LoveableMe RR -> RE: Полицистични јајници (3.1.2014 14:07:09)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica СИМПТОМИ НА СИНДРОМОТ НА ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ ИЛИ ПЦОС Жените со синдром на полицистични јајници имаат барем неколку од следниве симптоми: - Нередовна менсруација. Ова е најчестиот симптом. Менструацијата се јавува на растојанија поголеми од 35 дена, често пати може да изостане со месеци. Нередовните менструации можат да се јават од пубертетските денови или пак да започнат после зголемувањето на телесната тежина.
- Зголемено ниво на машки хормони, што од своја страна предизвикува: зголемена влакнавост, опаѓање на косата, акни и сл. Но не сите жени со ПЦОС ги имаат изразено овие симптоми.
- Односот на лутеинизирачкиот хормон (LH) и фолукулостимулирачкиот (FSH) е 2-3 пати поголем во корист на LH.
- Зголемени јајници со многубројни цисти. Оваа појава може да се забележи на ултразвук. Но има жени кои имаат јајници со оваков изглед, а го немаат синдромот на полицистични јајници. Исто така има жени со ПЦОС кои немаат овакви јајници.
- Неплодност. Често пати кај жените со ПЦОС има отсуство на овулација, односно не созреваат јајце клетките.
- Прекумерна телесна тежина.
- Темни флеки на кожата на вратот, под мишките, на внатрешноста на бедрата, под градите и на вулвата.
- Дијабетес тип 2 или пред дијабетес. Се карактеризира со неспособност на организмот добро да го искористува инсулинот, односно во организмот постои нечувствителност на инсулин. Уште е наречен скриен дијабетис или нарушена способност на организмот за толеранција на глукоза. Во нормални случаи кога има вишок на шеќер во организмот, инсулинот прави тој да се складира. Со тоа нивото на шеќер се одржува исто. Кај дијабетис тип 2 ова функција е нарушена и нивото на шеќер во крвта после оброкот значително расте. Се испитува со тест на толеранција на глукоза.
- Висок крвен притисок.
ПОСТАВУВАЊЕ НА ДИЈАГНОЗА За поставување на оваква дијагноза е потребно да се проучат клиничките симптоми кај жената, да се направаи ултразвучен преглед, како и лабораториска анализа на хормоните. Можат да се направат и дополнителни тестови за толеранција на глукоза и присуство на маснотии во крвта. Раната дијагноза е од голема важност за да се спречат подоцните компликации како: дијабетис или срцеви заболувања. ЛЕКУВАЊЕ НА СИНДРОМ НА ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ Лекувањето на жените со ПЦОС се состои во лечење на конкретните проблеми. На пример се превземаат мерки ако се работи за неплодност, се земаат други лекарства ако се работи за акни ит.н. Долгорочно многу е важно да се намали ризикот за: висок крвен притисок, висок холестерол во крвта, срцеви заболувања, зголемена телесна тежина и дијабетис. Медикаменти за регулирање на менструалниот циклус: Контрацепција. Ако не се обидувате да останете бремени, докторот може да Ви препише контрацептивни медикаменти. На овој начин се намалува количината на машките хормони, а се намалува и ефектот од преголемото количество на естрогени. Ова ќе ги намали шансите за појава на ендометријален рак или ненормални крварења. Прогестерон. Алтернативен метод е да земате прогестерон (најчесто Дабростон или Примолут Нор) во втората половина од циклусот, секој месец. Ова ја регулира менструацијата и ги намалува шансите за ендометријален рак, но не го намалува нивото на машките хормони. Третмани за постигнување бременост: За да забремените потребно е да се постигне овулација. Често пати овулација се постигнува со користење на Кломифен. Кломифенот е хормонален препарат, кој се зема 5 дена во првата половнина од циклусот, најчесто од 5-9 ден или од 3-7 ден. Ако лекарот увиди дека не се постигнува овулацијата, може да Ви препише и Метформин. Кај повеќето жени е ефикасна терапијата со Кломифен или комбинацијата со Метформин. Ако не се успее и на овој начин, се даваат гонадотропини во вид на инекции. Доколку не се успее да се предизвика овулација со медикаменти, се прави т.н. дренажа на јајниците. Тоа се изведува со лапароскопска операција, при која се прават убоди со струја или ласер, на површината на фоликулите на јајниците. На овој начин се уништуваат делови од јајниците, но се овозможува овулацијата. Успешноста на операцијата е поголема кај жени, кои телесната тежина претходно ја довеле во нормала. Медикаменти за тип 2 дијабетис: Често се употребува метформинот, за кој исто е утврдено дека после неколку месечна редовна употреба, позитивно влијае и врз овулацијата,. ЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВОТ Од примарна важност при третирањето на ПЦОС е водење на здрав начин на живот: - Редовно вежбање. Често пати редовното вежбање е единствен начин кај жените со ПЦОС, за справување со нетолеранцијата на гликоза. Со вежбањето доаѓа до искористување на вишокот шеќер во крвта. Колку повеќе вежбате, толку подобро.
- Намалување на телесната тежина. Одржувањето на нормална тежина, често пати е најсигурен начин за да се избегнат другите симптоми на ПЦОС. Често пати жените со преголема телесна тежина ако ослабат, повторно може да ја повратат овулацијата или да се ублажат другите симптоми. Зголемената телесна тежина може да биде одлучувачки фактор и за појава на дијабетис тип 2.
- Јадете интегрални житарки, мешункасти растенија, кафеав ориз, многу зеленчук, овошје и друга храна богата со растителни влакна. Колку побавно храната се преработува во желудникот, толку побавно се зголемува и концентрацијата на шеќери во крвта, што е многу важно заради опасноста од дијабетес.
- Избегнувајте едноставни шеќери како: слатки, газирани сокови, премногу овошни сокови и сл.
- Избегнувајте храна богата со маснотии.
- Доколку пушите, престанете.
- Исфрлете го алкохолот.
- Не заборавете ги редовните лекарски контроли, на тој начин можете да спречите многу од можните компликации кај ПЦОС.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Dimitrina [align=left.... Имав многу безуспешни обиди да забременам во текот на 1 година од бракот, потоа уште една година бев подложена на разни протоколи за забременување (кломифени, пурегони, прегнили и сл), имаше овулација по вештачки пат, но бебе немаше[image] Потоа, јас работата ја зедов во свои раце, консултирајќи разни студии на Интернет....и почнав (скоро целосно на своја рака) да пијам МЕТФОРМИН.... кој ми помогна да си ги вратам овулаторните циклуси, и по 6 месеци пауза со секакви лекови (исклучиво метформин, намалување на телесната тежина за цели 10кг и пиење на чај ВРКУТА или МАЦИНА ТРАВА) јас останав бремена и ја имав најлесната бременост на свет и го родив моето најмило детенце..... ИЗВОРНА ПОРАКА: Dimitrina .......Значи, пред да направам било што на своја рака, јас нормално, во консултација со мојот гинеколог, ги направив сите можни испитувања (иако сите ми се смееја дека треба да чекам барем една-две години). Значи приказната беше ваква: - Испитувања на хормоналниот статус на 3, 15 и 21 ден од мензис= малку покачен тестостерон и намален прогестерон (индикации дека станува збор за ановулаторни циклуси, и тоа не секогаш) - Спермограм- кај сопругот се беше ок -Почнат протокол со кломифен (кој треба да предизвика овулација) и следење на растот на фолекулите= со секоја доза на кломифен (и тоа најмала) јас имав овулација, но бебе немаше. - Два циклуса под терапија со пурегон (малку појаки хормонални лекарства)= Овулација +, бебе- - Испитување на проодноста на јајцеводите- се е ОК На мојот доктор му спомнав дека сум читала по интернет или по формуми за Метформинот, но тој некако беше не баш среќен за оваа идеја и ми рече да отфрлам стрес и дека здравје боже за некои 6-7 месеци да се обидам со вештачко оплодување. Потоа правев четири месеци пауза, почнав да водам малку поздрав живот и да ги пијам метформинот на своја рака (ми ги препишуваше општиот матичен доктор), одат на рецепта и чинат околу 20 ден (што е ништо во споредба со стотиците евра кои ги дадов за пурегоните и сл. препарати).
|
|
|
|