)
|
Здраво девојки. Нова сум на форумот, но би сакала да го споделам со вас и моето искуство со полицистични јајници.Имам 32 години а дијагнозата полицистични јајници ми беше воспоставена на 24 години.Почнав со таблети Диане па Јасмин кои ги пиев (со мали прекини) околу 3 години, но мислам дека тоа беше само привремено олеснување на симптомите на PCOS и ништо повеќе.Потоа бидејќи се омажив и сакавме дете, почнав со Метформин (Глукофаж).Не знам дали беше од метформинот но јас верувале или не од прв обид останав бремена, бременоста ми помина во најдобар ред и сега веќе имам прекрасно 4 годишно синче.Меѓутоа од кога престанав да го дојам син ми-5-6 месеци по породувањето, мојот ендокринолог повторно ми ја продолжи терапијата со метформин, алдактон и еутирокс (затоа што кога забременив ми беше дијагностицирана хипотиреоза) што значи дека јас веќе 3 години и повеќе континуирано сум на оваа терпија.Иако знам дека за нашава состојба лек нема, односно дека се се сведува на држење под контрола на некој начин на болеста и ублажување на нејзините симптоми сепак сметам и дека не е воопшто добро континуирано да се земаат овие апчиња и тоа до бесконечност.Сум пробала на своја рака да ги прекинам повремено по 1 месец, но забележувам дека тогаш влакнетоста се враќа во многу поизразена форма.Затоа би ве замолила за совет, доколку имате вакво слично искуство со долгогодишно примање на оваа терапија да пишете дали постои друг(природен) начин за конторлирање на болеста, без да се примаат лекарства.Мојот ендокринолог кога одам на контроли ми кажува дека мора да се зема терапијата, но јас се чувствувам навистина презаситено.И би ве замолила подетално да пишете за чајот од ајдучка трева, невен, коприва и кантарион, околу неговата подготовка (видов дека некој пишал во еднаков сразмер да бидат сите чаеви, но дали се мери по една кафена или голема лажица од секој чај), како и колку количински се пие дневно и дали континуирано се пие (односно дали и за време на циклус) и колку долго треба се пие овој чај за да се осети ефект. Однапред благодарам, и за сите Ваши прашања Ви стојам на располагање, и искрено се надевам дека ќе си помогнеме меѓусебно.Се надевам и дека моево искуство со лесно забременување ќе ги охрабри и утеши сите членки на форумов кои гледам дека имаат потешкотии со забременувањето.Поздрав до сите.
|
|
|
|